Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    За Гелев не ме чуди,кога требаше да вадам транкрипта за Америка кога Љубиша не сакаше да ми извади, Гелев беше прв што ми рече дека ако не ми даде во рок од 7 дена да го викнам него. Општо борбен е,има свој став и не е политизиран. Тука е за нас како што треба сите да бидат.
    Ова е апла ново,најтазе. Не знам што да кажам. Срамота.
     
    На kjukli и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме утре што ќе објават, сигурно ќе кажат нешто повеќе, ова на кратко беше само неговата изјава. А Гелев мене ми беше ептен топ професор, јас кај него немам испуштено предавање. Дури и жал ми беше што и даваше некои од предметите на Билјана да ги држи, па она доаѓаше :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.679
    Наводно :) Гелев и Тасковска беа професори и пред 10 години, кога јас дипломирав. Тасковска само што вратена од странство, кога ја натепа некоја бриселска парламентарка, Гелев со цигарите кои ги пушеше на предавање и ги гасеше на земја :) Ене ми ги потписите во индекс, деветка и десетка.

    Како може сега да не сака да ги вработи, не ми е јасно кога од време беа вработени. Мислам дека е нешто друго. Мислам дека мандатот му истекува, па да не биде заменет, сам дава оставка. На новинари многу многу не верувам.

    Мислам дека јас кога дипломирав Бајалџиев беше декан, или Гале Галев... Се собираа потписи за Мицајков, се викаа телевизии, од 700 студенти во една година 8 положија Филозофија на право. Се купуваа книги на рака во кабинет, 1500 книга, се даваа пари по 800 евра на автомеханичари да ги дадат на професорите за шестка... Се полагаше испит кај Родна од 8 сабајле до 10 вечер, тетката на студентски викаше дека провинцијаките треба да се избркаат од факултет, за селанки не бил факултетот, сме имале ниви, не можеле сите да се дами :) Ех, времиња :) Партиципација од 800 евра, книги на српски, семинарските беа преводи на книги по барање на професорот, од кои професорот си правеше книга :)
    Гелев ставаше десетки на сите, не требаше да се учи. Добар дел во индексот само од него имаа десетки.

    Другарка ми прва дипломирана во генерација, на крај на мај, а прва сесија ни беше јуни. До јуни никој немаше испит, а она поради просек можеше да полага предвреме. Во мај оди да поднесе барање за уврение, и рекоа да се провери дали е ментална :) Поликсена спиеше на испит. Буквално.

    Што ми текна вака навечер на студентски денови и скршена студентска врата, еве не знам :) Онаа дрвената, кога немааше електронски пријави, кога се работеше 2 саати на ден, кога сите нагрнаа и ја скршија, ја откорнаа од ѕидови, па тетките се разбегаа на сите страни. Онаа малата викаше, кој не е задоволен, ајде надвор, ќе се тепаме :)

    И ми текна дека на куп студенти на крај ни ставија оцени од око, ти си положил со 10ка, они ти пишале во пријавата шестка, си положил со седум, ти стаиле девет :) Нема врска едно со друго. Се жалиш и ти викаат, преполагај :) Е да бе, пола месец си частел дека си дипломирал и сеа ќе преполагаш за испит во прва за да ти остане десетката. Си викаш, пиши таму шеска и да не ве гледам веќе никогаш...Немаше електронски да се потврдиш.

    Сеа се е сменето, нови генерации :) Ама моја нога веќе во тоа коруптивно дувло, кое се немаше сменето ни пред некоја година кога магистирав, не оди :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Cka не наводно тогаш биле или вондредни професори или доценти. Прво од асистент си доцент неколку години(звање помлад професор па после треба да те изберат за професор).
    За десетките на Гелев знаат и врапчињата на гранките, ама никој не збори за материјалите кои ни ги праќа он. Значи ми има пратени преку 30 книги за мојата магистерска, нит ми е ментор нит ништо.
    Плус што редовно ни праќаше материјали за се, да ги имаме да ни се најдат. Предавања му се интересни плус не тупи со часови а ништо да не каже.
    Сепак многу повеќе пофални зборови имам за него отколку за Арсен или онаа на Арсен продиџито Зороска Камиловска. И повеќе паметам од неговите предавања него од нивните.
     
    На SuperGirl24 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.679
    Поим немам, знам дека они ставаа оцени тогаш. Гелев не даваше материјали порано, кога носевме семинарски ги фрлаше во канта пред нас, уште не излезени од канцеларија :) Ама никој ништо не викаше, оти на испит сите десетки добиваа :)

    А Тасковска како што читам, ништо не се подобрила http://neutralec.blogspot.com/2013/10/blog-post_18.html

    И десет години они се асистенти? Смеат асистенти да ставаат оцени во индекс?! Како ми ставиле оцени тогаш?

    Јас на правен си ги знаев професорите, на другите не верувам дека им е подобро :) Јас бев во таа генерација кога колешки ми се плеткаа со професорите, една се омажи со Фрчковски, друга по некоја година со некој друг :) Добро, беа и они помлади тогаш, ама колешките па по 22 -23 години. Сега да испадне некој скандал таков, светот ќе разбере :) Тогаш беше право на професорот да му е девојка студентката :)

    Не знам само дали најпосле Мицајков отиде пензија, знам многу колеги што си отидоа од факултет заради него. Од Арсен од стрес бувално имам повраќано, ама ден денеска знам вонпарнично, извршно гпп, со неговите примери. Како и да е факултетот е стрес што не би го минела пак.
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.750
    Пол:
    Женски
    За ова со материјаливе скроз се слагам со Хипетер .Баш вчера вечерта му пишав маил на Гелев утрово повратно преку милион материјали за учење и објаснето што од каде да учам.Да бидеме реални асистент не ти врака на маил кога ке го прашаш нешто во врска со матерајали а не па професор да се замара. Затоа го сакам Гелев никад не гледа од високо на студентите и не замара како што знаел Мицајков или Родна на времето кога полагавме кај нив. Дали се замара со студенти или не не знам ама ако ништо повеке увек е спремен за соработка за се што треба што 90 посто од професорите на правен не се . Мицајков коа полагав кај него памтам што вика Цка од цела генерација дали 10 души имаа положено вовед во право,на есеј ги цепкаше поените и никој повеке од 4 поени немаше,на другар мој на положен испит му бараше 600 евра донација за книга да даде. Многу клето створење беше дебелиот. За Донка на студентски ич уста не ми се отвара покатил женче нема од нејзе.Работа никако нема да ти заврши ако нема некој да и свика од Деканат у спротивно ке те руга и ке ти збори -Јадам не ми го ремети раат. Мислам шта речи. Само ради вакви работи го мразам нашиов факултет.Тие глумења Господ на поеднци и теророт на студенстки секоја Божја испитна сесија.Драги ич не го ни ставам у муабет за него се е кажано и без да се збори.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Стварно, јас не знам веќе колку книги ми има испратено Гелев. И ептен ми се нашле. Значи да напоменам, не станува збор за книги што можете лесно да ги најдете на интернет и бесплатно да ги симнете. Човекот ги купува, па ни ги праќа на нас. Јас не знам како не го мрзеше да прикачува материјали и да испраќа на студенти. Друг професор не би се замарал. Една моја колешка несакајќи избришала некој мејл со материјали, па он пак ѝ ги пратил. И се сеќавам дека секогаш враќаше на мејл и тоа во рекордно време. За што и да го прашаш.
    Еднаш еден колега ја праша Билјана дали Гелев ги чита книгите што ги купува, или само ни ги праќа :D А она: Ги чита, затоа е подвижна енциклопедија. Ако не цели, тогаш сигурно нешто што конкретно го интересира.
    Стварно има знаење човекот, иако можеби делува како шалабајзер :)
     
  8. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Професорот Гелев ти е професор за пример во однос на односот кон студентите , претходно не го знаев затоа што учев на друг универзитет. Меѓутоа се запишав на мастер и тоа не на деловно , ама кај него имав неколку предмети и мислам дека ми има помогнато во безброј ситуации . Но кога сакав магистерска да земам кај него пак се навртоа против него и од нашата катедра не дозволуваа.
     
  9. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    феминки дај кажете од усниот дел мпп кои прашања се паѓаат? очајна сум :(
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Женски, дали на правен мастер има едногодишни студии за тие што сме со 240 кредити? И како оди со плаќањето, колку се плаќа на почеток, крај итн?
     
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Феминки, сакам да се запишам на правен годинава. Дали може некоја од вас што студирате моментално, да ми пише ЛП, кога ќе биде слободна? Сакам да прашам некои основни работи за факултетот и по нешто за професорите :)
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    На што смер сакаш да се запишеш?
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Правни науки и после планирам меѓународно право
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    дечки планирам да одам на правен(правни науки)
    ќе може некој да ми пише шо студира веќе како е? да ме оправи малку?
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Девојки, кога се уписи за мастер?
    Септември, и знам има и околу јан/фев?
    И уште нешто,кој е "најзезнат"/"најтежок" смер граѓанско , деловно или кривично, за да се заобиколи?
     
  16. sonckam

    sonckam Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да ми одговори колку поени ти требаат за да влезеш во државна квота на правен факултет ??
     
  17. Elvis-Presley

    Elvis-Presley Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ќе може ли да ми кажеш како го реши проблемот, затоа што и ја го имам истиот проблем а и притоа положен ми е испитот веќе и имав оцена у ел-досие се до пред некое време и денес отварам ми пишува
    Студентот не посетувал настава по избраниот предмет ИСКЛУЧИВО кај еден ист професор!
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Стварно не се сеќавам како го решивме тоа, ама сè испадна како што треба на крај. Тогаш на сите ни се јави тоа во досие, сега само кај тебе е така, или и кај колегите? Тркни до ЕКТС, да не испадне на крај да не можеш оценка да земеш.
     
  19. Elvis-Presley

    Elvis-Presley Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Имам земено оцена во книжниот индекс. Инаку фала на одговорот во секој случај :)
     
  20. AngelaAngela1996

    AngelaAngela1996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Ајде сите од правен што сте, пуштете ја душата и помогнете ни нас на идните студенти хаха :D
    Инаку и јас планирам да одам на правен, насока правни студии.
    Како е што е факултетот, какви се професорите, за во државна квота да се влезе тоа е секоја година различно во зависност од кандидатите што се пријавуваат какви оценки имале во текот на средното образование и матурата..
    И ако веќе се падни некој во приватна квота тогаш може исто да плаќа 200 евра прв семестар, и 200 евра втор? Исто како што е поделено за државна квота?
    Како си ги најдувате учебниците,како се движи цената на истите и дали се лесно достапни од книжара?
    Малце повеќе прашања поставив, очекувам помош девојки :*
    И плус дополнително прашање ми е за iKnow системот, зошто не можам да продолжам да внесувам податоци во врска со оценки и средно образование, ами можам само лични податоци. Некои девојки веќе се најавиле и уште само да ја испратат пријавата. Нешто јавува проблем. На друг форум ми кажаа дека на студенти од Правен и Економски му се појавуваат тие проблеми во најавата на системот. Незнам што е.