За прва година сигурно утре почнуваат, е сега нејасно е за втора и трета дали треба утре или во вторник, затоа што во соопштението пишува за новозапишани студенти.
Јас прочитав за индексите дека се подигнуваат утре а дека со предавања за прва година некои велат дека се почнува од среда Како е точно сега? :/
Бев јас, прва група сум и бев од 8 часот. Се запознавме со професорка Тасковска по вовед во право и со асистентот. Имавме некое кратко предавање од 2 часа во врска со факултетот што е како е.
Здрaвo, Прoдaвaм скoрo нoви книги зa првa гoдинa прaвни студии, книгите се oригинaли не се кoпирaни... Зaинтересирaните некa ми пишaт
феминки, ме интересираат вашите мислења и искуства со: - Каракамишева (јавно мислење) и нејзиниот колега Владимир Божиновски - Фрчкоски и Е. Михајлова (слобода на изразувањето) исто сакав да прашам кој има искуство со презапишување предмет. Од тоа што се распрашав ми рекоа дека може и кај друг професор (не мора кај тој што си го слушал предметот) и твој избор дали сакаш да го запишеш како редовен или вонреден, со тоа што ако го запишеш како вонреден не идеш на колоквиум и предавања туку само на испит. Па која опција е подобра, споделете мислење.
Манасиев мене ми беше асистент по Вовед во право, многу е добар и знае да ги направи интересни предавањата. Да си прашам јас за моите професори мислење, препораки од постари колешки Вовед во право на Еу и Меѓународно јавно право - Петрушевска и Георгиевски Право на друштва - Гелев Политички систем - Каракамишева и Марика Ристовска И за асистентите нивни ако може Мучас грасијас
Петрушевска и Георгиевски мене ми предаваа само ЕУ, по пола си го поделија семестарот. Искрено кај Георгиевски повеќе ми се допаднаа предавањата, Татјана некако ми е напорна. Ама иста асистентка имаат (барем така беше мене кога ми предаваа), така што она е тука цел семестар. Илина се вика, кај нејзе можеш да земеш поени за активност, нон стоп прашува и дозволува да дојдеш до збор. Гелев само на мастер ми има предавано, мене ми беше супер професор. Постојано е достапен за секакви прашања, во ниедно време ноќе ми има одговарано на мејлови. И многу стручна литература ќе добиете од него. Не е премногу строг за испити. Мене асистентка ми беше Билјана, она ми предаваше и применета економика кај Узунов, ама таму беше построга. Си се раководи според професорот Каракамишева не е лоша, само ич не ми текнува кој и беше асистент кога мене ми предаваше Тогаш беше трудна, ептен на крај ја фативме, ама и во девети месец доаѓаше на работа Ристовска не ми предавала, за неа не можам ништо да ти кажам. Баџовска е срце, мене ми беше многу симпатична Кај нејзе имаше можност за поени за активност, ако добро се сеќавам и некакви проекти за истражување ни даваше, па и од тоа добивавме поени. Тасковска ми има предавано филозофија на право, кај нејзе немам испуштено предавање. Не знам како е сега, ама јас кога бев прва година, имаше проблеми со учебникот по вовед во право. Тие што беа кај Тасковска многу лесно поминуваа, а ние кај Бајалџиев имавме потешки испити. Не знам сега какви прашања дава Тасковска, ама има интересни предавања. Поповска е многу досадна, немаше никаква интеракција на нејзините предавања. Мене кога ми предаваше, целата работа и ја водеше Мишо, он е подобар. Дава можност за поени, ни даваше и академски трудови да правиме и поинтересни предавања има. Гроздановски не ми предавал, јас бев кај Кандикјан.
Луѓе дај кажете нешто за овие професори ве молам: Д. Тасковска - Вовед во право К. Ристова Астеруд - Вовед во наука за политика И. Рајчиновска Пандева - Вовед во наука за политика Н. Марковиќ - Политички теории И. Дамјановски - Политички теории Љ. Фрчковски - Политички теории Каракамишева - ?? И кој предава англиски јазик во прва година? Фала ви
Ve molam mislenje za ovie profesori: D. Taskovska - voved vo pravo A. Stojkov - ekonomika J. Bacovska - sociologija na pravoto M. Grizo - istorija na pravoto I ushte neshto, kako odi toa so poenite, nikoj ne ni objasni ko shto treba..
Мене ми предаваа истите, јас не можам за никој да кажам лош збор. Кај Тасковска оди на тестовите што ќе ви ги дава и учи за нив, ние скоро сите положивме од тестовите и полесно поминавме без да се преоптеретуваме со тој предмет на испитна, плус и она од активност приметуваше кој што зборува, и обрнува внимание на тоа кога става оцени, дури инсистираше она да не ми пише 8мица (која ја имав на тестови) туку да доодговарам за повисока, Стојков е предобар и прекрасно објаснува и он и Шапкова, омилена двојка од факултетот ми беа, исто испитот поминавме предобро, само оди првата дата што ќе ви ја даде, и не полагај писмено. Бачовска беше премила кај нас, и ептен опуштено ни беше со неа, а положивме со проекти и активност, кај Гризо се полага писмено, постои некој мит на факултетот дека кај неа положуваш ако имаш напишано што е можно повеќе без разлика на тоа што е напишано, немам некој став во однос на тоа, мада научи си за испит убаво и пишувај се што знаеш, вајда од се што имаш научено ќе знаеш да напишеш цели 4 страни. Меѓу другото поените се овака, имаш 20 од колоквиум максимум ( за да положиш ти требаат минимум 11) некои професори ги сметаат овие поени, некои не, меѓутоа за да имаш 10ка по одредениот предмет треба да имаш минимум 12, од 92 поена почнува 10ка, значи колоквиум 20 поени максимум, активност максимум 10(некои на овие не обрнуваат внимание) и 70 од испит, меѓутоа не ти пишуваат поени ако одговараш усно туку ти пишуваат оценка и ти ги средуваат од после поените. Поените не ти играат огромна улога, нас лани ни играа нешто за вовед во право само, ама колоквиумот беше толку лесен што повеќето имавме 20 поени. Успат биди поспремна на колоквиумите историја и економика, тие беа потешки малку. Со лесно )
Колеги имам освоено 52 бода кај Марика Ристовска по политички ситем има ли шанси да ме пушти усно да одговарам, иначе јас сум од постарите генерациии
Ме интересира како можам да се префрлам од редовен студент на вонреден? Што се плаќа, колку се плаќа? И како оди после тоа полагањето на предметите ако си вонреден студент, дали наеднаш се, дали исто?
Може ли од постарите колеги некој да ни каже каккви се колоквиумите во прва година од Гроздановски(Економика)Бачовска(Социологија)Тасковска(Вовед)и Поповска(историја)? на што најмногу да се окрене внимание и дали се ептен тешки?