Од овие можам да ти кажам само за Бачоска бидејќи само таа ми предаваше, лесен беше колоквиумот, кај нас имаше многу за писатели и дела и методи на социологијата. Економика бев кај Кандикјан ама прашањата беа повеќе логички и со примери. Историја бев кај Докмановиќ и имав многу прашања од прва книга, знам дека имав и еден дел за античка Македонија За вовед во право (кај астеруд) имавме дефиниции знам ама ние учевме од книгата на балајџиев а лани учеа од оние скриптите на Тасковска. За секој случај види примери прашања од либро, може нема да бидат истите ама барем ќе знаеш како изгледаат отприлика. Знам дека Економика беа "најпроблематични" другите лесни беа.
Ме интересира за прва година има оставено прашања по историја ,економика и социологија во Либро .Можно е некои од прашањата да бидат за колоквиум или овие оставени служат само како некоја насока ,а не се паѓаат на колоквиум?
Не се истите за колоквиум, тие се само да видиш од прилика какви би биле а и да вежбаме од нив,кај нас професорката по социологија ни кажа дека секогаш прашањата ги правеле еден ден пред колоквиум никогаш не давале исти
Историја зависи кој ти предава. Доколку си кј Мишо, има шанса некој од прашањата од либро да ти се паднат.
Некој да каже економика кај Гроздановски како е?Колоквиумите какви се лесни/тешки? Уште незнам каков е никогаш не дошол на час цело време асистентката предава
како се минува колоквиумот кај Кадникјан и Мишо по историја,тешко е? Некој/а да ми објасни што како е..
Кај Кандикјан, научи ги убаво двете книги и потоа на колоквиум има дел од книгата, дел логика кај штоќе биде потребно да употребиш. Приличн е тешко, зависи колку ќе научиш и колку ќе ја употребиш логиката. Кај Мишо, како што е од книга, така и прашањата се. Не се многу тешки, ама научи убаво.
По вовед во право кај Астеруд како е колоквиумот,тежок е? и дали има шанси да се паднат некои од прашањата од либро? Ќе може да ми каже некој?
Колку се сеќавам лесен беше колоквиумот, обрни внимание на договорната теорија и претставниците (Хобс/Лок/Русо) и оние федерација, конфедерација, монархија...