Здраво, сакам да прашам некој што студира на односи со јавност на правен, да ми објасни во врска со студиите и уписот
Луѓе може ли да ми каже некој што полагал Историја на правото кај Поповска и Додовска на што највеќе обрнуваат внимание? Изгледа само 3 прашања ќе имаме, а имаме 4 книги па што сметаат за најбитно?
Јас полагам утрее А иначе многу важно од 3тата книга било за декларација за независност на САД и уставот на САД и за Франција исто декларацијата и уставот има големи шанси да се падне вакво прашање.
Да, ако види Родна дека имаш копија книга и практикум на час, ќе ти ги земе и ќе ти се дере. Додека кај Тина, можеш, ама да не биде толку приметливо.
Колеги/колешки, дали ќе може да ми кажете нешто накратко околу предметиве и околу следниве професори (какви се, како е на испит): 1. Административно право: Д-р.Б.Давитковски Д-р А.Павловска Данева Д-р И.Шумановска Спасовска 2. Семејно и наследно право: Д-р.Д.Мицковиќ Д-р А.Ристов Д-р Е.Игновска 3. Трудово право: Д-р.Т.Каламатиев Д-р Л.Јовевски Д-р А.Ристовски 4. Казнено право: Д-р Н.Тупанчески Д-р.А.Деаноска-Трендафилова Благодарам однапред
@IronLady јас кај Борче избегнував да одам на предавања, досаден ми беше човекот, до душа не е он крив што предметот е толку сувопарен и неинтересен. Обично Шумановска му ја води целата работа, кај нас на предавања дури и лап топот му го местеше, доаѓаше 15 минути порано за сè да му намести како што треба. Она е задолжена и за поени за активност и за есеите, така што кај нејзе биди активна. Мицковиќ се погоди пола семестар да оди на некакви службени патувања, па предавањата ги држеше Елена. Она е добра, убаво објаснува, постојано прашува, така што имате шанси за поени кај нејзе. Ангел мислам дека дојде во втора половина на семестарот и он не е лош. Каламатиев... ужасно одбивен професор ми беше. Не го сакав ич, кај него на предавања секогаш осеќав некоја неудобна атмосфера Ама Лазар е супер, знае да објасни што не е јасно и кај него се фаќаат поени за активност. Александар обично доаѓаше на последните предавања, исто и кај него има можност за поени. Добар е и он. Казнено ти се паднала подобрата група Александра е така малку флегматична, кај нас не стануваше од столче, ама добро објаснува. Она обично ги држеше првите предавања, она водеше сметка за поени за активност, а после доаѓаше професорот. Ако добро се сеќавам, кај него не се запишуваа поени, ама предавањата се многу интересни, башка и Тупанчески е таков лик Гледам на список ја немаш Драгана, она нас ни беше демонстратор, исто даваше можност за поени. Она доаѓаше скроз на крај, на последното предавање. Ама веројатно веќе немаат демонстратор. Инаку на испит дозволуваат закон да се носи, не дека апла ќе ти бидат дадени одговорите таму, ама од голема помош е. Eдит: Сега видов дека нема да ти предава Дракулевска, оваа Трендафилова не ја знам. Вака кога ќе размислам, од тој семестар најтешко го положив трудово. Не знам зошто, може не го сакав предметот, а може и прашањата беа двосмислени. Семејно ми беше боза, казнено ми беше интересно, па тие два најлесно ги положив. Административно е туп предмет, тотално неинтересен, ама ме извлекоа високите поени од активност и есеј.
Дали некој продава книги граѓанско и англиски? И дали воопшто мислите дека е паметно да барам книги на старо за овие предмети или да се откажам од идејата дека ќе ги дадам парите за нешто покорисно?
Англиски книгата МОРА да си ја купиш на ново, затоа што кога земаш отцени професорката се потпишува и на книгата и на работната. Граѓанско можеш да земеш книгата копирана од либро, само гледај да не ја носиш на предавања...ако Родна ја види ќе збесне, или пак ако ја има некој купено книгата оргинал можеш на старо да си ја земеш (ретки се тие).
Практикум ја не купив, ретко кој и купи, еден практикум шеташе низ цел амфитеатар, ама после за испит ќе ти треба, Тина многу прашува од него, така да купи си го.
Нема врска. Не мора англиски книгата да ја купи на ново. Само работната и треба и тоа за бонус поени. @CharmedGirl