Па демек морало да ги имаш и вежбите во книгата и работната за таа да одлучи што отцена ќе ти стави, макар да тоа беше повеќе да се провери дали ги имаш купено книгите или не. Имав колеги што пред да земат отцена купуваа книги и ги пополнуваа вежбите за да можат да земат „повисока“ отцена. А кога одиш таму таа кога заврши со „прегледување“ се потпишува на книгите, за да не можеш да ја дадеш на друг.
може ли некој да каже каква е Родна граѓанско,Наумовски римско,Драги информатика,Мери англиски,Каракмишева уставно??
Родна на граѓанско едвај 3 пати дојде, Тина е повеќе на предавања. Предметот е интересен лесно ќе го научиш, биди активна на часови и земај поени од активност, па ќе можеш да го полагаш у предсесија. Наумовски е супер, само ретко го гледавме, Есин ни ги држеше предавањата. Ви дава презентации да спремите од материјалот и ги презентирате нареден час. Двајцата се многу добри. Кај Драги е многу интересно на предавања, човекот е цар. Ако му идеш на предавања пола испит ти е совладан. За Англиски, па не знам баш Мери каква е, ние имавме часови со асистентката, имавме исто презентации, дебати, и вежби да си повториме граматика. Уставно не ми предаваше Каракамишева, ама ми предаваше политички систем, може многу не ја сакаат, ама жената е ептен добра на предавања а и за отцени е многу коректна ако идеш усно кај неа. А предметот мене ми беше многу интересен. У глобала сите се добри, предметите се интересни, не би требало да имаш проблем (барем ја имав таков впечаток).
Што е подобро де кажете ми ако можете Дали на Факултетот за новинарство при УКИМ или на дисперзивни студии на Факултетот за новинарство и односи со јавноста при УГД. Јас исто сакам Правен факултет, па затоа ќе одам На Правен, па на некои од овие двата кажувајте мислење
За упатените: ако сакам од друг факултет, со завршени 240кредити, да се запишам на мастер на правен, колку семестри ке учам, 2 или 4?
Мислам дека зависи на шо факс си била претходно. Иначе ако веќе имаш 240 кредити, би требало само 2 семестри
^ Јас колку што сум запознаена сега ќе го менуваат тоа, постдипломските ќе бидат две години за сите, само не знам од кога ќе почне да важи по ново. Другар ми сега запиша мастер за да може да помине со една година, зашто заврши по стара програма со 240 кредити.
некој од претходните генерации да каже нешто повеќе за колоквиумите кај Родна граѓанско,Наумовски римско,Драги информатика,Мери англиски,Каракмишева уставно??
Некоја од вас дали знае нешто во врска со испитот уставно право кај Силјановска? Според вас како е подобро, да се полага на два дела писмено, или еднаш усно во редовна испитна сесија? И дали знаете дали се паѓаат прашања од Либро по уставно,римско и англиски јазик на колоквиум?
Не знам како е усно кај Силјановска, ја полагав писмено на два дела, Денис го спроведуваше писменото. Мене лесно ми беше, макар да има многу што се жалеа дека многу строго отценувал. Како и да е иди на делови, многу полесно е, дури и да не си положил колоквиум можеш да полагаш прв дел. Англиски сигурно се паѓаат прашањата, за римско и уставно не знам (пошо учев од книгите), ама рекоа дека се паѓале.
Римско, 10000% се паѓаат прашањата на колоквиум. Дури, некои и се повторуваат. А, уставно дел се паѓаа, дел не Англиски, колешката веќе ти одговорила дека се паѓаат
Има МНОГУ детали!!! Се е битно, нема небитно Ама не е толку тешко, книгата и е лесно напишана и лесно се учи @Dragana96 Информатика колоквиумот имавме најмногу од домени, многу примери кои бараат логичко размислување. Ако си идела кај Драги на предавање лесно ќе ти е Не е толку страшно
@AngelaAngela1996 на колоквиумот кај Родна, од книга ќе си учиш, ама буквално скоро се. На колоквиумот обрни внимание, запази на сврзниците посебно, оти на пр: има две прашања едно под друго , исто напишани, ама различен сврзник. Колоквиумот едноставно кажано е тежок, доста го паѓаат, ама не мора да е случај дека и ти ќе го паднеш
Ке може ли некој дa ми кaже кaков е колоквиумот по информaтикa и дaли се пaгаaт многу прaшaњa од темaтa зa електронскa трговија?