И за после втора треба, ни треба пракса за да запишеме 5-ти семестар. Инаку да прашам јас како е на полаѓање Трудово Право кај Лазар или Александар ? И дали некој полагал Казнено Право кај Деановска и како поминал ?!
Дечки знаете дека со завршување на трета година не сте дипломирани туку дека само уверение добивате?! Планирајте си обавезно 4 и 5 година да запишувате без разлика на кој смер сте.
Дали ова значи дека и 4та и 5та година мора да ги завршиме тука? Или се уште постои можноста да се студира во странство после 3та?
Искрено ова уште не ми е јасно. Зборев со колешка која сакаше да продолжи во странство, ама немаше како да и дадат стипендија бидејќи нема Bachelors туку само 3 години, и ни сама не знае што ќе прави. Од друга страна не и се даваат толку многу пари за 4 година тука да запишува. Распрашај се убаво, пушти мејлови до некои факултети кај што би сакала да продолжиш. Од мој смер едвај двајца ќе прдолжуваат тука 4 година, другите ќе си бараат на друг начин чаре...
Рано ми е уште за тоа, имам време ама ме интересираше како оди тоа. До душа додека да дојдам на ред и јас, уште три пати ќе ги сменат правилата...
Комлицирано е. Многу. Јас се разочарав од факултетот и од целата неорганизираност и неспремност. Само пари да се земаат од студентите.
Да, а она горе после трета дека добива диплома се лажги со опашки. Добива уверение не диплома. Ама 4та година се плаќа како мастер.
Тогаш да провериме дали има факултети во странство што би примиле студенти само со уверението, како што кажа ти. Во спротивно, тука е прескапо. Треба да се бркаат стипендии или кредити.
Здраво, матурантка сум оваа година и во август здравје сакам да се запишам на Правен, конкретно на смерот односи со јавноста. Па, доколку има тука некој што студира на овој смер или па знае нешто за смеров (предавања, професори, организираност, скрипти...) Ај нека каже некој, многу сум заинтересирана, би ви била благодарна
Кај Драги малце потешко е. Многу од мојата група колеги и колешки со сите 10ки не го положија испитот на прва. Јас дури од трет пат го положив. За повисока ако пишува на резултатите дека си за допрашување, тогаш можеш за повисока да одговараш. И ако ви кажал дека поредовните и оние што правеле семинарски проекти ќе имаат повисока оценка, џабе ви кажал така.
Девојки некоја административно право кај Павловска-Данева да ми каже како е? Писмено полагаме ние. Од лани знам дека малку положиле, не пуштала лесно...
Јас полагав усно кај неа и супер поминав, не е толку строга на усно и високи многу става. Пробај ја среќата на писмено, ако (не дај боже) не положиш чекај усно. Поубаво ќе си поминеш Да не има некој искуство со полагање Казнено Право кај Деановска?!