Дали некој/а знае кои предмети се слушаат во 7-8-9 семестар (Мастер студии) на Насоката Граѓанско материјално право. Ме интересира пооделно за секој семестар кои предмети се сместени. Благодарам однапред.
Тука на овој линк можеш да видиш за Граѓанско процесно и граѓанско материјално (изборните не се дадени) http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=461 Не знам колку ќе ти биде од помош со оглед на тоа дека не се распоредени по семестри :/
Epa da, za ova znam jas...ama ne mi e od korist bas. Me interesira kako se rasporedeni po semestri. Anyway ti blagodaram
Здраво, јас магистрирав на граѓанско материјално, па што те интересира прашај, ќе се обидам да ти помогнам.Поздрав
Кога се прави заверка на зимскиот семестар? Да чекаме соопштение на страната или посигурно ми е да одам до студентски и да прашам?
Го имала ли некоја истиов проблем? Немам доволно кредити за да запишам 3 семестар (имам положено 2 но сепак недоволно кредити), но сега во септември ги полагам преостанатите предмети. Дали ќе можам да запишам условен бидејќи термините за испит ми од 13 ти, а уписите завршуваат на 12 ти? Ве молам пишете ако некоја имала слично искуство.
Не можеш да запишеш трет семестар, положи прво два од втор семестар па ќе си запишеш година, без разлика дали завршил уписот.
Ама два веќе имам положено. Сега во септември ги полагам останатите а не сакам да го презапишам 2 семестар. Можно е откако ќе ги положам, подоцна да запишам трет или не е ?
Од кој семестар имаш два положено ? Од втор ? Доколку ти фалат кредити положи уште еден и запиши си година. Без проблем си запишуваш и откако ќе помине рокот за упис.
Да, да имам од втор 2. Само проблемот е што граѓанско носи малку кредити(4) и заради тоа не фаќам услов. Инаку испитите ми се подоцна, после уписот, па ме бунеше тоа дека сега во септември дефинитивно ќе фатам услов, ама ќе го пропуштам рокот. Сигурно може после тоа без проблем да се запише?
Да може,може и во октомври со казнената сесија да фатиш услов,имам прашувано во студентски,сепак појди ќе ти објаснат поубаво за тоа дали кога е уписот за 3 семестар ќе ти стават У како условно имам слушнато дека те запишуваат во Е2 и потоа само ставаат печат Сепак прашај си пак за сигурно
Секој што ќе го пропушти рокот за заверка на семестарот (од било која причина), може да се запише после тоа ама се плаќа казна од 500 ден за закаснувањето ...
Не е толку страшно како што сите го прават Оди на предавање, биди активна и учи редовно. Професорите се добри, фини убаво предаваат... е сега има некои ,ама малку се тие Ќе имаш време за се и за шетање и за учење. Со среќа и не се потресувај многу, правен не е квантна физика
Се согласувам со се што кажа колешкава горе и би додала уште некои работи. Да се положи е прилично лесно и не бара многу труд, затоа пробај и за повисоки оценки. Оди на дополнителни активности - семинари, дебати, ораторски натпревари.... Секогаш бори се за своите права како студент и не покажувај страв пред професорите и асистентите, зашто има некои што се стварно арогантни и ако осетат дека си мека, дополнително ќе те понижуваат. И препровери се што ќе ти кажат на студентски прашања - најчесто немаат информации, а и кога ги имаат, често се погрешни. Биди позитивна, ќе има тешки моменти ама мораш да сфатиш дека не е крај на свет и ако паднеш. Со среќа и повели слободно ако имаш уште прашања
Ама можеш со таквото однесување да загазиш и никогаш да не го положиш предметот или евентуално 6ка најмногу - искуството зборува Затоа "седи мадро да не носиш модро" Другото така е се ❤️