Дечки ,дали некој знае прашањата од Либро по Право на друштва треба сите да се учат или само тие дадени во табели? Многу прашања има :/
Право на друштва се е од прашањата од Либро. Другото се учи од книга се затоа што ги менуваат може ќе се погоди некое ама ретки се. Стварно право одат ептен во детали, добро спремајте ја книгата. Колоквиумот игра големо влијание врз отцените на Вовед во право на ЕУ и Мјп. Не се тешки колоквиумите и не се потресувајте многу. Втора година е најлесна.
Како е за колоквиуми прв семестар, се паѓаат прашања од книжариве или слабо? Лесно се поминува? Знам за економика само дека е бајаги тежок и ретко кој од прва поминува. И дали се полагаат компјутерски овие, во распоредот пишува за казнената сесија во декември дека е компјутерски, за оваа ништо.
Сите колоквиуми се полагаат компјутерски во компјутерски центар. За прв семестар не знам како се паѓаат прашањата од скриптариве затоа што си учев од книги ја. Ама мислам дека зависи кај кои професори си, не кај сите се паѓаат. Инаку нека не те плашат за Економика не е толку страшен. Ја и добар број од моите колеги од прва го поминавме. Има примери многу и треба логичко размислување ништо друго, башка што Шапкова е срце и можеш да ја викнеш да ти помогне
Оваа година сакам да се запишам на правен факултет и може да ми објасните што како се учи кога се бира насока?
На правен кај нас на Јустинијан има неколку вида на студии на кои можеш да се запишеш: - Правни - Политички (на македонски и англиски) - Односи со јавноста - новинарство Колку разбрав ти сакаш баш на правни студии. На правни студии првите 3 години учиш општо, и дури во 4та година (популарно кај нас викана Мастер) бираш насока на која сакаш да се специјализираш (граѓанско, кривично, деловно, административно. . . ) За учењето кој го сака правото и сака да го учи не е тешко, јас барем досега не сум имала многу потешкотии со учењето на предметите. Материјалот е обемен ама ако одиш на предавања лесно ќе го сфатиш, не е квантна физика. Во глобала не е на правен толку тешко како што велат Те чекаме од наредната година
Девојки да ве прашам дали е можно да не ми дадат потврда за здравствено осигурување доколку сеуште немам фатено услов за втора година?
Има ли некој информација дали е можно да одобрат казнена сесија за втор семестар ? Со оглед дека деканот не го прифатил барањето ,одобрил казнена само за апсолвенти.
Na praven znam deka dodiplonskite se 3 godini studiranje i magisterski uste 2. Dali e taka i na politicki studii 3+2? (Moze e glupavo prasanjevo ama da si prasam ) I kolku traat doktorskite studii?
Има, во прва година. И не Викторијан не е 3 + 2 системот туку 3 + 1 + 1. После завршување на трета се добива уверение за положени испити, се запишува 4та која се плаќа исто како мастер, а после завршување на 4та се добива диплома за дипломиран политиколог/правиник/односи со јавност/новинар итн.
Ti blagodaram za odvoenot vreme. Samo imam uste edno prasanje i nema da vi dosaduvam veke haha. Kolku se plaka master?