Здраво девојки дали можеби има некој што полагал Економика кај Шапкова , мислам за денес јас планирам да полагам во понеделник на 29 па ако има некој добро би ми дошло да споделите дел од прашањата или поважни теми што се паѓаат според вас ???
Административно право колку прашања има на писмен испит и какви? Дали е тешко многу? И уште некоја дополнителна информација што ќе ми користи ако имате да ми кажете ве молам )
Административно имаш прашања со заокружување, со дополнување, дефинирање и две или едно есејско. Прашањата не се многу тешки, ама тешки се професорите. Треба прилично како од книга да пишуваш, бараат многу.
Лани полагав кај него и искрено ако имаш научено убаво, нема да имаш проблеми со човекот. И професорот и Кранли имаат ист принцип за усно испрашување - три прашања, две големи од книгата и едно помало од практикумот. Се одговара со концепт, даваат време за да размислиш убаво и слободно користи го практикумот и за другите две прашања, ќе ти помогне многу. Професорот не навлегува многу во детали, ама бара да покажеш знаење, да не ти застанува мислата насред реченица. Само зборувај и ќе помине супер Трудово право јас полагав кај Каламатиев и да не се лажеме, тешко е многу. Бара детали и извадени членови од законот да ги знаеш. Исто бара и да навлезеш во дискусија со него и да знаеш точно што бара да му кажеш ( да не речам - да гледаме во гравчиња, да му ги прочитаме мислите). Ако можеш, пробај кај Лазар или кај Алек, сигурно подобро ќе поминеш кај еден од нив. Феминката погоре ти објасни како изгледа писмениот испит. Јас само би додала за идните колеги на факултетов, ако можете, полагајте усно зашто е многу полесно отколку писмено. Предметот не е комплициран, само студентите го доживуваат како досаден. За испит усно, се полага или кај еден од професорите (зависно од групата) или кај доцентката, по три прашања, со концепт. И посебно кај Давитковски е многу лесно да се положи и да се добие висока оценка.
Дали знаете кога се уписите оваа година на правен? Нема објавено ништо, уште стои конкурсот од 2016/2017
Во август се секогаш уписи, рано е за точен датум. Тие не знаат идната недела кога се полага, а не па за уписи за еден месец да кажат.
Искочи конкурсот и пишува пријавување на кандидати 17 18 август а после тоа пишува запишување на кандидати 29 30 август... Што би требало да значи ова?
Значи дека ќе поднесеш сета документација на 17 или 18, а пред 29ти август ќе искочат елиминациони листи ( кој е примен и кој во која квота е ). На 29ти или 30ти уплаќаш за семестар и тоа е тоа ^ Со среќа ^
Девојки како е на овој факс? Братучедка ми сака да иде но не е баш нај нај со отценки мине две год мн добра и две добра.Па некој нешто да каже зошто сака и филозофски па ако нема шанси за правен нека проба и на филозофски . И у приватна квота се нафаќа многу ја влече Правниов .
Секако ќе влезе во приватна, а на во државна, затоа што има доста заинтересираност на овој факултет. Лично искуство со факсот, па и воопшто со правото немам, но знам дека бара доста залагање, како и секој друг факс всушност, нели? Оценките од средно не мора да бидат мерило за понатамошниот успех. Познавам случаеви на кои и баш не им се учеше во средно, но затоа факсот си го земаа година за година. Исто познавам и такви кои во средно минеа 5.0, а на факс заглавија. Затоа пак ќе речам потребна е голема волја, но и многу труд и посветеност. Ништо не е недостижно. Малку отидов офф, се извинувам.
Драги форумџики сакам да Ве прашам за мислење дали со 75 поени има шанси да се запишам во државна квота? Инаку одлична ученичка сум ама не поминав баш онака како што сакав на државна матура.