Тогаш започнува наставата, а првиот академски час е во петок, 15 септември во 10:00ч. https://m.facebook.com/events/127611774552342/?ti=cl
девојки ајде кажете мислеље за Д-р Ј. Бачовска Недиќ,Д-р К. Ристова-Астеруд,Д-р И. Додовска, д-р К. Шапкова Коцевска,Гоце Наумовски,Мери Лазаревска
Kade ke bide prviot akademski cas ? Девојки дали некој е информиран дали од втора група можам да се преместам во прва затоа што со уште две другарки ќе патуваме они се двете во прва а јас сум сама во втора ?
На страната на правен факултет оди на прв циклус на студии и кликни на предметите.За секој предмет има детален план.
Здраво сакам да се информирам, Јас се запишав прва година во угд на правни студии сакам втора да се префрлам во скопје кои се условите и дали мора да е за време на упис и кои се изборните предмети во Скопје?
Девојки сакам да прашам дали книгите треба да ги купиме пред првото предавање или на првото предавање професорите ќе ни кажaт кои книги треба и каде да се купат? Колку чинат огинал книгите некоја цена приближно?
Бачовска и асистентката се лабави ептен, нема никој под 8ца кај нив, ако е писмен испитот можеш да препишуваш многу лесно, и материјалот е многу малку, прелесен е предметот, немај гајле, исто и англиски кај Мери, додуше неа нема ни да ја гледате, со Бојан (асистентот) повеќе ќе имате работа, ова ви е во втор семестар. Кај Астеруд крв ќе проплукаш дур положиш, потерсене човек нема на факултетов, колку и да знаеш дур таа не одлучи нема да те пушти, најискрено те советувам да се префрлиш кај Спасов дур е време. Книги не ти требаат оригинал инаку, земи си се ископирано од Либро, не прават проблеми.
Kога ќе влезеш од главниот влез и ќе се качиш по скаличките вртиш десно, и пак се качуваш нагоре, пак десно, до крај одиш и од лево ќе ти биде амфи 4. Книги од Либро книжарата кај Мавровка на семафорите после Бит пазар, ама чекај прво да ти кажат кои. Не мора оригинал, за џабе фрлање пари е тоа. Исто така кој сакаше да се префрла нека напише молба и во студентски нека ја поднесе, одобруваат на сите. Со среќа на сите
и јас се запишав на правен. да ве прашам пријавување на предмети нешто треба? и ако треба како да го направам тоа. утре тргнувам прва година па не се снаоѓам баш најдобро. благодарам однапред на помошта