Лани и во февруари и во април имаше, дури после тоа и во јуни одма после редовната, бар за сесии не се секирајте за пари све може. Кај Астеруд да положиш ти треба среќа, знаење, ракопис, просветлување од светец, индиски божества и афрички ритуали, сериозно ни сама не знае по кој критериум пушта, на усно па кај неа не дај боже да отидеш, подот со тебе ќе го избрише.Искомплексирано створење
Пријавувањето за уписи за мастер траеше до вчера. Пошо нели пропадна Рашковски електронскиот систем, сега сме врзани со iknow и со роковите од УКИМ. Не знам дали уште ќе бидат флексибилни како што беа за претходно за уписи за мастер. Пс. Се запиша некој на корпоративно?
Како што знам уште не е во целост регулирано се со iknow. Барем на студентски кажаа дека е само за прва година. Да не знае некој од кој до кој датум би била?
Дали ќе сакате да ми кажете кои од овие предмети е најлесен за изборен и дали можат да се земат во летен семестар : -политичка економија -меѓународни економски односи -етика и политика Или предложете некој полесен.
Здраво! Потребна ми е ваша помош, да ми дадете информации како што да правам.Запишав правен факултет годинава но ми се деси како и на многу други, сфатив дека сум го утнала тотално факултетот. Е сега, јас бев во студентски, со пола уста ми одговорија и беше битно зошто оставам а не да ми се објасни како што треба, и тука ви се обраќам вас..Ако може некој што знае да ме посочи како што точно треба да правам.Фала однапред
феминки сакам да Ве прашам дали знаете дали има електронски изданија од книгите од кои учиме и доколку има каде би можеле да се најдат?
- Дополнителна вонредна сесија ќе биде воведена во периодот од 01.02.2018 до 09.02.2018 година, која што ќе биде наменета само за апослвенти со ислушани 6 семестри со Е2 и предвиден е надоместок од 1000 денари. Термините за испитите ќе бидат со соопштени во понеделник. - Дополнителна казнена сесија ќе биде воведена за студентите додиполмски и магистерски студии студии во период од 19.03.2018 до 30.03.2018 година, со предвиден надоместок од 1000 денари за студентите додипломски студии и 1500 денари за студентите на магистерски студии.
Вака утре полагам предмет од 2 семестар и прашањево ми е ако случајно не го положам утре дали имам шанса уште еднаш на казнена да полагам или толку е треба да презапишувам.Инаку полагам Политички систем на РМ кај Каракамишева.