Едно големо прашање!!! Дали навистна, дотичниот господин Арсен Ј. е толкаво џубре од професор! Рано ми е, има уште барем 3-4 месеци додека да слушам предавања кај него, но ме шокира фактот, што МНОГУ ми се жалат од него, сите кукаат плачат , дека во година поминуваат само по 10-20 максимум, а другите го влечат со години Несакам да верувам дека е толкав скот, и не верувам да ви кажам, не кревам паника, ама штом и Роднето пред некој ден спомна дека никако несака да се замери со Арсен, малце се посомневав дека типов е стварно психо Некој што завршил, лани, прехлани кај него како поминал...енубоду???
Кај него само учење ако сакаш да поминеш, ама се што е од книга макар и пример мора да го пееш, незнам како ги спремате сега по нова програма, но ако го даваш цел испит седни учи го ако треба и 2 месеца, ќе го поминеш, гледај кај него од прв или најмногу втор пат да поминеш, немој да дозволиш да полагаш повеќе пати мислам дека намерно ги бутка тогаш. Јас бев по стара програма, кај него полагав граѓанско проц со извршна постапка заедно, а вонпарнично одвоено, сите 3 дела ги научив перфектно, дури граѓанско процесно добив кај него 7 што е чиста реткост, ама го учев 2 месеца, а вонпарнично го научив за неполн месец, како и да е кај него тестот мора да тие напишан и убаво објаснет, особено усмено несмее паника да те фаќа. Кога ќе го научиш и поминеш ти останува во глава и ќе те служи понатаму, квалитетен професор е.
како прво,фала на одоговор, ми требаше вакво позитивно мислење, браво за 7мицата, знам дека 6 е тешко кај него, тек па 7 или 8 на куково лето Ккао и да е, имаме колоквиуми, 2 нели, и истото знам дека тие што положија прв, положија и втор и знам да не си дозволам да незнам нешто! особено зако за денационализасија и епскрпопријација, на памет, ај среќа Родне не стегна бајаги, ги знам тие, ама морам да повторувам се! фала на советот искерно ми требаше некоја позитивна вибрација! Мразам кога толку ПАНИЧАТ, а за жал не учат толку многу, и сега седнале еднаш, поучиле до пола и сега одма господ им е крив, али ствараат незавидлива атмосвера на фкулетт, фами со Аресен! Амн седни загреј стол! браво за тебе!
Јас сум си "гуштерче" (прва година) на факултетов, утре имам прв колоквиум, ќе кршиме мраз, ама изгледа повеќе глави ќе кршиме Сега за сега многу фини изгледаат професорите, за понатаму уште сега од постарите слушаме ужасни муабети. Лошо е што ние сме прва генерација со нов воведен системна правниот факултет каде што присуството не ти се бодува,есеј не се бодува,проектни не се бодуваат, жими активноста и на таа ако фатиш максимум 5-6 бода. Потоа колоквиумот е задолжителен, и испитот е задолжителен, но ако не поминеш колоквиум немаш право на испит. Доколку и поправен колоквиум не поминеш, цел предмет наново слушање.А за да излезеш ан колоквиум мораш да имаш 50% од присуството. Само ќе речам - со господ и СРЕЌА напред
Ни на нас присуството не ни се бодува, ама есејот ни носи 20 поени. Јас ова стварно не го разбирам... Значи дека оваа колоквиумска ви е на некој начин предуслов за испитна? По два пати материјалот ќе го полагате?
Јас како што разбрав,да,колоквиумите ке им се на компјутер и ке имаат по 15 прашања на заокружи и со 10 точни е положено,и е влез за испитот...Не е класичен колоквиум,што значи изгледа се изгубија колоквиумите на правен и можноста да си исчистиш преку нив.Ама ме буни,ако 15 и 15 се двата колок,аактивноста им е 10,е изгледа испитот им носи 60 поени...веројатно е ваква м атематиката Како и да е,досега мрчев,сега ке си кутам,од бетер во бетер идат!
Да да добро сте разбрале, двата кол. ни се услов за да дојдеме на испитот кој е задолжителен, точно е дека за да положиш кол. треба да имаш 10/15 прашања на еден кол. Не се важи ако на еден имаш 9 точни а ана вториот 11. Инаку бодовите се следни: 15 - прв кол. 15 - втор кол. 70 - испит (професор) фактички си во рацете на професорот
Значи цел правен е циркуз невиден! Цел ЕКТС тим, и Љубиша, и Драги, се отишло во бестрага. Убав почеток на колоквиумската ни приредија денес, цела генерација падна по приметена економика. А кога се пожаливме и рековме дека нема шанси да сме добиле по 10-12 поени, они ни одговорија: Компјутерскиот систем не греши. Е не греши де, ама тој што го пишува клучот греши И сега жалби, поплаки, смешки невидени. Сите фино лепо си паднавме како последниот лист...
Зошто толкава паника? Ти треба да бидеш само мирна на предавања зашто нервозен е по природа и брка, да доаѓаш пред него на предавање зашто после него не прима. Друг посебен контакт со него немаш. И секако да си учиш добро за колоквиумите/испитот. Кога ќе видиш, на додипломски само 1 предмет е кај него (Граѓанско процесно право), само законите ти вршат работа, затоа опуштено. Предметот можеш да го полагаш ако е задоволен условот за положени Општ дел на граѓанско право, Семејно и наследно, Облигационо и Стварно право.
Мене ова не ме чуди. Лани нашата генерација ги имаше прашањата на скоро сите предмети што се полагаа на колоквиуми. Значи прашањата со клучот, во табела. Верувај дека имаше прашања намерно ставени со погрешен одговор. На испит јас решавав по клучот и извадив над 60 од можни 70, а другарка што ги решаваше како што треба, точно, имаше изгубено над 20 бодови. Јас не му верувам на системот, поготово не на Драги, кога се зборуваше дека тој ги шитка прашањата ден пред испит на студентите во домовите за 100 евра. Единствено што можам да те советувам е да пишете барање, како генерација. Друго чаре нема. Факт е дека правен е хаос. ХАОС!!!! Патем јас полагам вечер во 6 ипол. До тогаш системот ќе рикне.
ЦЦЦЦ Божеее,мора да се смени нешто,стварно се тоа што се случува на правен го нема буквално нигде! Тотално непочитување и непрофесионалност,недоволно обучен и на број доволен кадар за водење на досиета и ЕКТС систем,а да незборам дека имавме најголеми партиципации(800 евра приватна квота),предмет презапишување од 50 евра нагоре(а на др факултети е по 1000 денари),мислам незнам,во целина се хаос,и се каам што се упишав бидејки се мн паднати со квалитет во се! Ако ти си во 6ипол старфиш,јака им душа на оние од 8 што ке се-системот ке е рикнат начисто, а плус од 9 е забавата.. свашта!
Абе ние имавме прашања економика, додуша јас не ни ги погледав затоа што знаев дека се сменети. Ама денес доаѓа асистентката и ни вика: Тие што учеле по тестовите нека не се надеваат дека ќе положат, затоа што прашањата, иако не изгледа така, се сменети. Нешто е додадено, нешто одземено, некаде има негација... И сега испаѓа дека они прашањата ги измениле малку, ама клучот не. Така прехлани по информатика не зезнаа, извадивме слаби поени со точни прашања. Ама работата е што денес сите до еден паднавме. Леле смешно ми е стварно За компјутерите да зборам, се кочат, се исклучуваат на сред полагање, грешка во системот имало, дрн дрн. Љубиша се дере по студентите, небаре ние сме криви. И сега нешто се збори дека ќе се преполагало Како и да е - со среќа денеска. Крши нога, а ако не ти е по ќеиф - скрши го компјутерот. Со тастатурата по Драги и Љубиша
Јас мислам подИТНО да се сменат овие од ЕКТС. Ткави дибидуси, непрофесионалци и исфрустрирани говеда не се наоѓаат никаде. Срамота е, да се иживуваат на нас. Уште згора на се, ние малоумни излегуваме. И друго што сакав да кажам. Не знам како не им е срам денес да стават полагања, а урлаат на сите страни дека забавата вечер е за сите студенти наменета. Брука! Ќе ми се исполни душата ако никој не се појави на забавата, нека си се дружат сами асистентите меѓу себе, на чело со Љубиша мутавиот.
^ Ако мислиш на тоа дали има групи на тестовите - нема. Компјутерот сам си бира прашања и ти ги дава на тестот. Сите имаме различни комбинации.
Девојки навикнете се на Љубиша и Драги,такви се гниди,поготово Драги (некогаш можеш да добиеш убав одговор од Љубиша). Иначе за системот,иако викаат демек,не краде бодови,не греши НЕМА ВРСКА.Кога се воведе компјутерсково полагање,веднаш после испитот ни даваа листови со точни и неточни одговори,буквата пред заградата треба да се совпаѓа со буквата во заградата и баш на Применета економика,колкоквиумот, на неколку колеги место буква во заградата имаа празен простор...и беа се бунеа ама ништо,као демек они не го одговориле прашањето,а нема врска, коа завршуваш нели ти пишува "имаш уште 1 неодговорено прашање"...така што не сакаат да се замараат,сеа ни листови не ни даваат. А за прашањата секоја сесија ги менуваат,треба да имаш среќа баш да ги погодиш И фала на Марие.м што ми ја кажа книгата за Вовед во право
Баш така, на некои денеска им се паднаа боза прашања, а на некои им беа ископани од незнам каде... Ужас,катастрофа,мноооогу луѓе денес немаа 10 точни одговори