Родна и Тина бараат знаење бајаги,детали, ама се океј. Мери е топ, Есин ми беше асис.не знам каква е ко проф. ама беше океј
мислење за Гоце Наумовски, какви му се предавањата, начинот на оценување, тешко ли се добива десетка?
извинете ако некого израдував пред време, ама не е сигурна информацијата координаторот дознал од некој студент, соопштение уште немало
Мислење за Гордана Силјановска ќе ми предава Современи пол. системи дали бара одење на предавање каква е на испит?
Во пρетходниот начин на стидиρање се плаќаше 300 денаρи еден потпис во индеκс од пρедавање. За физичκо да не се појавиш се плаќаше 5000 денаρи и на κρај да добиеш потпис.
Вчера еден асистент кажа дека не знае кога почнуваме,ама на 5 сигурно не. Мислење за Проф.Гордана Силјановска?
Почнуваме со предавање на 6 февруари денеска ни кажаа такаа проф. што ќе ни предаваат во летен семестар
колешки ќе сакате ли доколку имате некој пример за пополнета пријава за надомест за партиципација да прикачите, Благодарам
На 5ти почнуваме - има официјално соопштение на сајтот. Што мислите за професорите од 6ти семестар? Какви се на предавања и на испит? МПП - Дескоски и Вангел ГПП - Зороска и Ракочевиќ КПП - Бужаровска и Мисоски Трговско - Коевски и Спасевски
Aдминистративно право .Б.Давитковски А.Павловска Данева И.Шумановска Спасовска Семејно и наследно право Д.Мицковиќ А.Ристов Е.Игновска Трудово право Т.Каламатиев Л.Јовевски А.Ристовски Казнено право Н.Тупанчески А.Деаноска Трендафилова А за овие некој нешто?
Административно право Борче не доаѓа на предавања ниту пак спроведува испит, тоа го прават Ана и Ивана.Оди на предавања и собирај поени од активност за да имаш шанса да полагаш во предсесија кадешто испитот е усен и многу е полесно да положиш тогаш отколку во сесија затоа што могу е тежок испитот со премногу прашања на набројување,дефиниции и есејки прашања. Семејно и наследно многу е лесно и професорите се океј, а и предметот е многу лесен за учење. Трудово право исто така оди на предавања и биди активна за да те запамти проф.Јовевски бидејќи многу ги памти активните и ако испитот е усен ќе ти помогне многу тоа, а инаку бараат знаење, не е толку тешко ама бараат да имаш убаво научено. Казнено право исто така се океј и Деаноска и Тупанчевски. Кај Тупанчевски на предавањата е многу интересно, ептен е забавен се шали,се смее.Што се однесува на испитот си бираш кај кој професор сакаш да полагаш усно, сите викаа кај Деаноска било полесно и јас кај неа полагав.Пишува високи оценки и тешко бутка треба ептен ништо да не знаеш за да те бутне.