Девојки има некој искуство каде е подобро да се полага уставно право кај Денис писмено или Каракамишева усно? Благодарам однапред.
Затоа што Денис е строг оценувач. Ама пак кај него можеш на делови да полагаш, така да не знам што да ти кажам. Мене ми беше полесно да го полагам на 2 дела предметот.
И кај неа се полага на делови, јас кога полагав политички систем се полагаше на делови кај неа, мислам дека е исто и за уставно. Кај Денис полагав уставно право, не е толку тешко ама во секој случај кај Каракамишева подобро ќе поминеш ✌
Исто, имаш шанса за висока оценка кај Каракамишева Во случај да не знаеш, можно е и да те врати да доучиш - бар кога полагав ја, така правеше на некои студенти.
Колеги Стојков економика на испит по колку прашања дава и дали прашањата се есејски или има прашања од секаков вид?
На полгањето на вториот дел од испитот даде 4 есејски прашања кои беа досталесни,иако имаше многу материјл за нив.На првиот дел даде 10 прашања,тие не беа есејски.Имаше со дефиниции,заокружување,дополнување и две прашања од практиката,а ти да објасниш за што се работи.Кај него можеш да положиш.Не е воопшто лош прфесорот,напротив многу е фин,и речиси поголемиот дел вадат високи оценки.
MПП немаш опција усно. само писмено. Испитот ти се состои од два дела едниот дел е случај а другиот се прашања од материјалот. Оди на предавања многу полесно ќе ти биде. Трговско усно е многу подобро, исто и таму е важно да одиш на предавања особено кај Дарко. Има по три прашања на ливчиња и си влечеш. Меница обавезно за на испит се учи. ГПП дефинитивно писмено дефинитивно.
За казнена сесија кога ќе уплаќаме 1000 денари во полето цел на дознака што да напишеме и дали треба да уплаќаме и 50 денари за административна такса? Благодарам
Колешки економика кај Стојков сум меѓу 8 и 9 доколку одговорам добро усно дали е можно да добија и 10?
Имам дилема за Современи политички системи дали да полагам кај Силјановска усно или кај Кртолица писмено?
Казнена тек во септември. Зависи за кој семестар прашуваш. Ако е за први, последна сесија ти е септемвриска казнена, за втор семестар јануарска и евентуално ако има февруарска казнена.