Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    А кога обично ги внесуваат поените од електронското досие ... или тоа ќе потрае,и јас оваа година полагав прв пат - положив со 14 поени ама ништо не ми е сигурно дури не видам, а ни рекоа дека никаква белешка нема да ни даваат :^)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Е, тек електронските досиеа се урнебес.
    Покасно ги ставаат поените, ама каша попара е таму. На предавања на кои си бил, ти вика дека не си бил. И обратно. Сега за применета во досието на сите ни пишува: Студентот не посетувал настава по избраниот предмет ИСКЛУЧИВО кај еден ист професор!
    Со големи црвени букви. |(
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски

    Ептен ретко и да помине без кинење живци.Имало случаеви каде се изгубени,не биле стаени навреме и после не се појавиле во следната сесија воопшто,мегутоа доколку им висиш на глава навремено,се ке е ок,иако најчесто се префрлаат коретко ама после 2-3 недели откако ке завршат сите предмети од 3те години,и баш сега во септември приметив дека ги пребацуваат еден ден одредени предмети и се по ред.
    Кога бев прва ни даваа ливче испринтано(на кое и сега имаме право,си пишува уредно после испитот земи потврда од кај одговорниот) и наместо да ни ги даваат,ем ти мирна глава,поцврст доказ за положувањето нема,ем и они мирни дека нема да мрдне ни еден поен,ама ете,кој ги знае зашто прекинаа.Само јаки живци треба за да трчаш по сето тоа и да им висиш на глава со упорност,друго нема.
     
    На Marie.m му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас вака пред да одам на прославата да ви кажам за полагањето прееска.
    Дојдов порано и за жива среќа што дојдов, зошто влегуваа како стигнеа студенти. Требаше да почнам во 6 ипол, а јас во 6 и 15 завршив со колоквиумот. Сите групи полагавме по 15 минути! И згора на тоа ги тестираа звучниците за забавата.
    Може да замислите??

    Веќе во 6 ипол Драги почна да се дере, дека тоа е последната група, кој дошол-дошол. После 7 нема полагање. Похаотично никогаш не било. Ниту индекси проверуваа, ниту ги побараа, дива лига. Комотно можев да пратам некој за мене да полага.

    И згора на се резултатот ми беше -4.
    Да, -4.
    И тоа уствари значело 31.
    Мајко мила, немам живци јас за да изджам уште 2 години.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    -4? :^) Боже сачувај...
    Ама не, врх врхова беше кога лани ни ги испечатија тестовите по стварно со клучот. Кај шестата група имаше ѕвездички до секој точен одговор. И една студентка не издаде, не и било јасно што значат ѕвездичките, па ја праша Тина |( И оваа кога виде, збесна. Па не извади од амфитеатар и чекавме саат ипол да ни направат нови.
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    hahaahhaahaah леле Ана ме насмеа, која е таа ненормална бе, е заради тие таквите нема да не биде беее, незнаат да ќутат кга треба :x

    Инаку да кажам и јас дека Јустинијан е за никаде, на чело со ала Драги и ла Љубиша мустаќот див!
    Тие двајца искомплексирани створења се иживуваат врз нас, а до кога така стварно незнам, ама сите осеќаме дека тензијата помеѓѕ студентите со секој испит и колоквиум расте, системот паѓа, Драги и Љубиша се оденсуваат како нивни да е Јустинијан и си дозвлуваат многу повеќе од колку што треба!

    Секој еден го зборува тоа, го осеќаме на наша кожа, и само екстра нервози и од нив примаме, ама еднаш тоа мора да пукне, верувам дека ќе дојде ден, кога сите ќе се сјуначиме и конечно ќе застаниме против тој грозен систем на владеење кој не уништува при секое полагање.

    Не, не може веќе, да не можиш да полагаш салам како човек, додека чекаш некој да те полне со нервози. На се има крај, ќе му дојде и на тоа, верувам.

    Државен било боље, абе ајде, се однесуваат како животно со тебе, знаењето било поголемо, да даааа, со прашања штом се положува, и те како е поголемо, учиш учиш, ама кога во рака ќе ти дојдат прашања, зар од книга ќе учиш? Хаа!
     
    На Rubiii и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Требаше да го видите вчера Рашковски во акција. :tmi:
    Ни срам, ни перде, сред забава, си флетува, се упуштава на студентки. :rofl:
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Вчера требаше да имаме колокфиум по вовед во право..
    Идеме ние сите од 2 бевме таму ке учиме колективно.. ај што цела недела сме седеле дома сме учеле тие од политички науки место во 3 да полагаат во 4 полагале...
    И на крај на нас ни бил преместен испитот за во понеделник.. Нема никаков ред! И сега место да го решев овој па да почнев да учам економика сега треба пак да се потресувам и пак економика нема книга да фатам!
    :swear:
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.374
    Допаѓања:
    286.628
    на залост таму така е.
    ми се Чини најголемите нервози не ми беа околу уЧењето туку бас вакви работи.
    сме досле спремни за полагање, они преместуваат испит.
    сме се сместиле во амфитеатар, им текнало не преместуваат во друг 5 мин пред да поЧне испит.
    некое асистентЧЕ еден саат сетка со листата со резултати а ти стоис пред огласна табла и кинес зивци
    ......
    ај беливе ин ју
    ке издрзис
    и со срека понеделник
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски

    Старфиш дај некои детали за забавата од вчера :D посетеност,успешност,опуштеност,оцена :D
    генерални информации :D
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    252.694
    Ај и јас да напишам 2-3 збора за вчерашната забава ;) .
    Имаше посетеност, очекувано.
    Пијалоците беа баш со пристапни цени, ама некаде накај 11 снема повеќе од нив :lol: и остана само пивото.
    Музиката не беше лоша, имаше некоја група, свиреа добри песнички, ама озвучувањето не чинеше. Така мислам, бидејќи не се слушаше добро.
    Атмосферата не беше лоша, ама искрено не беше и нешто посебно.
    Убаво беше што се собравме на едно место, колеги, колешки. Значи се видовме со луѓето.
    После продолживме во Хавана, чинам дека цел правен беше таму. А во Хавана, Саф пушташе музика.
    Ми се идеше да го задавам, мајке ми :@ . Ок ми е да се пушта рап, ама оваа беше хард кор. Пукнав значи.
    Тоа би било се во кратки црти. Се на се добро како за прва забава која организираше нашиот факултет.

    Битно, на ПРАВЕН факултет, внатре се пушеше цигари, па и по некој џоинт. Од местото каде се креираат законите, слабо се почитуваа синоќа.
    Асистентите пијани, попијани дури од студентите. Абе торта се направија :lol: .
    И така, беше весело и интересно ;) .
     
    На AnaKarenina и Rubiii им се допаѓа ова.
  12. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Девојки на страната на правен сеуште нема објавено списоци за полагање за утре за прва година, да не имате некои информации или ќе треба утре да си чекаме од 12 саат пред компјутерски ?
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Како бе од 12??
    Од 8 ќе одиме и ќе чекаме, касно е 12.
     
  14. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Епа на страната пишува дека од 12 се почнува, но нема објавено кој од колку саат е како што беше во петокот.
    Рано е од 8 саат да одиш.
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Нема на интернет списоци, јас од 8 и 30 бев, и списоци имаше закачено измеѓу центар и учулницата, одите таму ќе се најдите.
     
  16. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Јас ќе одам околу 13 часот како што бев во петокот, зашто и онака си влегуваа кој како ќе стигне.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    малце касно одговарам, ама нема везе, не кревам паника, башка и рано е, али сакав да прашам искуства и даспоредам како што, бидејќи не верувам само на оние кои вечито се жалата дека сите професори ги мразат!
    Фала ти многу на смирувачкиот одговор ми требаше!
    Имам солидни оцени по Стварно и Граѓанско, 9 и 10, облигационо 8 затоа што за вториот послабо го научив! Знам само загревање на стол асално 2-3 месеци пред полагање убаво и се ќе биде во ред!
    :D
     
  18. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Сакам да ве прашам дали некоја од вас до сега полагала кај К. Ристова Астеруд? Какви прашања дава, тешки или... Полагам утре Вовед во право кај неа, ама проблемот е што не најдов никој да ми каже какви прашања дава на колоквиум или испит. Тие што се кај Тасковска ич не им е страв, им кажуваа дека боза прашања давала.... Ај ве молам некоја од вас да сподели искуство со оваа професорка или нешто што слушнал :wasntme:
     
  19. Iv4ule

    Iv4ule Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Искрено се плашам за прашањата кај Тасковска може да изненади жената сака револуции да праи; самата си кажа ; ај ве молам кои од вас полагал филозија на право да ми пише отприлика материјалов како што ке биде????

    marie- прашањата рекоа кај вас ке се паднеле зашто вие сте со камбовски во група професори а прашањата што ги има во либро и зоки доста се пагале
     
  20. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    правнички, ми треба материјал по потрошувачко право кај Јадранка Дабовиќ, барав во либро и во зоки ама нема, па ако може некој да ми каже кај можам да најдам. молам за одговор
    фала