Филозофија на право, кај Астеруд.. Знаете ли прашања за испит кои ви се паднале претходно, или прашања кои можеби ги врти цело време. Многу би ми било од помош .
Дали знае некој казнената сесија што ќе биде во ноември дали ќе важи и за апсолвенти, бидејќи сега од 1ви до 12 октомври има казнена само за апсолвенти и студенти на мастер ?
Како иде сега пријавувањето на испит за полагање, на мастер студии сум знам порано пријавував ореку електронско досие сега гледам се е изменето како се пријавува сега испит дали знае некој да ми каже
Дали некој знае во која просторија на Правен може да се најде Мики Бишкоски,одговорниот за IKNOW на Правен и дали има приемно време за студенти ? Или барем негов email ?
Девојки на Правен . Од кога се оди на пракса, дали сам си бираш или факултетот кажува каде , дали се стекнува знаење од праксата. Обожавам пракса сега ќе бидам 2 година.И што отприлика се прави на таа пракса.
Ако си мислела да одиш на пракса,требало порано,пред Септември.Меѓутоа факултетот не дава насоки,кој оди на пракса сам си бира каде.Ама,има и студенти кои не одеа на пракса бидејќи факултетот не ни бараше.Е,сега ако се сменило нешто.....
девојки , мене ми остана од прв семестар Историја на правото, дали ќе можам да полагам уште еднаш, доколку има казнена сесија сега на почеток на октомври или ќе мора да го празапишувам?
Ќе можеш во казнена ама мислам дека во ноември ќе има казнена за сите студенти, во октомври само за апсолвенти и студенти на мастер.
Некој од вас што е запишан на мастер студии по деловно право или на финансово право ќе може да ми каже искуство, како се предметите за полагање, професорите и сл.? Ми претстои упис па се мислам меѓу овие два смера. Благодарам однапред
Јас кога полагав уставно право Денис ми беше асистент. За моја среќа успеав да полагам кај Силјановска и жената е срце. Колеги што полагаа писмено или доодговараа не беа воопшто задоволни. Крател бодови за ситници, ги гњавел, ставал ниски оцени... Сепак зависи како ќе имаш среќа во принцип. Ако можеш некако да издејствуваш да полагаш кај професорката ( која и да е - Силјановска или Каракамишева ) полесно и поубаво ќе си поминеш.
Оваа година завршив 3-та (додипломски студии) на правен факултет. Веќе 2 години земам државна стипендија за просек (2-ра група). Овој месец планирам да се запишам на постдипломски студии на правниот факултет. Дали имам право да ја продолжам стипендијата со сите исполнети услови, иако ќе студирам на мастер студии? Некоја со слично искуство?