Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Да не случајно начул некој од редовните, од кога почнува испитната во јануари? :?:
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе биде кон крајот на јануари, затоа што колоквиумската ќе ни биде одма после празниците. Не знам дали ќе има луфта меѓу колоквиумската и испитната, затоа што знаат некогаш и да ги спојат.
     
  3. Iv4ule

    Iv4ule Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Драги феминки ми треба помош со применета економика, ај некои од постари генерации нека кажат што како е на есејот, колку поени максимум се даваат , јас сум кај Ванчо Узунов ни рече ке има 4 5 прашања по 4,5 поени.... !! Фала однапред!
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Испитната сесија почнува од 20ти јануари, знам по мене.
    Тогаш ми е првиот закажан испит.
     
  5. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Да ве прашам за совет оние кои поминале кој предмет да го спремам кој е полесен дали историја на правото или социологија на правото? Итно ми е да одлучам па ке ве замолам за совет. Фала ви :)
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Стар, немој да се водиш од тоа кој е полесен, подобро види кој ти е за нијанса појасен и подобро разбирлив и познат. Ќе ти речев и од кој имаш повеќе поени од есеј и активност, ама ми текна дека си по нова програма и немате есеи.
    А според прашањево, јас би ти го советувала историја. Далеку е полесен и поедноставен, го учев како приказни во глава( тој првиот дел, за прв колоквиум што беше), а тој вториот ги вадев важните датуми на страна и тоа е суштината. Помалку време ќе ти одземе сигурна сум, додека социологија си бара темелито учење и време да ти легнат убаво во глава сите информации, дела, мисли, социолози и филозофи.
    Тоа е мој совет, па ти одлучи си според досегашното знаење и научено. :)
     
  7. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Добро, мене стварно не ми е јасно што се случува со ова електронското досие... Сега го отварам и гледам дека ништо од евиденцијата од присуство не точно, на некои предмети само 10 часа имам, не еден немам ни 1 час присуство , на еден 15-16 часа, а што е најтрагично на сите одев и сама јас лично се куцав, само два пати имав пропуштено предавање, а тоа се вкупно 8 часа а не 20 и кусур
    Ако не ги бива со оваа евиденција, нека биде со списоци по старо, а сега некој ќе се куца постојано преку друг, а некој ќе седи на предавање и дури и нема да му се внесува тоа :@
    Сакам да ве прашам, ви се има ли вакво нешто случено и вас?
     
  8. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Кај сите покажува така, не му ја мисли многу, еден асистент ни кажа дека тоа куцањето било највеќе заради евиденција на професорите дали држеле предавање а не заради нас...па сега колку е точно незнам :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Каламатиев така водеше евиденција и за активност. Пишуваше посебна шифра, па ние активните се куцавме. Многу не му верував на системот, ама за среќа на крај сите поени беа на број.
    Во случај да немаш право да полагаш затоа што наводно не си била присутна на 51% од предавањата, оди пожали му се на Драги и би требало да ја средат таа работа. Имав колешки што имаа по 10 поени активност, а немаа услов за полагање. Па пред испитот одеа во ЕКТС и ги внесуваа во списоците.
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Девојки, кога е периодот за пријавување испити за фев. сесија? Беше напишан убаво со датуми од кога до кога се колоквиуми, па испити, ама мислев ке го остават, ама го тргнале и не ги запамтив датите.
    Пробувам сега да пријавам од 4ти семестар испит заостанат и ми вика успешно го пријавивте, ама незнам колку е валидно тоа....
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Хипстер те излажале :) Арсен Јаневски е строг професор, бара знаење, ама никако и во ниту еден случај нема да бидеш оштетена. Ако знаеш, поминуваш сигурно. Ако не знаеш паѓаш. Јас полагав кај Арсен ГПП и одделно вонпарнична постапка како изборен предмет(по стара програма бев) и двата ги положив од првпат со солидни оцени. Не слушај вакви муабети, најверојатно пуштени од некој кој послабо учи, зошто само негативно ќе ти влијаат. Кај Арсен нема да поминеш тешко ако го имаш совладано материјалот, а не е тежок, освен извршна постапка која е стварно тешка за учење. Сестра ми полагаше минатата година кај него и положи од првпат, од есеј и имаше дадено 17 поени, така да нема место за паника :)
     
    На Hipster, lolyta777 и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^Tnx Boa :)
    Мило ми е да ме што ме излажале, за прв пат у живот :)
    Напишав и погоре и сега пак, не испаничив само малку се напнав од информациите кој секој ден ги слушам, Арен вака, Арсен така, само 2 ќе пушти...ми се смачи, па решив да проверам информација, и мило ми е :)
    Не се плашам од учење, ниту сега за уште еден семестар планирам да забошотувам, но се случува, ќе те прелажат некогаш со панични коментари. Не чини ни кога некој толку многу ќе те исплаши што буквално креваш раце од испитот, верувајќи дека никогаш нема да научиш доволно. Несакав да ми се случи тоа, затоа прашав. Викаат кој пита не скита, или во случајов не се нервира џабе :D
    Фала на исцрниот одговор :)
    Сега знам, загреј столица и без миле паника, а1 телевизија :lol:
     
  13. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Дали некој скоро полагал Вовед во право? Ме интересира дали прашањата сеуште се рандом извадена реченица од книга? И дали воопшто се паѓаат некои од прашањата кои циркулираат низ студентите?
     
  14. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46
    дали некоја знае каде да најдам прашања за Политички теории?
     
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Јас денес паднав :tmi: пак :$ и да ти кажам правило број 1. Учи го и тоа што не ти викаат да го учиш.. два пати не зафркнаа така викајки не учи ова, не учи она ама ништо од тоа.. учи се :(
     
    На SABAH му/ѝ се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Политички теории нема прашања. Загреј столот и учи. Не е толку тешко како што изгледа ;) .
     
  17. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Трет пат ќе ми биде да го полагам :drunk: истата песна и тогаш беше. Туку се паѓаше нешто од прашањата? Пак треба од збор до збор да се буба?
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Бубај :(
     
    На SABAH му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46

    оф...фала....а политологија? :( и полага ли уште некој во сабота?
     
  20. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26

    Јас го положив тој со многу многу среќа (што обично не ми се случува), пред една година, а прашања немав. Ги потцртував најбитните работи во книгата (два дена пред испит) плус прескокнав скоро 200 страни и за среќа поголем дел прашања беа од тој материјал кој го поминав. Сконцентрирај се. И крши нога!