Јас кога полагав во редовна сесија, на едниот термин бидејки имаше помалку студенти дозволи да се полага усно и на сите што одговараа усно му стави 10ки. На вториот термин бевме премногу и не ни дозволи усно, писмено сите. И ептен е лесно, се препишува на велико. Поставува 3-4 прашања есејски, не е воопшто тешко. И тие што врска немаа од материјалот извадија над 8ка. Без страв само, чувајси ги нервите за другите предмети, овој сметај го за положен 99%.
Не дозволуваат фотокопии, пробај да купиш книга од претходни генерации. Или не мора да ја носиш книгата ако имаш учено, не се нешто претешки според мене прашањата. Не ми текнува ич на ни еден пример, ама мислам дека имаше да утврдување татковство, за делба на имот, тие што беа 1-2 наследен ред и такви некои слични прашања.
Здраво, ако знаете да ми кажете какво е полагањето кај Гордана по Уставно од втор семестар. Какви прашања дава и дали е лесно полагањето?
здраво што мислите за професорите александар спасов и каролина ристова астеруд кој е подобар професор по предметот вовед во правото ?
дали знаете како оди префрлање на професори јас сум ке професорот александар спасов по предметот вовед во правото сакам да се префрлам ќе професорката каролина ристова астеруд? мислење за нив кој е подобар професор ?
Не се којзнае колку добри и двата, ама од двете зла, велат одбери го помалото. Така, би рекла јас Спасов.
Соопштенијата за пријавување испити во Јунската сесија се конфузни. Во едно пишува сите студенти да пријават испити до 6 Мај,а во друго,за секоја година и група има датум за пријавување,за политичките насоки е на 21 Мај. Што е точно? Дали некој знае до кога е рокот за пријавување на испити во Јунската сесија?
Девојки да прашам на распоредот има датуми Римско само за кај Есин и во прва и во втора декада. Знае некој за кај Гоце кога е датумот? Сестра ми студира вонредно и не знае кој датум ако некој знае Ве молам пишете. Фала
Дали може да ми кажете мислење за Пржеска по граѓанско прва година, некои викаат ако немаш презентирано на час нема да можеш да полагаш ни редовна ни казнена, дали е стварно така?