Незнам за другиве не ми предавале, ама Астеруд е најпроблематичен професор што постои,ќе си имаш маки со нејзе. Не пушта за жива глава Со лесно
Книгата не мора да биде оригинал, затоа не прави проблем, инаку првиот дел од испитот сите ќе го полагате писмено, а вториот усно, а доколку не сакаш да полагаш на делови или во случај да го паднеш едниот дел се полага цел испит писмено.
Здраво на сите ....Јас сум прва година,прв семестар на Правен ....Е сеа што студенти колеги ми кажаа на кратко дознав е дека,постојат скрипти кажано скратено прераскажување на предметот.Имало и копии од прашањата од стари колоквиуми претходно.Ми кажаа ова може да го најдам во копирниците Зоки и Либро у Мавровка...Така и сторив,земав скратени скрипти по Социологија, Историја,Вовед и Економика на Право .... Прашањето е .... Треба сериозно да се потпирам на скриптите и само од нив да учам,зошто просто кажано се прочистени и само најглавното го има ....40 страни се спрема тупењето од 500 страни на главните книги ....Да учам за испит сега од книга или од скрипта ми е збунетоста ?!
Тие прашања што ги има во книжарите се од времето кога полагавме електронски влезни колоквиуми, не знам сега како и што полагате ама не се истите сигурно, не се потпирај на тоа...Околу скриптите, можат да ти бидат од помош али со нив се стига максимум до 7мица, и тоа не кај сите професори, некои ти бараат малтене се за 6ка, така да загреј столчето ако не сакаш да влечеш предмети.
За Каролина Господ да ти е на помош. Проблематична професорка. На другарка моја и предаваше. Маста им ја извади на сите од групата. Ќе те исцеди за 6ка. Останатите се ок. Особено Јасна. Јас немав никаков проблем со неа. @Tete Capdevila мислам дека ти ме прашуваше за истото. Од прв семестар професорите се ок, ама од втор се терсене. Од прв особено внимавајте на Вовед и Економика.
Многу е уфилмана. Од прва година она, Родна и Тина се оу мај гад. Премногу бараат. Јас додека студирав Каролина не предаваше на правни студии, ниту Добринка и Александар Спасов. Професори по Вовед во право беа Мицајков и Бајалџиев. Вториов беше коректен, ама првиот беше најкатил професор.
Да не знае некој на правен предмет што е презапишан во оваа 2019 год.и кој не е полаган ниту еднаш во неа дали може да се полага во 2020 год.на пример во јануарска сесија
Е-2 важи 3 сесии. Ако лани во септември/октомври си запишала Е-2 и не си ги искористила сесиите годинава,тогаш треба ново Е-2 за да полагаш во јануарската сесија.Но,рокот за Е-2 беше од 23 септември до 4 октомври.За сега дали ќе можеш да запишеш Е-2 прашај на Студентски Прашања. Ако си го презапишала со Е-2 оваа година,може уште да има важност.Важно е кога имаш запишано Е-2. Оди на Студентски Прашања,таму најубаво ќе ти кажат.
За сите години важи тоа.Кој нема полагано или нема положено предмет во трите редовните сесии,мора да го презапише со Е-2 процедура. Ако мора да презапишеш предмет,треба да одиш на Студентски Прашања и да кажеш дека сакаш да презапишеш предмет,па ќе треба да пополниш изјава за презапишување и да уплатиш илјада денари во пошта или банка.
Не нова генерација сум на Правен,19/20 прв семестар во прва година ...Ова значи ако еве не положам Вовед во Право во нормалните три сесии во јануари,јуни итн...ќе мора да запишам е2 семестар и ми се дава шанса плус уште некоја сесија да полагам наместо да презапишам?! Многу ми е збунувачко ....Нормално е паднеш семестар,го презапишуваш и одново слушаш и полагаш ...
@Macedonianbro Да надополнам. Да,ако не го положиш предметот додека има рок во трите редовни сесии,мора да го презапишеш со Е-2. Не се слуша предметот,само се презапишува.Дур има рок,можеш и во казнена сесија да полагаш. Е-2 се запишува и ако немаш услов за летен семестар и за можеш да полагаш во Јануарска сесија. Ќе појдеш на Студентски,ќе им ја кажеш твојата ситуација,ќе прашаш и ќе ти кажат што треба да направиш.