Да прашам финансово право испитот дали секоја година исто се спроведува на дополнување есејско и на заокружување? Какво искуство имате?
Имам за земање оценка,меѓутоа професорот заминал во пензија. Дали оценката може да ми ја пише друг професор од истата катедра? Некој има вакво искуство?
Дечки ќе сакате ли да дадете мислења и совети за предметите од 4 семестар и за професорите? Секој совет е добредојден. Исто така ми остана МЈП за презапишување планирам да поднесам молба да можам да го презапишам сега, не знам кај кого да го презапишам, мене Фрчкоски ми предаваше а сега тој е на ФОН, неговата асистентка Елена Михајлова-Стратилати е сега вонреден професор. Дали може кај неа да го презапишам и што мислите дали ќе ми даде потпис за да го полагам сега во казнената во март?
Според мое лично искуство професорката Елена е многу многу фина и добра,па не би гледала проблем за потпис и полагање кај неа,испитот ти е писмено со можност за усно допрашување.
Продавам книги за прва година ( втор семестар) Информатика и Англиски 2 книги. Ако има заинтересирани пишете ми лп.
Како е сметката на која се уплаќа за казнена сесија? И што треба да се носи на студентски, само пријава и уплатница или и нешто друго?
Иста е сметката како уплатата за семестар, на име на факултетот, исто така во цел на дознака треба да се наведи дека е за дополнителна сесија. Во студентски само пријава и уплатницата.
Девојки дали можете да ми кажете што обично МЈП бара на испит? Дали има теми кои не треба да се учат. И доколку се сеќавате да пишете некое прашање. Благодарам
Почитувани колеги, со оглед на ситуацијата на Факултетот донеле одлука за електорнско спроведување на наставата. Подолу во линкот има објавено детални инфомации околу ова, како и дополнителни информации околу колоквиумите и дополнителната казнена сесија. https://pf.ukim.edu.mk/известување-...d3ppnlNr7-blppTFjw9WCjugGEeMwFNPRqNNHuS6yRVH4