1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правилно акцентирање на зборовите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 19 октомври 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Како и сите национални јазици, и македонскиот јазик си има свои акценти на зборовите.
    Правилото за акцентирање, сигурно ви е на сите добро познато, затоа што се учи уште од 4 одделение. Секако, постојат и отсапувања, на кои што исто така треба да внимаваме.
    Да, можеби ние се изразуваме литературно, но дали правилно ги акцентираме зборовите?
    Па драги форумџии, дали правилно ги акцентирате зборовите или тоа го занемарувате?
    Како реагирате кога некој ќе неправилно ќе акцентира некој збор?
    Кога ќе слушнете некој чуден акцент? :lol:
     
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    па мислам дека литературно се изразувам..и акцент некој и да утне ке се насмееме малце и ок, не ме нервира толку многу....
    многу се нервирам кога некој македонски не зборува баш најдобро, додава и одзема букви од зборовите.. ама затоа англиски(или некој друг јазик) течно и прилично добро се изразува..
    исто така ме нервира кога ке видам СФАТИ.. напишано со В..
    кога некој ке каже прибидејки... каков е тој збор?? никогаш не сум сфатила..
    КРОМПИР.. :x :x СТРЕДА :x :x
    не знам се пишува одделно.. а не заедно..
     
  3. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Oдделение ;)
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Обично зборувам на дијалект, и акцентирам според дијалектот, но кога се бара литературен јазик, го користам правилното акцентирање.
    Дијалектите се дел од македонскиот јазик, а различното акцентирање е дел од дијалектите, но на телевизија користењето и на едното и на другото е недозволиво. Ми пречи кога ги слушам тие синхронизираните серии на тв (морам да напоменам дека не ги гледам, да си се исчистам од сомнеж ;) ), и кога ќе забележам неправилно акцентирање, а да не го спомнувам нелитературниот говор.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Епа кога зборувам литературно, се разбира дека правилно ги акцентирам зборовите. Е кога зборувам на дијалект, тоа е веќе друга приказна :D :D :D
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.421
    Јас не акцентирам правилно.
    НЕ викам Кисела‘ Вода, сувите‘ гранки, со акцентот на правилно место. Па смешно ми е, а згора на се и никој не вика така само наставничката по македонски. Или Та‘мара. Чудно ми е, и никогаш нема да зборам така.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Мислам дека "сувите гранки" не е акцентска целост ;)
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ И јас така мислам. Акцентот е на ТЕ само во народната поезија.
    А иначе за ТАМАРА.... како го изговараш: Тама‘ра? :^)
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Во маало си зборувам на сленг, си го обожаавам маалскиот сленг. Кога ќе излезам од населба е малку поинаку :) На јавни места, особено на работно место, исклучително внимавам како се изразувам. И ме живцира кога ќе чујам неправилно акцентирање од страна на колеги, и од сите луѓе со дејност во културата, јавни личности и политирари. Од останатите воопшто. Добро, ептен ако не е некој исклучок... 8)
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.421
    ^^ Во учебникот по македонски го имаме тоа. А Тамара, неможам ни да препознаам како го изговарам. :wasntme:
     
  11. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    сувите гранки е акцентска целост формирана од придавка и именка и акцентот паѓа секогаш на придавката и акцентирањето се врши на сувите ;) мислам дека е убаво да се употребува акцентот бидејќи ако не ни требал немало ни да го измислат :D :D ;)
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Сакам да се изразувам правилно,како што си е редот....Со оглед на тоа дека работата ми налага комуникација со многу луѓе,мора да внимавам.Со блиски луѓе нормално е да се употреби и некој сленг ама кога ќе се замешаш со друг народ, мислам дека мора да пазиме на тие работи.Сепак факт е дека Македонија има доста дијалекти и не можеме да очекуваме сите да зборат правилно,со акцентот на место итн.
     
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ги Акцентира следниве зборови ( интернет, компонира, атеље, антена, микроскоп, коментар, пиеса, култура ) Ви благодарам за секоја помош!
     
  14. lavce1359

    lavce1359 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    16
    микроскоп на И; коментар на А; антена на Е; ателје на последното Е; компонира на И; интернет на средното Е; пиеса на Е; култура на второто У. мислам дека се така ;)
     
    На EMILI1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ееее.. дијалетите се друга приказанаа. :!: Литературно секако сите мора правилно да ги акцентираме зборовите.. :) А обично во струмичкиот најчесто се акцентира зборот неправилно „телефон“.. на „о“ кога паѓа акцентот.. :puke:
     
  16. kiki200

    kiki200 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да напише 10 збора правилно и неправилно акцентирани ??
     
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.421
    Погоре имаш зборови правилно акцентирани, ама ти не ни можеше да погледнеш нели? Или сакаше некој друг да ти ја напише домашната работа?
     
  18. kiki200

    kiki200 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    океј е немора да напаѓаш :):*
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @kiki200 Правилата за акцентирање на зборовите во македонскиот стандарден јазик не се стихови кои можат да се прочитаат и механички да се научат. Тие бараат логика во разбирањето и правилен изговор во усната комуникација. Ако ги познаваш правописните правила и правилата за отстапување од третосложното акцентирање, нема да имаш потреба од помош, уште помалку некој да ги коригира твоите акцентски грешки во изговорот на зборовите.
    Тоа што ќе ги препишеш истите зборови од форум е само лицемерие кон себе. На тој начин нема да научиш ништо. Потруди се самостојно да постигнеш резултат и не очекувај дека секогаш некој ќе биде на располагање за да ти помогне на овој начин.
    П.С. Имаме толку убав литературен јазик што навистина не ја разбирам потребата од игнорантен и површен однос кон неговото изучување.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Знам многу добро на кој збор каде треба да стои акцентот, но кога зборувам се случува да нагласам друг вокал наместо правилниот.