Се надевам дека нема ваква тема,воедно и се надевам дека ке ви се допадне! Значи оваа тема ја започнувам,надевајки се дека ке можеме да подискутираме околу она :"Дали се плашите " да го прочитате својот текст пред пријатели,сакани и кога пишувате дали сте помислиле дека постои правило кое ке го следите на пример:ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ,БИДЕТE ИМАГИНАТИВНИ,БИДЕТЕ НЕЗАУЗДАНИ,БИДЕТЕ ХРАБРИ ДОДЕКА ПИШУВАТЕ. Или едноставно земате празен бел лист хартија го пишувате она што ви лежи,а потоа кога ке посакате да биде прочитано она што сте го напишале кај вас започнува некој вид на страв од критика .Би сакала да ги споделиме чуствата околу пишаниот збор.Поздрав
Дали постои правило за добар текст Страв од критика не сум почувствувала никогаш. Не се плашам да ги читам текстовите кои јас сум ги напишала пред други, но имам и некои приватни кои не сакам да стигнат до рацете на другите. Иначе, правило за добар текст, може да се каже дека постои. Добра тема + инспирација + стилски изразни средства + опширни и сликовити описи + конкретни и јасни реченици = би требало да излезе добар текст.
Дали постои правило за добар текст Можеби не правило, но некоја си формула. Добар текст е различен за различни очи. Секој има свој стил на пишување. Но, еве, мојата т.н. формула за добар текст би била: сликовита компарација + анафора + не предолги реченици + никакво забегување од темата.
Дали постои правило за добар текст па ова зависи различни вкусови,различни стилови итн.Еден текст различни луге на рзличен начин го гледаат....
Дали постои правило за добар текст Бегање од клишеа како од ѓавол ! И избегнување на реченици составени од еден збор кој би требало да ја долови уметничката смисла...