Правите ли разлика во стајлинг за дневно и ноќно излегување?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 27 јануари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Правите разлика на облека за дневно и облека за ноќно излегување?
    Правите разлика во шминка за дневно и шминка за ноќно излегување?
    Имате ли едни чевли за дневни излегувања а други за ноќни?

    Најчесто дневната гардароба е по лежерна и кежуал. Шминката минимална или пак и воопшто без шминка. Штиклите не се практикуваат. Затоа тука се ниските чевли, балетанките па и патиките.
    А за вечерни излегувања дозволени се различни експериментирања и комбинации на гардароба. Шминката кај девојките е многу појака. И секако чевлите на висока потпетица се присутни за вечерните излегувања.

    Некои практикуваат да ја делат облеката, шминката, чевлите, а некои имаат и јака шминка преку ден, други излегуваат навечер во патики (јес да некои журки баш дозволуваат патики ама па други воопшто не дозволуваат), други носат миничи хулахопки дизајнирани и мрежасти преку ден, други не се ни шминкаат за вечерно излегување, трети преку ден за шетање во парк и низград носат 12ка штикла итн.

    Вие во која група сте? Правите разлика или не?
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дење патиче, фармерчиња и маичка или блузичка, со спортско јакниче. Ретко и штикличка не многу висока, тексас-сукњиче со некои хулахопчиња дизајнирани (со цветови на пример и шарени, какви што не си дозволувам за навечер) и мантилче или капутче. Задолжително обетки, без нив не излегувам. Косата може да ми е средена, пеглана на пример, а може и собрана зашто ме мрзело на пример :lol:
    Навечер фармерки потесни или пантолони тесни, штикла задолжително, сукњичка и хулахопки месо боја, ретко свилени, почесто суптилно дизајнирани. Маички и кошулчиња што не се носат во дневни пригоди. Помасивен накит, гломазни обетки и гердан, прстени и триста чуда. Косата за навечер ми е пеглана или виткана, или некако поинаква, без разлика, повеќе внимание за вечерно излегување и посветувам. :)
    Секако дека имам различни чевли за дење, различни за навечер. Претежно оние дневните ми се пообични, или помалку што ги милувам. :wasntme:
    Патики носам и навечер, но само по журки кога сум, а одам често :dance:
     
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас правам и тоа како разлика, и многу ми е смешно, и глупаво кога ке видам преку ден 3 кила пудра, ружеви, сенки, кармини јаки, штикли, колани, обетки некои огромни, мене тоа ми е непријатно за гледање за преку ден. Јас обично ако имам мозолчиња, или подочници ставам транслуцентна пудра (таква имам во моментов и баш ми одговара за преку ден), која е многу лесна и дава природен сјај, малку масакара, сјај нежен, и обетчиња некои малечки. Косата гледам да ми е секогаш средена, без разлика дали излегувам навечер или денски, а додека за облеката најчесто фармерки, некоја маичка, и патики или балетанки. Бидејќи сум пониска, во летото преку ден носев од сандалите на полна пета што беа, баш вакви имам исти
    [​IMG]
    А за навечер, штикла обавезно највисока, обетки, белезици, фустанчиња, хулахопки со дезени, шминка многу појака, и има место за секакви експерименти навечер и во однос на шминка и облека.
    Мислам дека сите треба да прават разлика како се облекуваат денски и навечер бидејќи не изгледа вкусно, глобално гледано со извинување за исклучоци, морам да ги искарам битолчанките за дневниот изглед, кои иако важат за доста средени жени, треба малку да го одделат дневниот изглед. Бидејќи имам блиски роднини таму, многу пати тоа ми паѓало во очи преку ден.
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    А да :!: Шминка за дење, само маскара и сјајче или некое нежно карминче. За навечер, пудра течна, пудра камена, перли, молив за очи, маскара, сенка неколку нијанси, молив за веѓи (тенки ми се, што да правам), молив за усни, сјај во јака боја. Тоа е, си сакам да се цртам :lol:
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Стилот е тој, али разлика мора да се има.
    Не можам денски да шетам со корсети, чипки, мрежи, кратки сукњи, високи штикли...
    И ме нервира кога гледам девојки кои одат на факултет или било каде, значи денски, а изгледаат баш како за некое вечерно излегување, накинџурени шта да ти причам. Шминка едно кило...мислам, не оди.
    Се треба да е со вкус, средено и да се има граница.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Морам да се сложам.
    За Велигден дечко ми беше во Битола и поминал и во црква и кажуваше дека битолчанките биле по миничи, имало некоја со мрежасти хулахопки, есктра високи штикли .... и во црква преку ден.
    Невкусно!
    Невкусно е кога гледам во парк жени се шетат на штикли и на Водно.
    Невкусно ми кога излегле на кафе преку ден а има шминка мислиш била кај Владо Георгиев.
    Да не зборам за огромно деколте преку ден.
    Додуше овие правење не разлика за мене дури е и кршење на дрес код.
    Се е убаво во умерени граници. И шминката е добра за преку ден кога е умерена, и штикла е добро, ама не 12ка, добро е и деколтето ама не за да те гледаат во петок пензионерите и да си ги полнат очите.

    И да кога беше 15ти септември и почеток на студентската година Скопје личеше како за денска матура.
    Лелеле кич невиден.
    Штикли, сатени, шминки ауууу одат на факултет цуриве, немој да не бидат забележани |(
     
    На crazylady, Chocoholic, Fearless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Во врска со шминкањето јас преку ден имам течна пудра, маскара, и сјајче, но најчесто и навечер сум така, бидејќи не обожавам многу јака шминка.
    Но, мислам дека треба да се прави разлика, бидејќи се знае дека за дневно излегување не одговара јака шминка, туку таа е повеќе за ноќно излегување.

    Облеката, исто така мислам дека се разликува. Што не значи дека не можеш нешто што го носеш преку ден да го носиш и навечер.
    Според мене за ноќно излегување се потребни високи потпетици, кои и со фармерчиња и кошулче или некое интересно блузиче изгледаат убаво, а нормално и со фустанче, па најчесто и така комбинирам. Ниските чевли и патиките ги ставам во категорија на дневно излегување. И не сакам многу џунџурења :lol: навечер од типот на корсети, сатени, светкави работи... :lol:
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.477
    Пол:
    Женски
    Иако и преку ден и навечер претежно се облекувам поприбрано, сепак правам разлика. Не само за гердеробата туку и за шминката. Иако во последно време и ноќните излегувања ми се како денски. Сепак имало ситуации кога сум морала и преку ден да бидам облечена како за ноќно излегување. Тоа не подразбира миничи, деколтиња итн.
    Преку ден сум речиси секогаш на балетанки или ниски чизмички, ретко на штикла, а навечер се може да дојде во предвид :D
    Гардеробата претежно дневната ми е хеланки, туники, фармерки кошулчиња, со посекојдневен накит и чанти, а за навечер повторно истотот, само со понападен накит и понеобична чанта. Фустанчињата можеби припаѓаат на вечерната гардероба, сепак јас ги оставам за по свадби , многу ретко некој може да ме види во фустан :D
    Тоа што спомнавте за Велигден за во црква не е само во Битола, ако погледнете поубаво секаде има девојки што се облекуваат така.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кај мене во плакарот е организирано така што, работите за излегување можам да ги распознаам лесно, и да не се мачам пред излегување. (средениот плакар често картко ми трае,но тоа не важно) И плакарот со закачалки, каде ми висат фустаните, е поделен, така да од лево се фустаните за дневни прошетки, а од десно за излегување.
    Преку ден сакам да сум во некои полежерни панталони, хеланки, туники и широки џемпери. А на нозете сум во ниски чизмички, балетанки или старки. За во лето знам да облечам и плута, но чевлата сама по себе е многу едноставна и кежуал. Ставам накит и за преку ден, ама секогаш умерено и вкусно.
    За вечени излегувања си дозволувам попровокативна облека(поразлична од дневната, провокативно не значи и сатенско, светлуцаво, мини, пуфкасто, кичесто и сл.), кратко здолниште, високи потпетици, свиленкаста кошулка која е помалку проѕирна, поелегантен накит...
    Секако и шминката ми е различна.

    Јас не знам како некоја девојка воопшто би градела и негувала стил, ако претходно не распознава облека за преку ден и облека за вечерни излегувања!
    Лично, одбивни ми се штикли од 12 цм во 11 часот претпладне. Исто како што ми се одбивни и затеменети очи со три кила сенка, проѕирни хулахопки и минич за дневна прошетка. Толку невкусно и незрело...а толку често во Скопје, нели?!
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Во врска со шминкањето преку ден на мене имам ставено пудра,малку руж,маскара и лабело,додека за облека фармерки,панталони хеланки со некоја туника и патики или пак некои ниски штикли.За вечерно излегување користам повеќе шминка,од облека може некое фустанче штикли и т.н. Како и да е се треба да си биде со стил :) Исто и јас неможам да ги разберам девојките што на факултет носат штикли 12 см :^) на ништо не личат.Но секој ќе си се облака како што сака :)
     
  11. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Зар кај вас нема такви? :D Па во Битола за Велигден сите се натпреваруваат која од која ќе биде подотерана,ааа срамота е да не знаете.Јас секоја година го гледам истото пред црква,и тоа пред оние поголемите цркви каде не се диши од гужва за Велигден,сите гледаат да се стросани ко за во диско.А исто така и на шеталиште,корзо..многу си се дотеруваат како за на свадба.Миничи,штикличи 15тина цм и мажите испоседнати одоколу си гледаат модна ревија.Навистина,треба да постои ралика помеѓу денски и ноќен стил.

    Инаку јас сеуште сум мала,па нема некоја разлика во мојот начин на облекување дење и ноќе.Сеуште не носам штикли и сл.Но навечер можи повеќе да се нашминкам,да ставам нешто "посвечено" ако може да се каже.
    Тоа,ее..треба да се прави разлика,изгледа невкусно :)
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не сакам да изгледам нападно(понекогаш знам да експериментирам со шминката) но тоа е ретко

    за преку ден сум во фармерки, патики и некоја блузичка или ролка
    за во лето некоја подолга сукњичка или пошироки панталони и маичка со сандалчиња ниски и апостолки речиси секогаш носам обетки и по некоја алка, а може и некое интересно герданче

    а за навечер речиси секогаш носам сако, со сукњичка панталони, и ретко некое фустанче а од обувки чизми со повисока штикла повеке шминка и повеке аксесорис или пак во лето сандали со повисока потпетица
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    А тоа дека за некои девојки денот станал нок е вообичаена појава во Скопје...
     
  14. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас лично правам разлика и тоа многу.Си имам поделено облека што е за навечер и што е за сабајле.Дури слободно можам да кажам дека имам облека и за разни вечерни излегувања(неможе ако излагам на обично кафе навечер да облечам 15ка штикла, или некоја хаљина). Летно време насабајле ми се случило,бидејќи сум пониска,да носам на плута чевли(тоа за мене не се штикли :D ).Исто така внимавам и околу шминката.Неможам да поднесам кога ќе видам девојка во 12 саат насабајле со сто кила пудра на нејзе и светкав сјај.Грдо!А уште па летно време,на тоа жешкото аууу.Можам да замислам какво и е лицето без шминка :D
     
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Macush, и кај нас има такви нормално :) Но во Битола ми падна во око,
    бидејќи скоро сите така беа преку ден, затоа напишав, далеку до тоа дека кај нас нема. Се има секаде, но таму бројката беше најголема според мене :)
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Мојата зимска облека е строго поделена на дневна и ноќна, не мешам ништо, единствено може некоја фармерка да ја комбинирам и во двете варијанти, друго ништо. И шминка секако дека разликувам.
    Е летната не баш. Не ми е строго поделена, и најчесто ја мешам. Некое фустанче може преку ден да го носам со ниски сандалки, а може пак некогаш навечер истото да го носам со високи штикли. Исто и за фармерчиња и маички. Предку ден на пример со патики, а навечер со штикла и некој накит. Така во лето повеќе сум слободна некако во тој поглед
    Но никогаш, ама баш никогаш нема да се натрупам со шминка преку ден или да облечам штикла со некоја провокативна облека. Ноќното излегување зависи од местото, ако сум излезена во дискотека нормално штикла, шминка, така подотерано, е ако сум на некоја журка (што всушност најчесто сум :) ) - шо поедноставно, патики и маичка
     
    На crazylady и sesilija им се допаѓа ова.
  17. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Многу е невкусно она облекување во минич ,штикла,проѕирни хулахопки, светкави додатоци,нападна шминка преку ден :^) . СЕКОГАШ треба да сме средени како девојки но сепак тоа детерување не мора да значи 15ка штикла и нападна шминка.Кога се збори за денско излегување се знае патики (старки), фармерчиња , некои поедноставни маички , сега зимно време може и хеланки со некоја долга блуза или пак џемпер и секако ниски чизмички , додека пак летно време има работи кои може да се носат и преку ден и навечер како некои фустанчиња или панталонки но преку ден со апостолки или пак римјанки додека навечер со штикла (но само ако одам на диско) инаку главно практикувам ниско.Во врска со шминка преку ден единствено што користам е крема за лице и течна пудра зошто обично имам подочнаци , додека навечер единствно што додавм е малку руменило, маскра и течен кармин.Најмногу ми се допаѓа природниот изглед па затоа и секогаш се обидувам да го задржам и навечер :)
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Дневното и ноќното облекување кај мене се мешаат. Од проста причина што секогаш зависи од тоа што правам преку ден а што правам преку ноќ.

    Преку ден или сум на работа, или сум на кафе, или сум на прошетка, или сум на гости, или вежбам, или џогирам, или пак лежам дома. Епа знаете да замислите што од облека би доаѓало в предвид ;)
    Некогаш можам да излезам спонтано во 10 навечер на прошетка по ноќните улици, што не значи дека морам да седнам некаде, едноставно одам на шетање, па во таков спонтан момент облекувам што најдам - фармерки, дуксерче, шал, капче.
    Ако спонтано се одлучи да се оди некаде, продолжувам така.
    Ако испланирано се излегува некаде се трудам народски речено да се пицнам малку, ама бидејќи стилот ми е прилично casual обично носам фармерка со некоја блуска или кошула и во зима со чизмичиња на штикла, обично оние во каубојски стил (не знам како да ги објаснам) или пак со штикли во летно време, или пак со чевли со полна пета. Чат пат сукња, чат пат фустанче, чат пат патики и фармерки ако затерам директно од кафе на хип хоп - што морам да признаам одамна не сум направила и ми недостига :)

    Па ако се заглави до 6 сабајле ноќното автоматски станува денско облекување нели?

    Сума сумарум, не се оптеретувам премногу со тоа што ќе облечам освен ако не се работи за фенси коктел организиран за клиентите од работа. Тогаш внимавам да го додржам dress code-от затоа што во тој случај ја презентирам сериозноста на фирмата, а помалку себеси. Но никогаш не изгледам како новогодишна елка, ниту како кутија преполна со светкави бонбончиња од Европа. Кај мене важи тоа дека во едноставноста е убавината, а посебноста и специфичноста се постигнуваат со парче накит и дефинитивно со марама која ми е нешто како a must во скоро секоја прилика :)
     
  19. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Россонерче и во самото твое мислење убави си ги разграничила овие две појави.Се сложувам во целост со тебе.Значи правам разлика од дневни и ноќни комбинации облека и дневна и ноќна шминка (преку ден не се шминкам,скоро никогаш,освен ако немам некоја обавеза).Се знае за школо фармерче,маица или блуза или џемперче,јакна,соодветна ташна и со тоа балетанки или патики или чизми,и не ставам шминка за школо.За навечер за излегување шминка (но и покрај тоа што е ноќна не е многу нападна,секогаш си одам според тоа правило или се истакнати очите или усните)интересна комбинација нешто фустанче или сукњичка и штикли,само ако е некое поопуштено излегување може ниски чевли,балетанки или чизми.И секако правење разлика летна и зимска гардероба! :!: Смешно ми беше на Новогодишна ноќ облечени во цветен дезен,цветови во коса,голи нозе... :fubar: Тоа би било засега.. :* :)
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Секако дека правам разлика :) Не се излегува со фустанче светкаво на сред бел ден, фала Богу. Пудра не ставам преку ден, и шминката ми е различна, се има своја намена :!: Всушност, правам разлика меѓу официјално излегување и обична прошетка, макар и денско кафенце :)
    Е сега, имам другарка која носи светкави сиви хеланки и тиролка со циркони за на кафе во Вирус ама тоа е, мора некој и така да се облекува :D
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.