1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правите ли разлика во стајлинг за дневно и ноќно излегување?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 27 јануари 2011.

  1. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.018
    Секако.
    Никогаш не би излегла по кратко фустанче, со огромни обетки или чипкани цветови и пуфчиња на косата за на кафе или за на факс... секое парче облека си има време и место како да се искомбинира.
    Шминката исто така ми е различна... ма да и ретко ставам пудра денски ... само маскара и сјајче е доволно
     
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Јас правам разлика за дневно и ноќно излегување.
    Преку ден најчесто сум во фармерки и (не многу отворена)маичка/блузичка(зависи од годишното време) :lol: и во ниско.Патики,папучки,балетанки или може и ципелчиња ама ниски.Не ставам пудра што слободно може некој да ми ја рине со лопата :D најчесто за дневно излегување ставам сјај за уста и маскара.
    За вечерните излегувања сум поелегантна,носам повеќе деколтирани маички,штикли,понекогаш сукњи и секако,повеќе сум нашминкана.Иако и за навечер несакам да претерувам со шминка.Обично се шминкам многу нежно-не нападно.
    И многу ми е глупаво кога ке се измешаат овие две работи,посебно кога ке видам некоја преку ден излегла на кафе,а се спремила како да пошла на свадба. :puke:
    Ужас!
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Шшш полека со Битолчанките :!: :D :D
    Се зезам..Чиста реалност си е тоа,дека кога врвиш на Широк сокак,треба да си како на модна писта..
    Да,да и ќе речат ауу види ја оваа по патики излегла :tmi: WTF??? Епа така си е де..
    Си правам разлика помеѓу дневен и ноќен стајлинг секако.Посебно при изборот на чевли,сандали..
    Се знае колкава штикла (доколку носите штикла денски) се носи за на кафе,колкава за во дискотека..
    Истото и со шминката,да не се повторувам,денски она најосновното...
    Летно време балетанче,римјанче си брка работа..
    Зимно чизми ниски за дење,високи за ноќно излегување..
    За жал на многу не им се разграничени овие поими..па кога ќе ги видам на факултет со штикла 12 сантима :tmi:
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Нормално дека правам. Не ми оди некако сред бел ден да опнам сандала 12ка. Или навечер во дискотека на пример по патики да појдам, или во лето по јадранки. Се‘ си има своја намена и се знае што кога се носи. Како што спомна Вики4е, кога ќе ги видам на факултет, штиклосани... :x ко којзнае кај одат.
    За шминката во глобала не ја користам многу, па денски имам минимум од минимумот. За навечер секако дека си „дозволувам да се опуштам“ :D и да се нашминкам понападно (колку може да биде МОЕТО нападно?).
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Уште да не се прави разлика и ќе биде весело хаха :D
    Секако треба да се прави разлика помеѓу дневен и вечерен изглед, општо познато правило :)
    Не можеме да одиме со истата облека и шминка на работа и диско. Воопшто не ми изгледа убаво кога ќе видам некоја прешминкана девојка на работно место. За секој стајлинг си има време и место ;)
    На работното место шминката треба да биде суптилна и не-нападна, облеката деловна и во согласност со кодексот на облекување....во диско веќе се е дозволено - и нападна шминка и деколтирани маици и екстремно мини (според мене и тоа е ок) доколку добро се искомбинира знае да изгледа модерно и не-кич. До душа можам слободно да кажам дека во последно време по дискотекиве има се повеќе девојки кои се прешминкани, преголи, пренападни......па уште со тој стајлинг да ги гледам и преку ден ??!! НЕМА ШАНСА порадо не би излегувала од дома :D
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да, правам разлика, голема. Не можам да се замислам преку ден со нападна шминка и 12цм штикла. Се знае преку ден кежуал а за вечер може да се дотераме малку повеќе :)
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Значи кога ќе видам девојка на кафе насабајлечки, исфирцана во свилени хулахопки,фустанче со чипка кое беше со гооолемо деколте -за да и се види љиљаковиот прслук :lol: на девојката- која патем немаше гради :( и црвен кармин и опавчиња завиени со туш на очите ,како да не ти се :puke: аманнн девојки,не велам у трењерки да се искача ама вака :x :| девојката што ја опишав денес ја видов на кафе и неможев да се изначудам ,ај шо се исфирцала ок,ама барем да беше со вкус :|
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Значи треба да се знае што за каде е :) Секако дека правам разлика, и самата облека во плакарот ми е подредена како облека за дневни и опуштени варијанти и облека за излегување.
    Секое парче одговара на соодветна пригода.Нема смисла да се појавиш на спортски натпревар со 15см штикли, исто како што нема смисла да отидеш во диско со тренерки.Секојдневие е многубројни фуфици да се појавуваат со сатен, циркони, длабоки деколтиња,енормно високи штикли за на кафе преку ден.А за шминка да не збориме, пола кило туш и бројни други зачини :tmi:
    Мене ова ми делува многу невкусно.Исто сум забележала на утакмици идат да гледаат со штикли огромни, ептен шминка и накит.Алоо па сепак се работи за спортски настан!Ама тоа е тоа кај нас, мислат дека кога ќе имаат циркони на себе ќе се поубави ..иако тоа е смешно за соодветната пригода.
    Јас во принцип секогаш правам разлика помеѓу дневен и ноќен стајлинг.Преку ден сум со минимална шминка значи само малку маскара и сјај, најчесто во опуштена кежуал варијанта и носам ниско или патики..а понекогаш и полна пета ама во никој случај многу високи.И ставам понезабележлив накит,без претерување.Се знае дека за излегување малку повеќе се шминкам, ама сепак не претерано..се си има граници.А и во зависност од тоа каде излегувам ја избирам облеката, сепак мене сатени, светки, циркони и што ти знам не дури и за свадба ми се премногу кичести и светкави :wasntme:
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да па се знеа мене лично ми смета што во денешно време не се внимава на летна и зимна гардероба.Имам колешка на работа секој ден е во различно ама се во тенки фустанчиња,шарени хулахопки,чизми различни па пред некој ден сакав да и речам овие фустанчиња ти се пролетни,летни не се за во февруар,ама си прекутев не убаво изгледа на око.
    Многу внимавам за на работа обично носам штофени костуми имам еден убав на хепенинг во него се чуствувам дамица,а сега скоро шиев во еден салон костум со елече и некако големо убаво се чуствувам.
    Секогаш сум нашминкана дискретно и бужутеријата пазам да ми е во тон.
     
  10. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    Па секако дека постои најмногу мразам нашминкани тетки како за на бал рано посабајле -уфирцани во несоодветна гардероба ,па уште сред лето кога ке се избањкаат со пола литар тежок -зимски парфем ми оди да вриснам,ама си молчам и почитувам право на избор..
     
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Секако. За денски треба да се носи полежерна, покомотна облека и обувки, накит ( по избор) во согласност со облеката и секако се да е добро искомбинирано. Што се однесува на шминката, јас мислам дека треба да е минимална, да се има што е можно поприроден изглед. За навечер, пак, можеме да си дозволиме и „ експериментирање“ со облеката - да се облечеме поелегантно, потипски, да облечеме штикли, да се нашминкаме повеќе. Имам видено многу лапсузи т.е. на погрешно место да се носи погрешна облека, на пр. на факултет или на училиште да се носат мини сукњи, деколтиња, високи штикли, бижутерија и шминка еден тон, на излегување преку ден да се изгледа како за на бал,или пак кога одев на играорна кога ќе дојдеа некои девојки изнашминкани, со голи стомаци и хеланки, а под нив да се гледа тангата :x За парфемите, в глава ме мава кога ќе помирисам некој среде лето изнамирисан со мирис од ванила или со Бондаж :puke:
    Што се однесува на мене, јас дневно се облекувам поедноставно, поудобно, кежуал, најчесто сум во патики, чизми и чевли - сите ниски, а на пролет и на лето носам балетанки, сандалчиња, јадранки. Навечер знам и да се „поддотерам“, но пак гледам да се чувствувам удобно во облеката што ја носам, а тоа е облека што не ја носам дење. Носам штикли понекогаш, накит - доволно за да разбие монотонија, а некогаш не е ни потребен. За денски не се шминкам, ставам лабело во боја или сјај, а пудра ставам кога подочњациве ми се гледаат од авион и ги „ малтерисувам “ за да не се гледаат :lol: . Навечер ставам маскара, малку моливче за очи и сјај или кармин, а понекогаш и се шминкам понагласено - повеќе ги изразувам очите.
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Се разбира дека правам разлика во дневно и вечерно облекување!
    Преку ден сум најчесто во плетени фустанчиња, дебели хулахопки(понекогаш дезеирани), хеланки, туники, памучни едноставни фустанчиња, фармерки, тексес сукнички, џемепери, памучни блузи... Значи поедноставна, попријатна облека! И преку ден носам штикли, секогаш, но не на превисока штикла, најчесто чизмите кое ги носам за на работа се со штикла махсимум 6/7 см! Носам и големи ташни а накит за дневно излегување воопшто не ставам! Понекогаш комбинирам со некоја марама и тоа е!
    Се шминкам и за преку ден, пудра, руж, молив за очи, маскара и некоја побледа сенка!
    За излегување пак знам да обелчам тесни фустанчиња, кратки сукни, деколте маици, јака шминка, повеќе накит (обетките се најчесто поголемки), понекогаш црвен кармин, високи штикли (10 см), плико ташни... Сето тоа ми изгледа невкусно кога е искомбинирано за дневно излегување! А многу девојки имаат храборст да се облечат како за во диско и тогаш кога ќе седнат на едно обично кафе! Ама тоа е, секој е приказна за себе!
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Eте пример денес облеков фустан за на работа и чизми со средно висока потпетица и си умрев од срам цел ден :D
    Си ја замислувам комбинацијата за вечерна, не за дневна, едноставно тоа не сум јас и точка. За мене фустаните (сеедно што не е свечен) ама ми се пред се за вечерно излегување, добро има убави летни денски фустани, ама ете јас денес одвај чекав дома да се соблечам, ама и одваааај ќе чекам некоја вечер да си го облечам пак.
    Не бе не, заникаде сум :D
    (комбинацијата ќе ја видите деновиве во модни критики :lol: )

    Сакам и се трудам да правам разлики за дневно и ноќно излегување. Иако за мене нешто што е само ноќна комбинација, за други ќе е денска. Така да се е вкус во прашање, а со тоа и таа разноликост низ град кога девојки мислат дека денските комбинации им се сосема ок, а мене ми се пресвечени.
    Али сепак посебно разлика правам за шминка. Сенка никогаш не ставам преку ден. Навечер обавезно тоа и моливче и друга пудра користам попокривлива и пудра во прав обавезно, денски си користам течна пудра која е за сува кожа и е пола кремче всушност не покрива многу :)
    И дел од акцесорисот ми е исклучиво за ноќни комбинации.
    Највисоките штикли исклучиво ноќни.
    Порано ич не носев високо преку ден, сега малку по малку носам, ама прихладна штикла средна или со полна пета :)
     
  14. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    дали правам разлика па секако дека да немозам да се облечам денски како за на свадба како што многу девојки прават се знае денски фармерка,блузичкаи,ниски чизмички а некогас и без шминка само лабело и маскара ако мозе да се нарече тоа шминка,а за вечерно па секако мозам да си дозволам малку повеке make-up и се разбира и друга облека зависно од тоа каде одам
    позз
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Бидејќи работам во државна институција, дневното излегување ми е поретко, но секако внимавам на денско/ноќната гардероба.Секогаш кога излегувам на кафе, најчесто тоа е недела, облечена сум со некоја туника со ролка, чизми ниски, некоја ташна обично голема(обожавам големи ташни) и само пудра, додека на работа си носам панталони, кошула задолжително, суќни до колената, чизми или штикли со некоја минимална висина, шминката -пудра, руменило, маскара, и некоја нежна сенка.За ноќните излегувања носам претежно фустани, со високи штикли или чизми.
    Пред некој ден кога бев да полагам , имав што да видам колешката од факс, мислам дека има околу 21 година облечена во црна минич сукња , со бела кошула со деколте, 18см штикли,нашминкана од туш до сенка до руменило 5кг останав ваква :o , доаѓа на испит :!: , велам па оваа секој ден ли доаѓа на предавање ваква(бидејки е редовна) , и една колешка вика ќе си ја чукаме ние главата од учење а она ќе има 10 :fubar:. :@
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Секако дека правам разлика.Моите ноќни излегувања се поретки,два-три пати во месецот и тогаш сакам вистински да се дотерам.Ставам и појака шминка,облекувам најчесто фустани,високи салонки,помали плик ташни и некое парче накит.Иза мене вечерни излегувања се и детски родендени,но таму одам најчесто облечена како за дневно излегување.
    А за дневно излегување ,на работа и слично сакам каде и да сум да сум средена и дотерана.Носам памучни фустани,дезенирани хулахопки, и панталони со сакоа,Знам и фармерки да облечам,носам најчесто чизми и скоро секогаш носам штикли(н0рмално не многу високи).Шминката е многу дискретна,само малку подлога(пудра),сјај и маскара.Не сум тип што многу се кити(за мене важи правилото:помалку е повеќе).
    Инаку како мајка на две деца кои имаат секојдневно некоја активност,Најчесто сум во фармерки,ниски кондури,чизми,балетанки(во лето),поспортски блузи,маички...,и за прошетки во парк тренерки и патики најчесто. :)
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Правам разлика .. и исто така правам разлика зависи од местото каде што ќе одам .
    За навечер повеќе се дотерувам и повеќе се шминкам , а преку ден на кафе кога одам тогаш сакам онака спортски да се облечам и поудобно да се чувствувам а шминка малку само колку да се рече .. :)
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    4.537
    Нормално дека треба да се прави разлика меѓу денско и ноќно.
    Навечер се облекува потеско,по секси.. Преку ден малку пообично.
    Шминката преку ден,треба да е светла (кафеави нијанси),а преку ноќ малце подраматична(сиви,црни нијанси).
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.705
    Па секако дека се рпави разлика .Преку ден се облекувам поедноставно со понежна шминка на мене но сепак сум нашминкана..бојата на сенката за очи скоро и не се забележува , гледам да не биде некоја светкава , преферирам мат сенки со кремова или бела боја. Сјајот за уста преку ден најчесто е проѕирен , но со силикон :!: (неможам да поднесам да се маслосувам секои 10 минути и затоа внимавам при изборот).пудра преку ден ставам или само течна или само камена никако 2те заедно бидејќи е ту мач :yawn: Носам ниски чевли во текот на денот дури и ако излегува на кафе , сепак е ден !
    Навечер е друга приказна :lol: не не .. не се разликувам премногу од денот само што онекогаш носам фустанчиња , со црвени карминчиња ,кило маскара.. :lol: сепак не претерувам многу со пудрата бидејќи не сакам да изгледа вештачки , а иако сакам да носам високи чтикли неможам да си дозволам бидејќи ќе се издвојувам од останатите како професорка ќе сум ,затоа средна големина е најприкладна.
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Сребрени каиши, ташни и штикли за денско искачање ми се крш.
    Денски удобно: хеланки, марами, опуштена подолга блуза и патики или високи чизми.

    Вечер, зависи каде...
    Се ова само место патики, обично чизми периодов...
    Или ако одам на свирка, старки.