1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правите ли разлика во стајлинг за дневно и ноќно излегување?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 27 јануари 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ова и за вечерно излегување е крш. Среќа замре златно-сребрената треска, секоја втора девојка светеше ко диско топка.

    Инаку, за дневно излегување секогаш сум преферирала земјести и природни тонови на облека, јаки бои само на пролет и лето, штикли не доаѓаат предвид. Спортски тип на девојка сум, патиче за преку ден ми е најдобар избор. Од шминка само малку пудра, маскара и неутрално лабело. Едвај чекам да се стопли времево, да си ги извадам од плакар долгите летни фустани што ги обожавам.

    А за вечерно излегување нормално, појака шминка (не експериментирам многу, смоуки ајз стил си терам), задолжително штикла, освен летно време кога може да улета и некоја римјанка. :)
     
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Правам голема разлика за вечерни излегувања ставам малку повеќе шминка ќе носам или хеланки или хулахопки и некое фустанче,сукњичка а мозе и фармерки или панталони комбинирани со некоја добра штикла сега зависи од тоа дали вечерното излегување ќе биде во дискотека или само онака на шетање ако е за шетање нормално дека ќе биде малку по лезжрно.
    А дневното излегување ми е малку по спортско и практикувам да е без шминка т.е само малку маскара
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    4.554
    Пол:
    Женски
    Да ноќната шминка ми е малку појака,носам штикла,повпечатлив накит...за разлика од тоа денското излегување или идење на факс ми се состои од блузички дуксерчиња панталони патики и многу ретко шминка ептен ако седнувам негде па ставам само туш или црно моливче
     
  4. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Преку ден се облекувам спортски ( патики, фармерки-хеланки, дуксерче, маица), ретко ставам пудра ( летно време никогаш ). А навечер шминка обавезно и се разбира фустанчиња, суќнички, балетанки, штикли :)
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Да,да секако дека правам.Неможам да замислам ноќе да се облекувам како за дење и обратно.


    Денското излегување вклучува поспортска облека како:тренерки,фармерки,спортски блузички,балетанки,патики,ниски сандали,поблага шминка (креон и пудра),додека ноќното е сосема друга приказна.


    За ноќно:малку поелегантна облека:кратки сукњички,поелегантни блузи,фустанчиња,штикли појака шминка (пудра,креон,сенка,кармин/сјај)


    :)
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не паметам дека некогаш сум искочила преку ден како што би излегла за вечерно излегување. Обратно да, се случило.
    За лежерна вечер, кога ме мрзело да се преоблечам и така натаму...

    Што се однесува до чевли и шминка пазам поради годините. Не ме личи преку ден да се опнам во високи потпетици за да прошетам низ ГТЦ.
    Знам дека нема да припазувам на ова кога ќе бидам повозрасна. Уште сега имам во глава комбинации, исто како што имав и пред 3 години, па дури сега ги носам. :D
    За преку ден smokey никако. Дури и навечер не се шминкам нападно освен ако не снимам видео па да не трошам дупло шминка ги спојувам двете во едно.
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па секако не е исто, преку ден носам фармерки, маичка и сандали на платформа преку лето, а зима ниски чизмички.
    Што се однесува до шминката секако дека ако искачам навечер ставам повеќе шминка, и облекувам штикли и облека која е прикладна за местото каде што искачам :)
     
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно,да..никогаш не би излегла денски со вечерна облека или со штикли..додека пак за навечер ко ќе е ептен лежерна вечер се облекувам како за денски..инаку за важни вечери обавезно дотервање. :)
     
  9. foreverbeautiful

    foreverbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Секако дека правам.. зависи за што,секогаш во неделата не с облечувам многу кич за излевање,повеќе петок и сабота.....ја би излегла со штиклите што ги носам и навечер ама облеката...
    Сигурно дека нема да го облечам фустанот кој го купив само за навечер.........
    за дневно излегување нешто вакво :
    а за вечер
    или
     

    Прикачени фајлови:

  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Навечер обично се облекувам поелегантно,со нешто понападна шминка,штикли и свашта.
    Дење-одлепени комбинации,најчесто патика , сандали на плута или римјанки со некое штосно фустанче ,фармерки и маиче или слично.И обавезно туш за оши,во секое време.
     
  11. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Има разлика но во последно време неможам да ја одвојам гардеробата па тоа што пред некое време сум го носела за навечер сега го носам за преку ден =)
     
  12. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Секако дека да неможам да го носам истото што го носма за дневно излегување и навечер во никој случај :)
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Правам. Се знае што за денски, а што за невечер! Дури и во плакарот облеката ми е поделена на рафотви кое за кога е...
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И правам и не правам...Зависи од приликата :)
     
    На Melaniiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секогаш правам разлика, затоа што грешките од ваков тип може да изгледаат смешно. Си знам што ми е за преку ден, а што за навечер. На пример, преку ден никогаш не излегувам со штикли. Исто така внимавам и шминката да е соодветна.
     
  16. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Секако дека правам разлика! Се трудам денските парчиња да бидат поедноставни,спортски а за навечер спортско елегантни! внимавам многу и на шминката покрај гардеробата но се зависи и од приликата каде се оди нели? :)
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    да правам, имам облека која ми се исклучиво за навечер и обратно.
    но имам и некои алишта во средина - кои и за навечер и за денски можат да се искористат.

    за накитот - навечер може да биде понападен, посветлуцав.

    за навечер исклучиво штикли.

    шминката за навечер - повпечатлива.
     
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Секако дека правам!Посебна гардероба за вечерно излегување,посебна за дневно.Не можам да замислам да излегувам навечер со иста облека која сум ја носела преку ден |(
     
  19. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Да правам. Дневно излегување го дефинирам по едноставно,обично за разлика од ноќното излегување. :D
     
  20. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Мене па многу ми е убаво кога ке видам девојка средена и преку ден топ со сминка и дотерана(секако со усул, не ала порностар), вие сто критикувате сигурно сте завидни. :^) Инаку, да си кажам за мене - преку ден многу ретко и се сминкам, ама кога ке се насминкам сакам и сенка да ставам така поубаво ми е. А, за облека, претежно имам унисекс гардероба, онака класиЧни парЧиња, така да и не правам разлика (освен ако не е несто со слјокици да се разбереме па да го опнам преку ден), само висока стикла и накит може да се каже дека прави разлика во моите веЧерни излегувања.
     
    На Cacy и Melaniiii им се допаѓа ова.