1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правите ли разлика во стајлинг за дневно и ноќно излегување?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 27 јануари 2011.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Правам разлика но не голема...преку ден некако по опуштено се облекувам и нема шанси на штикли да испаднам додека за навечер е подруго...носам и штикли а многу ретко облекувам патики...а шминката ми е иста само креонче ставам и спремна сум 8)
     
  2. macencetoo

    macencetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    :) правам и тоа голема разлика ,денски е друга шема а навечер друга таман работа исто да се облекваме
     
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Правам како не.
    Најмногу накитот ми е поделен во дневен и ноќен, а облеката комбинирано.
    Зависи
    За дневни излегувања најчесто фармерки, маички, џемперчиња
    Фармерки си носам и за двата типа. Сукњички исто
    Кожниот фустан дефенитивно ми е резервиран за ноќно излегување.
    Кога го носам него самодовербата ми скока на 110%
    Штикли најмногу за вечерно излегување
     
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Правам и тоа огромна. За навечер имам многу убави свечени фустанчиња, штикли и накит, правам фризура со саати, а за преку ден многу по проста да речам облека. Да ме види некој преку ден не би рекол дека сум истата вечер и за тоа многу се нервирам. За преку ден ни правам фризури, ни средувам коса каква ми е таква ја носам. Едни фармерчиња или хеланки и маичка ми се доволни за преку ден, шминка минимална а накит не носам. А ова сум го приметила само кај мене. Сите други другарки школски и сл, поважен им е стајлингот за преку ден отколку за излегување. За преку ден ќе ги видиш издотерани, со фризури со накит а навечер ја носат пак истата облека. А ајде де сега....кој греши јас или тие? :?: :D
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Ова дефинитивно треба да го прочитаат некои студентки. Јас како што ги гледам, страшни се. Не ти шминка, три фасади пудра и сјај за усни, од оние што ти ги праве усните како силиконски, не ти висока штикла, не ти таму некое сатенско блузиче...

    Е сеа мене ми е океј да се оди со штикли на предавање, ама се знае какви, некоја ниска симпатична штикличка.

    Генерално облеката не ми е поделена, но се знае кое парче, како и кога треба да се искомбинира ;)
     
  6. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    преку ден најчесто сум на патика , фармерка и маичка и користам пудра и маскара..
    а за навечер ако сум на забава роденден сум на штикли а вака за шетанје ваму таму балетанки или сандали... шминката ми е скоро иста + - сенка или туш понекад
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас и навечер и насабајле сум си исто.. :rofl:
    Фармерки, блуза дуксер, ако е лето рамбовка, може хеланки некогаш, а и тренерки. :rofl: Не излегувам по кафичи и дискотеки, по населба се шњурам, да искочам во фустан и штикли (уште да ги имав :rofl: ) нема шанси теоретски.Од обувки сандали во лето, за во есен и зима патики, може и балетанки во есен и пролет.
    А и ен се шминкам, само лабело.
    Хаљини, фризури, шминка тоа само за по свадби и ака некои посвечени настани. ;)
    А иначе ми се лоши кога ќе видам некоја во школо со шљокици и кожни хеланки а доле патики, пудра има со лопата има да ринеш од неа, па и врв туш на очи и сенка плава. :tmi:
     
  8. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Па секако... :)
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Да правам, и специјален поздрав до Битолчанки кои според мене не прават (со огромна почит за исклучоци).
    Некако ми е смешно на сред бел ден, за низ чаршија обетки на толкавии, алки, ланче, наочари, фризура, штикли, чанти, миничи, хеланки, итн. Некогаш се прашувам да не спиеле така од ноќта на излегување. Се знае за во кафич држи место, али за преку ден, па па па...
     
  10. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    правам разлика секако... преку ден спортски обично фармерки, блуза, патики или балетанки додека за навечер бидејќи скоро секогаш одам по кафичи дискотеки носам нешто така по свеченко фустанче, некои панталони и штикли
     
  11. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    според мене секој кој се разбира во модата треба да прави разлика помегу дневно и нокно облекувње.Постојат некои парчиња облека кои едноставно ако ги носиш денски ке изгледаш смешно во нив односно премногу нападно,а па за нокно се совршена комбинација...Сепак не сум тип кој сака да носи некакви фустани за нокно излегување затоа што сметам дека некое девојче може да биде 100 пати посекси во некоии цевка фармерки отколку во некој пренападен фустан....Посебно ги обожавам блузите со гол грб и мислам дека тие се многу посекси отколку блузите со отворено деколте т.е. со цициките фуста,тоа ми изгледа како некоја бугарка од планета.... 8)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека има разлика, тоа има разлика не само дали е ноќ или ден, туку и местото и поводот за излегување.
     
    На 1bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1bunny

    1bunny Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    20
    Of course !! Мора да постои тука разлика :!:
     
  14. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас воопшто не се сложувам со твоето размислување. И самата си кажа преку ден да те види некој нема да те познае од претходната вечер. Според мене девојката треба да си се одржува и преку ден и преку ноќ, а не преку ден ко плашило да се шета, без шминка а преку ноќ ко холивудска ѕвезда да излегува. И што ете ако оној кој ти се допаѓа, не излегува и те знае само каква си преку ден? :wasntme:
    Кога веќе сакаш да си природна, со лежерен стил така одржувај си го стилот и за излегување а не да се претвораш во друга личност како Пепелашка.
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    јас правам разлика помеѓу стајлингот за дневно и ноќно излегување, но не одам денски воопшто не средена. Сепак се шминкам минимално со дискретен накит и мн ретко носам штикли денски, но некогаш истата облека можам да ја ставам и за приквечерно кафе,а за навечер претежно ставам повеќе шминка и повеке се дотерувам ,но не драстично за денски да не ме препознаат.
     
  16. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Треба да се разликуваат дневниот и вечерниот стајлинг.
    Дење сум поопуштена, па и изгледот ми е таков. Бидејќи сум сеуште во средно, морам да носам нешто рамно, балетанки или патики. Шминката е ненападна и често зависи од временските услови, но најчесто практикувам само пудра и малку руменило. Косата ми е благо извитката или собрана во репче.
    Има разлика и од излегување до излегување.
    За некои полежерни излегувања сум облечена најчесто во сако со фармерки или блуза што не ја носам за дневни пригоди со балетанки, со повеќе накит и понападна шминка. Некогаш правам и исклучок, облеката што ја носам за преку ден знам да ја облечам и за вечер, ама облеката што ја купувам за вечерни излегувања не ја носам дење. Косата ми е собрана во пунџа, или испеглана.
    За излегувања во диско или посвечени пригоди сум многу комплицирана. Ако купам некое фустанче што не можам да го комбинирам со многу работи многу често останува во плакар веќе необлечено. За секое второ наредно излегување купувам нешто ново. Морам да си ја сменам одвратнава навика, преоѓа веќе во опседнатост.
    Вака кога гледам што сум напишала, балетанките најмногу си ги сакам. Во секоја комбинација се присутни! :D
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Да правам разлики. :)
    Дење обично имам некоја по дискретна шминка(ама не е без ич)
    Облечена сум во кежуал стил.Ноќно излегување е друга работа.
    И да,не спаѓам во групата кои одат не-нашминкани на вечерно излегување.
    Тогаш правам по впечатливи комбинации.
     
  18. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Секако дека правам разлика , преку ден балетанки или високи потпетици со полна пета, фармерки или летно фустанче, нежна шминка..... за вечер фустанче или сукња , високи потпетици , малку потемна шминка
     

    Прикачени фајлови:

  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    секако дека да
    денски не се шминка а ноке да
    не немам зависи. чевли, само денски штикли не носам а другото се случува и дење и ноќе да го носам...
    правам разлика но не некоја голема значи се знае што се носи ноке а што дење... :D :D :D :D
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Секако дека правам разлика, затоа постои дневен и ноќен стајлинг. Нешто што морам да кажам е дека иако за дневна варијанта не се дотерувам премногу, секогаш имам шминка на себе (минимална, секако, за дневен изглед). Од облека, обично носам некое фустанче, сукња, фармерки со кошулче/маичка и балетанки, ниски кондурчиња или чевли на полна пета.

    За навечер, исто така шминката се подразбира. Малку појака, но доволна за да бидам јас ЈАС. Останувам препознатлива и личам на себе, не претерувам. Имам парчиња облека за вечерно излегување кои нормално, ги комбинирам со високи потпетици, но се случува и некои фустанчиња, сукњички или фармерки кои често си ги носам преку ден со ниски чевли, да си ги облечам и навечер со штикли. Мислам, не живееме во Холивуд па да имаме безброј парчиња посебно за дневни и посебно за ноќни пригоди.

    А исто така, често кога излегувам навечер онака опуштено, за на кафе, се случува да си се облечам како за преку ден (фармерки, маичка, чевли на полна пета). Ако излезам на пр. во вторник навечер за на кафе, сигурно нема да се облечам како за во сабота во диско :wasntme: Сметам дека и тука треба да се прави разлика, не е секое вечерно (па и дневно) излегување исто, сепак зависи од пригодата.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.