Почитувани, Остануваат некои прашања кои не сте ги дообјасниле . Тоа би биле : Што Ви рекоа Вас во Катастерот за веќе приватизираниот дел?( Го прочитав делот за имотниот лист што го имате наведено ,но пишете што Ви рекоа за веќе завршениот процес на приватизација и трошоците што сте ги поднеле .Што со тоа?) А што се однесува до Вашите прашања .... Одговорот на првото е дека субјектот А може самостојно да ја заврши постапката,а што понатаму ќе треба прво да дојдете до одговор од надлежните институции што може да се преземе со веќе приватизираниот дел. Според мое мислење без разлика што се сменети броевите на парцелите или што и да е, веќе донесено решение треба да се почитува или да се прогласи за неважечко со друго решение ,на кое Вие ќе си имате право на жалба. Пишете подетално .Поздрав.
За недообјаснетиот дел: 1. Поднесено барање за приватизација на градежното земјиште до општина - Јуни 2009 2. Добиено Решение за приватизација од општина - Ноември 2009 3. Поднесена Пријава за запишување на промена во Катастар - Ноември 2009 4. Во Јануари 2010 добиена е Потврда од Катастар за одбивање на пријавата за запишување на промена поради несоодветност на податоците, согласно член 171 став 1 од Законот за Катастар на недвижности Сл.Весник на РМ бр. 40/2008. 5. Од Катастар упатени сме да извршиме идентификација на недвижен имот - извршено - добиено е Уверение за идентификација на недвижен имот во Февруари 2010. Пишува: Поранешната КП 0, денес претставува дел од КП 1, КП 2, КП 3, КП 4 и цели КП 5, КП 6, КП 7. 6. Вадиме нови имотни листови за ова, во едниот имотен лист во ЛИСТ Б опфатени се само парцелите КП 2,5,6 и 7, во другиот имотен лист само КП 4, а КП 1 и 3 никаде не се наведени. Помисливме дека постојат на друг имотен лист, го објаснивме проблемот во Катастар сакајќи да го извадиме и другиот имотен лист ако постои, ама таму беа збунети, рекоа дека нема имотен лист за тие парцели (КП1 и 3) и не знаеја како да не посоветуваат за да се продолжи понатаму. Има ли излез од оваа ситуација или можеби веќе е застарен предметот и треба се одново (но како?) ? Ви благодарам за советите, Поздрав
По ова што го наведувате ,според мое мислење, грешката е во Катастерот и тој треба да ја исправи. Се до делот со Катастерот Вас Ви оделе работите како што треба. Во секој Катастер има правник и треба со комплетната документација да побарате да Ве прими.Мислам дека за исправање на таква грешка нема застарување. Вие издефинирајте си го вашиот дел ,а тој мора во целата документација да се поклопува. Правникот подобро ќе Ве упати со оглед што во овој случај треба детално да се разгледа документацијата. Доколку имате понатаму некоја недоумица ,пишете пак. Поздрав.
Ve molam da mi odgovorite na slednoto prasanje a toa se odnesuva na zakonot za nasleduvanje ,imeno,majkami pocina i nejziniot imot so dogovor za poklon go dade na nasiot brat a sakame sega sestrami da zeme od toj imot kako nuzen del bidejki sestrami nema dobieno nisto od majkani .Dali vrz osnova na nuzen del moz
Ви благодарам за советот. Доколку се расчисти ситуацијата и идеалниот дел се приватизира и запише во катастар дали потоа може да се изврши и физичка делба и да се добие чист имотен лист за делот од парцелата кој го поседува субјект А ? Која е процедурата во овој случај доколку другите субјекти не се заинтересирани за заедничка соработка ? Дали може да се изведе физичката делба во тој случај или сепак мора да се потпише некоја спогодба за согласност од останатите субјекти, со цел да може субјект А да ја заврши процедурата за својот дел, или единствен начин е сите заедно да ја направат физичката делба ? Поздрав
Ви благодарам за советот. Доколку се расчисти ситуацијата и идеалниот дел се приватизира и запише во катастар дали потоа може да се изврши и физичка делба и да се добие чист имотен лист за делот од парцелата кој го поседува субјект А ? Која е процедурата во овој случај доколку другите субјекти не се заинтересирани за заедничка соработка ? Дали може да се изведе физичката делба во тој случај или сепак мора да се потпише некоја спогодба за согласност од останатите субјекти, со цел да може субјект А да ја заврши процедурата за својот дел, или единствен начин е сите заедно да ја направат физичката делба ? Поздрав[/quote] Субјектот А независно од останатите може да си направи приватизација на неговиот дел. Предлогот за физичка делба ќе си го поднесе заинтересираниот субјект и ќе се оддели неговиот дел , независно од расположението на останатите субјекти. Единствено што трошоците за физичка делба треба да си ги поднесете самите ,а доколку и останатите субјекти беа заинтересирани ќе ги поделевте барем нив . Не ја знам положбата на парцелата , но доколку таа се наоѓа подалеку од патот ( на пример) и треба да се помине преку некоја друга парцела за да се дојде до неа , тогаш можеби ќе треба да се признае и утврди право на службеност( за поминување) доколку не е утврдено. Поздрав и со среќа. Ако имате дополнителни прашања, слободно пишете.
Ziveam vo zgrada na koja vo 2009 godina bese izvrsena dogradba na terasi.Komunaliite bea plateni od strana na investitorot, na ime na sekoj sopstvenik na stan. So zavrsuvanjeto na gradbata, postojano barame od investitorot da ja sredime postapkata so cel za upis na terasite vo katastarot i izdavanjeto na imotni listovi, megutoa investitorot odbegnuva da go stori toa so obrazlozenie deka dokumentacijata ne e kompletna.Od druga strana, pogolem del od terasite se adaptirani vo stanben prostor, za koj nema gradezna dozvola, pa me interesira 1. na koj nacin da izvrsime upis na terasite vo katastarot i 2. dali terasite koi se adaptirani vo stanben prostor se opfateni so zakonot za legalizacija na divogradbite odnosno dali bi mozele da dobieme imotni listovi na dogradeniot del kako stanbena povrsina. [mod-kirilica:30pk6jvm][/mod-kirilica:30pk6jvm]
Доколку инвеститорот не сака да изврши упис ,а комуналиите се на Ваше име треба да се провери која е фактичката состојба во документацијата , а понатаму доколку се организирате ( а може и секој посебно ) можете да иницирате тужба за утврдување со која ќе се поведе постапка за утврдување на сопственост на доградбите. Што се однесува до второто прашање , сметам дека не би било пречка .Еве Ви дел од Законот кој би Ви го посочила. Поздрав. ЗАКОН ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година I. ОПШТИ ОДРЕДБИ 1. Предмет на законот Член 1 Со овој закон се уредуваaт условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти. Член 2 (1) Под бесправно изградени објекти, во смисла на овој закон, се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно со Законот за градење и друг закон, објекти од локално значење согласно со Законот за градење и објекти на здравствени установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови (доградби и надградби) на објектите од значење за Републиката и од локално значење и на објектите на здравствените установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат (во натамошниот текст: бесправни објекти). (2) Предмет на овој закон се бесправните објекти од ставот (1) на овој член на кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина.
Ве молам да ми помогнете доколку мозете. Имено мојот татко кој не ми е биолоски, има зелба целиот негов имот да ми го остави во наследство. Проблемот е што документите околу земјата и куката сеусте се во процедура, знаци немаме валиден документ сеуште. Прашувавме на повеке места, но различни одговори добивме. Дали е можно преку тестамент да се остави имот за кој во моментов се нема документ? И ако е можно сто и каде треба да се направи? Благодарам
Почитувани, Не објаснувате во каква постапка се наоѓа куќата , односно дали се работи за легализација на дивоградба, пренос од претходен сопственик или пак нешто трето. Пишете подетално . Поздарв.
Да во процес е земјистето за кое треба да се извади поседовен лист и тоа при крај. А после ке следи легализација на куката. Поздрав
За жал доколку куќата е дивоградба неможе да се остави во наследство ,бидејќи не е внесена како предмет во правниот промет. Сепак ќе треба да почекате легализација на куќата. Сега оваа постапка ќе биде побрза од порано ,особено што се плаќа за истата Ви посакувам среќа. Доколку имате дополнително прашање ,можете д апишете .Поздрав.
Јас сакам да прашам дали може да се поднесе оставинска постапка ако не ни се готови документите за откуп на земњиште,(зошто овие од општина се многу спори)? И дали може да се добие некаква моментална дозвола за градба со нецелосни документи зошто ни се брза за градба?Барем да имаме некаков документ па понатаму нели ке се заврши и комплетната постапка.Поздрав
Како прво, едно ГООООЛЕМО БРАВО за темата, навистина ни се потребни совети да не насочат правилно Е сега, и мене ми е потребен еден совет Градиме куќа на плац којшто мојот дедо (сега веќе починат) и го даде на мајка ми. Но, плацот сеуште не е префрлен ни на негово име, иако тој го купил многу одамна и затоа има само рачно напишан договор, со двајца сведоци. Да скратам, она што ме интересира е дали можеме да ја легализираме куќата според новиот закон без да имаме имотен лист за земјиштето и каде да се обратиме за понатамошна постапка?
новиот закон за легализација пропишува некои услови кои дивоградбите треба да ги исполнуваат колку што мене ме упознале со истиот, но за да почнеш со изградба со нова куќа најдобро е да имаш имотен лист, без тоа ако почнеш да градиш автоматски куќата ќе ти премине во дивоградба, а колку јас знам новиот закон се однесува само на веќе изградени дивоградби кои треба да се легализраат, чисто сумјам а и не е логично да се легализираат идни дивоградби, ова колку сум јас упатена, но најдобро е да го најдеш новиот закон и да си прочиташ или со некој адвокат да зборнеш.
Драга babykaty,извини за долго нејавување,но и овој пат ми е неопходен совет.Драго ми е што постои толку прекрасна личност која сака да помогне на сите.Не занам да ли се сеќаваш на мојот случај но малку ке те потсетам.Јас сум онаа со проблемот со фирмата која не исплатила плата и придонеси за пензиско и инвалидско.Успеав да соберам документи и на крај дојде и тој ден Д. Но на суд бев во незавидна положба,бидејки судот(судиката) како да сакаше да ме одкачи.Пред рочиштето,фирмата ми ја префрли платата на трансакциона сметка а уплати три месеца од придонесите.На суд судијата побара да се договориме меѓусобно со адвокатот на фирмата и на следното рочиште да го окончаме ова.Адвокатот нагласи на судот дека фирмата имала договор со ПИО долгот да го плака на рати,па затоа не може да плати поединечно,а рокот за плакање е до крај на 2012г,на што јас не се сложив.Судијата инсистираше да се договориме и на следното рочиште да го верификуваме тоа.Исто така самиот судија ми кажуваше колку тоа ке се одолговлече,доколку не прифатам договор и *на крај ке морате сите трошкови вие да си ги платите,бидејки ке изгубите*.Сега незнам што да правам,бидејки судот го отфрли делот од тужбата за платата а и со тоа за каматата.Сега незнам Што да правам.Да ли да земам адвокат или да се договарам со фирмата.А да, кога излеговме од судница,адвокатаката на фирмата ми рече дека најрано што мозе да проба да издејствува е ПИО за преостанатите 6 месеци да се плати најрано до крај на оваа година.Мене ни тоа не ми се прифаќа затоа што се плашам дека фирмата ќе отиде под стечај.Така да остана ова со договорот и треба да и се јавам на адвокатката за да се најдеме за договорот.Кои ми се опциите во овој случај и што да правам.Би ви била благодарна ако макар и малку ми помогнете со било каков одговор.Однапред едно големо БЛАГОДАРАМ!
Здраво на сите кои се обидуваат да дадат помош во рвска со правните проблеми. Имам еден проблем, односно едно прашање. Се работи за развод на двајца кои живеат во дивоградба на место и во градба на таткото на сопругот. Во тек е легализација со која куќата ќе припадне на таткото на сопругот, а не на сопружниците. Што се случува кога едниот од сопружниците не сака да ја напушти куќата? Реално по разводот на бракот, едниот од сопружниците во слупчајот жената треба да ја напушти куќата од причина што куќата е од таткото на мажот. Кои чекори можат да се преземат за напуштање на куќата? Да речеме дека и другиот има некакво право на владение, иако не придонел со ништо, но сепак мора да излезе и да си го бара тоа шраво во судска постапка. Што се случува во тој случај? Јас не познавам разведени кои останале да живеат од инает заедно, а секој по судски пат може да си го бара тоа што му следува. Иако ова е главно женски форум, сепак мислам дека на сите ни е јасно дека е невозможно да се остане да се живее заедно по бракоразводна парница? И замислувам ситуација на следен брак (зарем претходната сопруга ќе живее заедно со новата?_ Благодарам!