Може ли некој да ми даде совет што да правам. Имам 21 година работев како келнер во кафич 3 недели непријавена и заработив 6500ден. Веќе два месеци ги чекам да ми исплатат и секогаш кога ќе се јавам ми викаат ај наредна недела. Денеска звонев не ми ни креваа навистина не знам што да правам секој совет е добредојден.
Тоа е Работен спор ќе иницираш тужба за неисплатени надоместоци, (ќе наведеш од - до) точно периодот во кафичот во кој си работела, како се однесувал работодавачот кога си му се јавувала, се ќе наведеш, ќе започне постапка (Во Граѓанскиот Суд, Основен 2) на шалтерот на приемно одделение. Тоа ти се нашите работодавачи, искористувачи, начекуваат густо и се однесуваат како "Големите ми газди". Не грижи се, незнам што да ти кажам башка не си била пријавена, тоа е веќе Прекршок од Трудова Инспекција.
Може да испратите ургенција до судијата, кој постапува во предметот. Законски рок,како што и претходно кажаа е 15 дена, ама заради зголемем обем на работа, феријата, веројатно доцни со изготвување на одлуката. Во ургенцијата ќе наведиш кога била расправата и дека со оглед на тоа што основот е враќање во владение, замолувате побрзо да се изготви одлуката.
Феријата оваа година е скратена по наредба на Судски Совет, до 15 Август беше, ама дека е зголемен обемот на работа е зголемен. Основен 2 е на Скопско подрачје месно надлежен, а Скопјево не е мало.
За жал, не можеш многу да сториш. За да можеш да тужиш, треба да си во работен однос, т.е. да имаш склучено договор. Како што кажа, ти си работела " на црно", така да можеш само да му се заканиш со пријава во трудова инспекција.
Се надевам дека тука ќе наидам на некој совет... Или решение. Се работи за мајка ми. Веќе 9 години (чинам толку се) работи во државна институција т.е во едно од Јавните Здраствени Установи. Која иронија, бидејќи баш околу здравјето се работи. Заврши второ (вечерно) школо за физио-терапевт, како и курс за масажа... Пошто и ветија дека се што треба е да завшри и да положи државен испит и дека ќе бидне. Ништо од тоа. Но, нека... Барем здравјето да и се опорави! За овие години, мајка ми се здоби со тешки алергии, како од средства за хигиена (работеше како хигиеничарка), па до храна, а сега и до лекови за алергија! Зема боледување, но ништо не ги свестува. Веќе стварно не знам како да и помогнам. Како да се наоѓа во ќор-сокак. Се ми се чини дека здраствената состојба и е се полоша и полоша. Инаку, документите кои ги поднесување за физио-терапевт магично исчезнуваа без никакво образложение. Потоа, ја префрлија во „трета куќа“, сите се под иста капа ама на различни локации. Тука трпи еден вид мобинг од колешките и копнее да се врати кај што беше. Тука работи во кујната и дели ручек на болните. Е сега, каде лежи зајкот: Мајка ми на писмено добила решение, каде шо стои дека ништо не смее да работи што е поврзано со средства. Но, во пракса е друго. Усмено и наредуваат иако е поврзано делимично со средства. Женава се враќа дома со примени инекции, луѓе... Ова не е нормално. Ослабе, а јаде цело време на нервна база особено од кога се разведиоа со моите. Стварно се чувствувам очајно и не знам како да и помогнам. Ако некој знае, било како да ја истераме правдава. Има документи од комисија, стрес - тестови, алерго - тестови... Ја не знам уште што не има. А, никако да и помогнам!! Фала ви на разбирањето.... Имајте пријатна вечер. п.с. Сега ја намолувам за боловање... Како привремено решение дур ми се врати барем малку среќната и насмеана мајка.
Барање до директорот за прераспоредба на друго работно место, и ако е осигурана во осигурително друштво барање за настанат осигуран случај до осигурителното друштво. Ако не сака директорот да ја прераспореди на друго работно место ќе треба истото да се бара преку судот. Ако треба пиши ми во порака, не можам да ви пишам порака ја имате исклучено опцијата за пишување.
Денеска го доисплативме станот кој што беше општествен. Дали знае некој каде треба да се однесе потврдата од банка-во катастер или во стамбено? И некој инфо плус за што понатака би било добродојдено
Пријателки...имам голем проблем со институцијата катастар. Милион претставки пуштив но никако да се соочам и да наидам на соодветно прифаќање. Единствена надеж ми е што жалбите што ги пуштам до управен суд секогаш се решени во моја корист , но катастарци мижат пред таа одлука. Каде да се обратам можете ли да ме посоветувате? Некоја институција што би направила директен увид во мојот предмет на лице место. Фала ви...
Моето прашање се однесува на следново: Со изготвено и правосилно решение за легализација на објект- дел од куќа не можам да го спроведам во катастар, пречката било погрешно внесен матичен број, се корегира таа грешка се изготви ново друго решение,го зедов и тоа. Појдов во по извесно време во Катастар да прашам дали е завршено и ми викаат сеуште не .... Потоа се јавив и во имотно-правни да прашам кај нив до каде е постапката и ми прво ми рекоја наводно тогаш во моментот го пуштале ама споро одело , нечинел интернетот не знам што, а потоа дека изгледа пак бил згрешен матичниот број! Значи два пати истата грешка и уште се осмелуваат да признаат дека некој од колегите згрешил ама и не дека ќе превземат нешто, туку само јави се ваму јави се таму ..... Да биде проблемот поголем предметот за леализација се решаваше во еден град (го префрлиле поради преголем обем на работа во матичниот град),а треба да се спроведе во Катастар во друг град, а живеам пак во сосема трет град ... исто така не ми е јасно дали решението ќе се спроведе по службен пат помеѓу двете институции или сепак јас лично треба да поднесувам барање за споведување до надлежниот Катастар за да после тоа можам да извадам имотен лист. Ви Благодарам однапред
Baranje do direktor za preraspreelba na rabotno mesto i eden podnesok do pretstavnikot za zastita pri zdravje i rabota zaedno sose site dokazi-medicinskata dokumentacija....
zdravo decki pred 2meseci edno drugarce bese udreno so motor ima zapisnik se na sud bese pred 1nedela ne mu bara nikakva osteta na soferot arno ama sudikata mu vika cem ne baras osteta od soferot podnesi si za da si zemes osteta od osiguranjeto arno ama poslem presudava sudikata ne navela u presudata deka osteteniot bara osteta od osiguritelnata kompanija sega ima li sansi da si zeme osteta nesto zalba ili prigovor nekoj sto ima iskustvo da pise pozz
не наведила бидејќи не барал во кривичната постапка ама сепак има право да си бара во посебна грѓанска постапка...на адвокат нека си оди и се ќе му биде објаснато
bil kaj nekoj drven advokat mu rekol teska rabota cem ne navela u resenieto utre ke otisol advokatot kaj sudikata da prasal a detevo i polnomosno i se mu dade mozno li e da go izigra nekako da mu rece ne biva a da zeme on pari
значи кога си оштетен во кривична постапка имаш два начини да бараш оштета...во самата постапка во исто време се води и кривичната постапка и се одлучува во твоето граѓанско барање за штета или ако одлучиш да не бараш штета во кривичната постапка тогаш судијата во самата пресуда ќе те упати на спор односно парница...а колкави се шансите за добивање тоа зависи од случајот..ана крај краева нека го тужи обвинетиот а не неговата осигурителна компанија
Ме интересираат некои работи во врска со член 107 - застареност на кривично гонење од Кривичниот законик и неговата примена во пракса. Колку време треба да помине од денот кога е сторено кривичното дело за да истото биде застарено и не може да се покрене кривично гонење. Пример ме интересира тумачење на законот во следниве случаеви: - Во случај на предвидена казна затвор од 6 месеци до 3 години; - Во случај на предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години; - Во случај на предвидена казна затвор од 1 до 10 години; - Во случај на предвидена казна затвор од најмалку 3 години; - Во случај на казна затвор од најмалку 4 години; - Во случај на казна затвор од најмалку 5 години;
Ве молам за помош. Дали некој упатен би можел да ми објасни за постапката за развод подетално? Ме интересира за колку време по поднесувањето на документите викаат во центарот и што во случај ако сопружникот не се согласува со разводот?