Пишете ми во приватна порака ќе Ви објаснам, не можам да Ви пишам веројатно ја имате исклучено опцијата за пишување.
Постапката за развод е од итен карактер. Незнам како оди процедурата со ЈУ МЦСР, но Судот рочиштето ќе го закаже максимум за 5 дена. На првото рочиште, е рочиште за обид за мирење, ако не се успее во тоа, Судијата ќе ве разведе. Ако успее да ве помири, предлогот или тужбата (зависи што се иницира) ќе се повлечат. Неспорни се, спорна е само издршката.
ЦСР мислењето треба да го даде во рок од 3 месеци, но често се случува тој рок да биде и подолг. Странките обично ги повикуваат и посетуваат после околу 1-1,5 месец, а може и повеќе пати да бидат остварени средби со брачните другари. Кога постапката е поведена со тужба со предлог за спогодбен развод на брак и има спогодба за децата, тогаш мислењето ЦСР треба да го даде во рок од 15 дена. Ако имало рочиште за мирење во ЦСР, најчесто на суд веднаш се почнува со расправа и би требало да оди брзо, ги сослушува странките и судот би требало да донеси одлука, бидејќи има мислење од ЦСР за доделувањето на децата. Тоа што едниот брачен другар не сака да се разведе, не влијае на одлуката, доколку др.брачен другар е сигурен во намерата да се разведе. Единствено, спорно може да биде доделувањето на децата и висината на издршката.
Вака изгубив на суд , е сега треба да ги платам трошоците .... Треба на нотарката , судските трошоци и све , но не ми е јасно каде да отидам да платам све наеднаш ? Бидејки имам краток рок од 8 дена и ми е страв да не ме дадат на извршители , сакам да побрзам...
Во пресудата има задолжение "тужениот на тужителот да му плати износ од..... ден. по основ трошоци на постапката". Ако така е наведено во одлуката на судот, тогаш сите трошоци треба да се платат на сметка на спротивната странка, бидејќи странките ги авансираат трошоците во текот на постапката, т.е спротивната странка платила за нотар,адвокат, вештаци итн. Прочитај ја пресудата внимателно во изреката во делот за трошоците, ама најчесто сите трошоци се плаќаат на спротивната странка.
Во пресудата би требало да ја пишува жиро сметката. Ако не ја пишува појди на суд и тие ке ти кажат на која жиро сметка да платиш за да не згрешиш.
Пише , но не пише која жиро сметка.... Пише дека треба на тужителот , но нема ниту жиро сметка ниту ништо .... Не пише која жиро сметка , дали знаеш каде точно да се обратам во судот ?
зависи за каква постапка се работи....ако има трошоци само за тужителот тогаш ќе си го бараш него на која сметка да се плати, ако има посебно судски трошоци тогаш тие посебно треба на судот..зависи од постапката и како пишува на пресудата...пример си спомнала нотарка па ако се работи за платен налог сите трошоци веќе се платени од страна на доверителот и сега ти треба него да му ги платиш
На шалтер ? @doubleinfinity На нотарката треба да и платамб, на тужителот за судски трошоци , и плус трошоците за второстепената постапка ..... Сега треба секој посебно да го барам за да го исплатам ? Се работаше за тужба против мене за сметки
претходно имаше платен налог па ти приговараше и отиде на суд? ако е така кај нотарката е се платено, значи доверителот (на тој што му должиш) плаќа се на почеток инаку нотарката не донесува решение ако неа не и е платено, значи тој се платил, е сега тој што платил сега кај нотарката ти треба него да му го платиш..не и плаќаш неа директно ништо...за тужителот ќе си одиш директ кај него или ќе се јавиш на тел (претпоставувам е фирма) и ќе си прашаш директ на која сметка треба да му платиш, а за судот ќе си се јавиш или ќе одиш таму и на граѓански шалтер ќе прашаш за сметка..претпоставувам имаш и првостепени и второстепени трошоци значи на посебни судови ќе треба да плаќаш...ако нема сметка во пресудата, ќе си најдеш на интернет број и ќе се јавиш (претпоставувам второстепениот суд е во друг град а во основниот тешко дека ќе знаат која му е сметката на второстепениот па ќе мораш да прашаш)..и обавезно се плаќај преку банка за да си имаш докази дека се на секого му е подмирено
Главниот долг по фактури, трошоците во постапката пред нотарот, трошоците од прбостепената и второстепената постапка ги плаќаш на тижителот. Од него треба да си ја побараш жиро сметката. Вкупниот износ на сите обие трошоци ќе го добиеш кога внимателно цела пресуса ќе ја прочиташ. Тоа е тоа, ти немаш обврска да плаќаш посебно на нотар или на судот.
Хмм најдобро е да исконтактираш со тужителот бидејќи секој различно работи, а тоа зависи како они се имаат договорено со адвокатот. На пример адвокатот кај што работам јас никогаш не ги авансира трошоците и секогаш парите легнуваат на сметка на нашиот клиент, а потоа он им фактурира да му платат. Но има и адвокати кои си ги бараат парите однапред па доколку им платиш на нив ќе биде исто како двапати да добиваат пари. Така да слушни се со адвокатот нивни да ти објасни, а кога ќе плаќаш напиши дека плаќаш по пресуда и бројот на пресудата кој стои горе десно. Потоа ископирај ја уплатницата да имаш доказ.
убаво ти објасниле ама за полесно едноставно оди кај тужителот, побарај да зборуваш со некој кој е задолжен за наплата на вакви работи и прашај како да им платиш, пошто гледам по пресудата само нив треба да им платиш..или ако фирмата имаше адвокат оди кај него и прашај на кој начин да им ја исплатиш целата сума....само плаќај на посебни уплатници за трошоци, посебно за главен долг да си имаш докази за секој случај
Жиро сметката би требало да ја пишува во уводниот дел на пресудата. Сепак, најдобро е да се обратиш кај тужителот или неговиот адвокат, бидејќи ќе треба да се пресмета и камата до денот кога ќе плаќаш. Инаку, сите трошоци, главниот долг и каматата, треба да ги платиш кај тужителот,ништо не треба да плаќаш на суд или кај нотар.
Ja i sestra mi sme naslednici od vtoro koleno, no vo zakonot za danok na imot pishuva deka dokolku sme ziveele poveke od edna godina pred da pochine ostavitelot i dokolku nemame drug standen objekt na nashe ime nie ne treba da plachame danok, ako nekoj se razbira od ovie raboti ve molam pomognete mi