Здраво Ми треба помош во врска со купен стан во градба. Се работи за следново. Станче од 46 квадратни метри двособно. Фирмата не би ја спомнал сега засега. Фирмата од која го купивме станот , со , до нас, доставената скица првична , врз основа на која они добиле право да градат, во нашиот стан на пролазот од кујна кон дневна е ДОДАДЕН СТОЛБ. Тој столб е одвод(канализациски) и истиот ја нарушува функционалноста на станот поради неможноста заради истиот стуб, да си наместиме машина за садови во кујната. Во преддоговорот нигде не стои член дека градежната фирма има право да врши промени во просторот на станот, без наше претходно известување и одобрување. Исто така стои дека Ние како купувачи нсмееме да бараме измени кои би ја нарушиле функционалноста на зградата. Оваа измена , со додадениот столб(во средина поминуваат цевки а однадвор е заграден со гипс картон), е направена поради тоа што господата (кои се роднинска врска со самиот газда на фирмата градител) посакале вц-то да им биде на друга локација од првично замислената па затоа , на наша штета преку нашиот стан е пуштен одвод. Во преддоговорот стои член кој вели дека доколку не се вселиме во станот до 1март , фирмата Продавач ке треба да ни ги надоместува средствата за плаќање кирија. Ке ве замолам , доколку знаете какви и кои се нашите права во ваков случај и како да постапиме ве молам за совет. Ние , за жал, како совесни купувачи ја исплативме целата сума на станот уште пред да се вселиме.
Адвокат да ми преведе еден документ??? Отприлика разбирам што и како ама да ми каже дал сум во право и да поставам уште некое прашање
Има некој правник.. или некој да ми сподели искуство за цена за префрлање на имот.. дали преку адвокат, нотар или дирекно на суд, се работи за постапка за префрлање како поклон од мајка на керка..
Префрлање на имот може да се направи со договор за дар или договор за распределба на имот за време на живот, и во двата случаи договорот го составува и заверува адвокат и после солемнизација врши нотар, пишите ми во порака подетално да ви објаснам, не можам да ви пишам немате опција за порака.
Ве молсм за помош ми треба договор за спогодба меѓу две лица, каде едното лице го тужи кривично другиот но сакаат спогодбено да решат без да се продолжи на суд... што треба да пишува во договорот за понатаму ни едниот ни другиот да неможе да покрене никаква тужба? Ве молам за помош
Треба да се држат до договорот и двете страни. Се што е надвор од него е причина да се раскине или да се бара исполнување на условите како што се договориле. Со адвокат ќе средите за столбот. Барајте си исполнување на договорот во целост.
Zdravo, Sakav da se konsultiram za sledava rabota dokolku nekoj ima iskustvo ili poznavanje. Imeno moj blizok vo familija koristi veke 20 godini zaednicki prostor/dukan vo zgrada no poveke ne zivee vo istata (i stanot mu e prodaden). Sega za koristenjeto na vremeto imal usno odobruvanje od stanarite koi del se iseleni del ne se ni zivi. Me interesira dali postoi nekoj nacin ovoj prostor da se prevede/zeme vo vladenie so ogled na toa sto go koristi dolgo vreme?
Договорот за распределба на имот за време на живот може да се завери и на суд и мислам дека така е поефтино (се плаќа такса 2100 денари).
Право на сопственост нема да може да бара, бидејќи не е совесен владетел, што е основен услов за поднесување на тужба за утврдување право на сопственост по пат на одржувачка. Може да разговара со некој од куќниот совет и да побара и понатаму да го користи просторот како што и досега го користел или пак да им понуди да склучат договор за закуп со куќниот совет на зградата и да продолжи да го користи просторот.
Мој близок роднина купил имот земја пред 30год.Сега во имотниот лист дел од тој имот не се води на него дека е сопственик туку корисник а на останатиот дел е сопсвеник. Дали има некаква можност да стане сопсвеник и на другиот дел.
Нз дали е за тука прашањево, ако не е се извинувам. Се работи за тетка ми она има стан кој го изнајмува на кираџии (физичко лице) е сега прашањето ми е како преку нет мозе да ги пријави кираџиите. Ме замоли да видам што документи и се потребни и како треба па ако некој знае ве молам да ми кажете. Однапред ви благодарам
Сопственикот на станот потребно е да склучи договор за закуп во писмена форма кој ќе го завери на нотар.
Прашањето што го постави се однесува на законска правна рамка за склучување на договор за закуп. А пријавување на данок е друга работа. Не се пријавуваат кираџии, туку склучен договор. Тоа е нова процедура. Најдобро таму да и објаснат.