Здраво феминки Еве вака јас да си ја кажам мојата мака па кој знае и може нека каже. Имам склучено договор за пракса со паричен надоместок за 3 месеци и во него пишува дека ако пред време го раскинам договорот ќе треба да ги враќам парите освен доколку тоа го правам од оправдани причини. Па да прашам што би подразбирале под оправдани причини? нешо како болест, патување во странство или...?
Јас имам голем пρоблем...татκо ми κој имаше бугаρсκи пасош почина и κолата тρебаше да пρипадне на мене.и јас имам бугаρсκи. Пρед двва месеци маж ми ја возеше κолата до мајстоρ и го застана полиција и ја одземаа κолата и дадоа лист во κој пишува доκажување на сопственост. Напρавивме и оставинсκа постапκа го носив во полицијата и ми виκат ова ρешение не важи. Па κаκо не важи κога тоа ρешение е напρавено од нотаρ и е поминато низ општина. И не саκат κолата да ми ја дадат само од инат. Ги фатило неκоја љубомоρа зошто јас наследив огρомен имот и κола. И за κолата се фатија. Бев да баρам да ми дадат потвρда зошто ми е одземена κолата бидејκи јас не ни сум известена за тоа и ме испадија од полицијата. Се јавивме на тој κомандиρот и тој не саκаше да се сρетне со нас и маж ми му ρече фино лепо деκа κе се жалиме на неκој надлежен. И тој се налутил и ја пρијавил κолата во цаρина. А κога бугаρсκа κола се одзема тρеба одма да се пρијави во цаρина а не κога они саκат. И еве не ми дават ниκаκов доκумњнт од полицијата ме падат κолата таму стои ја гледам а тие ми велат κолата е во цаρина. Саκам да се обρатам во бугаρија може ли неκој да ми κаже κај ...на адвоκат ли вво амбасада ли... па овие нашите чим не ми помагат да баρам помош од бугаρите
Zdravo na site.Bi sakala dokolku znae nekoj da mi odgovori .Sega mojata zolva ke mu ja podari kukata na mazot mi ,pa sakavme dvajcata da se zapiseme kako primateli na darot,t.e da se prepise kukata na dvajcata.E sega bidejki se plaka danok za dar ,mozno e da se namalel danokot ako se prepise samo na mazot mi,pa dopolnitelno on mene da me pise kako sopstvenik zaedno so nego.Ne znam kako seto toa se pravi,no advokatot taka mu kazal.Celta mi e i jas da figuriram kako sopstvenik na kukata zaedno so soprugot,pa prasanjeto mi e dali moze otposle toa da se dopolni,otkako on ke ja dobie kukata na dar ili ova e nepoznavanje ili pretpostavka na advokatot??/Ve molam za odgovor
Во право е адвокатот..вака имате два договори па повеќе пари за него и за нотар ама ни приближно до сумата на данок која би ја платиле на општината...За брат и сестра е мислам 2 % од проценетата вредност а за тебе би била + уште 3 посто..па ако е голема куќа повеќе ви се исплаќаат два договори него ли еден...а ако правите прво сестрата на братот па тој потоа пола на тебе тогаш имаш ти ослободување од плаќање данок на промер и само имате плаќање адвокат и нотар
A kakva e procedurata posle za da se prefrli pola i na moe ime kukata.Dali samo na advokat i notar dogovor ili??I dali moze i jas da figuriram kako sopstvenik na kukata na imotniot list??
исто како и со договорот со сопругот и золвата така и меѓу тебе и сопругот....договор кај адвокат па даночно одделение па нотар
Danok kolku sto razbrav koga se prepisuva po pola od maz na zena ne se plakalo.Taka ti pogore pisuvas,a i advokatot taka ni kaza .Samo sakav da znam dali ke moze toa da se zavede posle toa dopolnitelno vo kataster.
Золвата и сопругот прават договор кај адвокат таа му препишува оди во даночно си плаќа 2 % данок и кај нотар потоа и се упишува се на мажот ти. Штом ке се упише се вади нов имотен лист каде гласи се на мажот ти. тогаш кај адв ти и мажот правите договор и тој ти поклонува половина од тоа, одите даночно да утврдат дека сте прв наследен ред и не плаќате данок и потоа кај нотар и нотарот сега електронски упишува во катастер полна на твое име .
да да така е..се како што ти кажа членката погоре..само ќе ви требаат изводи на родените за мажот и сестрата и извод на венчани после за мажот и тебе да се утврди врската ама ќе ви кажи адвокатот сигурно
Леле луѓе јас имам огромен проблем... Навистина не знам што да правам... Кажувајте некое решение... Имено при првпто вработувањето во 2016 год, во договорот за враб. ми пишале 6 степен(виша) наместо 7(висока), како и што имам образование, и како што имам волонтирано. За ова не знањв дека е грешка се до март 2018.Работното место е преку закон за трансформација на раб. место.Платата ја зимав по погрешен закон, но стигна до коеф.за висока... Кога настана промената на директор.ми беше укажано на грешката,дека моето работно место е со виша не со висока, па ми намалија плата за речиси 25%...што е многу.Старата директорка вели направила техничка грешка. Правна служба немаме, ниту систематизација ниту усвоен статут.Грешка имав и во агенцијата за вработување каде во 2010 е запишано погрешно образованието, па и М1/М2 исто ми стоел со виша... Тоа е корегирано и доставено на работа со потврд на 08.06.2018... На сите институции каде се обратив, инспекторат, државна комисија од втор степен... Сите вратија одг. Дека иако имам високо образование, работното место ми е со вишо..и дека сама сум прифатила...што не е точно... Директорот што го правел првото решение, сам кажува дека згрешил... Сега имам само опција жалба до основен суд, за решението од Државната комисија... Што да правам... Имам адвокат ...но сакам и друго мислење... Никој не работи како што треба јас да плаќам...цел живот... Не е просто фер... Не знам... Очајна сум...
Ако според систрматизацијата на работни места ( не може да нема, може да не е донесена нова систематизација, но постоечка сигурно има) , за тоа работно место е предвидена виша , тогаш не може да те пријават со високо образование. Директорот кажал дека згрешил, но ако покренеш постапка, вероватно знаеш дека тоа што признал не можеш да го докажеш, другиот директор не постапил незаконски зошто ја исправил грешката и ти дал плата предвидена за тоа раб. место.
Знам... Стара систематизација постои и таа е од пред 2001, во која постојат работни места само со средно( лабораторија)во новата што е правена а не е се уште усвоена, бидејќи нема одобрение од мин.за здраство, работното место е предвидено... Е сега има и еден друг проблем.кој не можам да го решам.на.работа...во информаричкиот систем.за работни места претходно мислам дека бев внесена, лаборант со високо .... Како други здраствени работници со високо образование. Бидејки дипломиран лаборант со високо, како графа не постои, а сега при внес оваа година , и образованието ми го пишаа со виша, на што реагирав , но не бев послушана...а грешни податоци, не смеат да се внесат... Уште нешто ако ми го внесат работното место со виша во новата систематизацијау и не предвидат со виока, или плус специјализација, ( бидејки постои) јас колку и да напредувам во образование, како ке зимам поголема.плата , во оваа болница... И за останатите вработени , пр. Медицински сестри не е предвидено високо според стара систематизација, (во тоа време.прњд 2001 не постоело образование, само вишо) а зимаат плата со високо... Ништо не ми е јасно...
Ти благодаеам.од се срце на.одговорот ... Не знам како функционира.обраќањето. Па пишав подолу уште едно мислење...
А ако биде по мпжност шретходниот директор викнат какосведок во суд... Или изкава на нотар... За да се докаже...
Единствено што може да се издејствува е да ти дадат друго работно место(ако има некое непополнето)во истата фирма, според твоите квалификации и образование, бидејќи на таа позиција не може да ти го признаат високото образование. Или да чекаш да донесат нова систематизација, можеби според неа би можело нешто да се направи, но тоа е само на "можеби". Овие работи одат посложено кога се работи за државна институција или јавно претпријатие. Едит : Извини не прочитав дека се работи за здравствена установа. Да , со старата систематизација не е предвидено лаборанти со високо образование, но мислам дека истата мора да се смени и да се донесе нова, вероватно заради тоа е во постапка за измена и дополнување. Во 2001 година сеуште ги немаше тие катедри по факултетине, но прошлите требаше да размислуваат и на оваа проблематика, ако по систрматизација нема работни места со тоа образование, каде ќе се вработува тој кадар, навистина се отвараат проблематични прашања.
За да и се даде ново работно место (позиција односно звање според образованието, а кое не е пополнето) мора да се оди со интерен или јавен оглас за да сето тоа биде регуларно....Што мислам дека нема баш да се замараат да објавуваат.... Како бе при потпишување решение/догвор не си видела тоа, сега веќе можам да кажам дека 1% се шансите да се издејствува, особено што толку време си земала „поголема“ плата, ќе треба да ги враќаш разликата.