Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Нема ништо, не е пријавен на работа, а има пари.
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мора да има црно на бело од каде му се тие пари, не се глупави судиите, ако нема пари да плаќа за детето тогаш, од кои пари живее??? :?: :?: :?:
     
  3. petemk

    petemk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Имам прашање за легализација на дивоградба, веќе 15год. живеам во куќа која е дивоградба, и сега сакам да поднесам барање за легализација. Пред 40год. првиот сопственик на земјиштето го продава и веднаш после вториот сопственик гради куќата, јас сум четврти сопственик. Земјиштето сеуште се води на првиот сопственик. Според новиот закон за легализација Член 6 став(4) доколку имало поранешни сопственици треба да се приложат купопродажни договори(ги имам сите), прашањето е дали и кој треба да го плати данокот при купопродажба на имот-земјиште (последниот купувач или и предходните купувачи)?
     
  4. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Мислам дека треба комплетната документација да е средена и целосна за да се добие дозвола за градба.Само откако ќе се добие дозвола за градба може да се отпочне со градење.
    Меѓутоа прашајте во Министерството за урбанизам, ништо чудно да има некој начин.Во денешно време се е наопаку ,па зошто не и тоа ;) :lol:
     
  5. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Според ова што го пишуваш ,се случува нешто што константно се случува. Судот сака да го реши предметот без да се замара, спротивната страна сака да ја избегне обврската ,а тебе ти останува само ако попуштиш да отиде фирмата под стечај и никогаш да не си ги регулираш своите побарувања.
    Лично , не би верувала на она ....„ќе плаќаме на рати“..... како што и самата велиш сакаат да ја избегнат обврската.
    На тебе останува што ќе се договориш , меѓутоа јас би одела на онаа старата ......СВЕ ИЛИ НИШТО!
    Ќе им кажеш дека не прифаќаш никаква спогодба и предложи судот да ги задолжи во определен рок да ти ги исплатат сите побарувања. Судот нема да има опција ,па ќе ги задолжи ,а рокот несмее да биде долг , за да не одат под стечај.Она што ти го кажала судивката било само за да те поколеба за да се спогодиш ,а таа побргу да го реши случајот.
    Во овој случај , доколку не го испочитуваат рокот ќе се оди кон извршување , односно ти имаш право да бараш наплата по присилен пат.
    Твое е што ќе одлучиш. Поздрав :hai:
     
  6. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Како што и самата велиш , куќата е на името на таткото на сопругот што значи не ти е правена или купена во брак ,па според тоа ти ќе треба да ја напуштиш куќата.
    Она што за сигурно ти припаѓа е надоместок за се она што си вложила во неа ,а тоа ќе се утврдува во судска постапка , доколку за износот не се договорите вон судски.
    Мислам дека ова те интересираше ,доколку имаш дополнителни прашања, повели ! ;)
     
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Доколку нема сметка од која би можеле да му повлечат пари ,тогаш се оди кон извршување од имот или имотни права .
    Значи , доколку нема примања по основ на плата , пензија и сл. тогаш се проверува дали е примател на социјална помош , од која исто така можат да се одбиваат месечно за алиментација, дивидента од хартии од вредност итд.
    по ова се проверува што имот има ,па за неплатениот износ на алиментацијата се поведува извршна постапка.
    Значи дали има или нема имот некое лице може да провери секој во Централниот регистар за подвижен и во Катастерот за недвижен имот.Податоците се јавни и ИМААТ ОБВРСКА да ти дадат податоци ,само треба да појдеш ЛИЧНо , не преку друг или на телефон .Може само адвокат твој, со полномошно , исто така да провери.
    Понатаму доколку се утврдфи дека има имот на негово име или дел од имот ( на пример пола куќа, пола нива, пола дуќан)ќе се оди кон извршување на тој имот , односно ако не плати и не плаќа редовно ќе се оди кон продажба на тој имот или дел од имот.
    Ти посакувам успех. ;)
     
  8. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Оној што купува по правило треба да ги сноси тие трошоци , односно да го плати данокот.Така е во 99,99% случаеви. Останатото е со спогодба и сл.
    Значи , за да си го префрлиш имотот на твое има ти треба да си платиш данок , но треба да внимаваш кој ќе стои на страната на продавачот. Секогаш треба да се купува имот од оној кој стои како сопственик во документацијата за сопственост на куќата и истиот тој да се потпише во договорот за купопродажба како продавач , во спротивно може да дојде до несакани последици.
    Значи како купувач ќе стои твоето име ,а како продавач оној на чие име се води имотот ( се надевам дека е жив). Данокот при ваквата трансакција треба да го платиш ти .
    Поздрав . :hai:
     
  9. krusa

    krusa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ve molam dali oze da mi kazete za zakonot za nasledstvo clen 26 dali vazi koga bracniot drugar go gubi pravoto za nasledstvo i kade mozm da go najdamnajnoviot zakon za nasledstvo pozdrav
    [mod-kirilica:353gjs6h][/mod-kirilica:353gjs6h]
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Пробај на www.pravo.org, за членот дали важи не знам., побарај и во Службен Весник.
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски

    Кога брачниот другар го губи правото на наследување
    Член 26
    Правото на наследување меѓу брачните другари престанува со разводот на бракот и со поништувањето на бракот.
    Брачниот другар нема право на наследство ако:
    1) оставителот поднел тужба за развод на бракот, а по смртта на оставителот се утврди дека тужбата била основана, или пак брачниот другар и оставителот поднеле спогодбен предлог за развод на бракот, а до смртта на оставителот постапката по тој предлог не е завршена;
    2) неговиот брак со оставителот биде поништен по смртта на оставителот, од причини за чие постоење надживеаниот брачен другар знаел во времето на склучувањето на бракот и
    3) неговата заедница на живот со оставителот трајно престанала по негова вина или во спогодба со оставителот.
    Со разводот и со поништувањето на бракот брачниот другар го губи правото да ги бара користите за него, предвидени во тестамент или во некое друго располагање за случај на смрт, направени пред разводот односно поништувањето на бракот од неговиот поранешен брачен другар.
     
  12. ada45

    ada45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    15
    Драга babyketi!Многу ви благодарам на советот, јас и онака му најавив на нивниот адвокат дека нема да чекам толку долго за уплата на придонесите и дека најмногу што можам е 2,5 месеци.А сепак се колебав да ли да попуштам,зашто почнав да се обесхрабрувам,но вие ми дадовте малку храброст.Имате право!Ќе одам до крај па што сака нека биде.МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ!
     
    На babyketi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Па некако споро одат работиве кај нас? Тропнав на милион врати ама ништо. Дури и извршителот што го анагажирав испадн дека е негов. Прво наложил извршување, после го повелкол, јас не знам како е тоа можно.
     
  14. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Мора да се утврди зошто го повлекол извршувањето.
    Веднаш утврди го та и ако е неосновано , тогаш имаш право да го пријавиш извршителот до комората.
    Во секој случај , ако е негов барај си ги документите и оди кај друг .( прво распрашај се , за жал денес се е по партиски , роднински ,а и од врски од интерес)
    Поздрав. :hai:
     
  15. Svetlina

    Svetlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    Baby Katy, ти благодарам за одговорот. Знам дека звучи како да е прашањето наменето за мојот случај, но се радувам што не е така. Се работи за лице кое ми е многу блиско и на кое сакам да му помогнам (не е мојот сопруг, а не ми е швалер :D ).

    Имам уште едно дополнително прашање:

    Во овој случај жената по ниту една цена не сака да излезе од куќата. Кога би била јас на нејзино место би излегла за да си го сочувам пред се здравјето и нервите, а дел од имот или обештетување можам секогаш да добијам во судска постапка, не е спорно дека можам.

    Кој механизам може да се искористи овде (освен на сила или со присилни мерки)? Дали се одговара прекршочно и кривично доколку сопругот (по завршување на бракоразводната парница) ја избрка од дома? :D Велам јас форумот е женски, ама и мажите имаат проблеми.
    Го прашувам ова затоа што од инает не може да се живее заедно и плус си разведен. Како најлесно може да се реши ова?

    Благодарам!
     
  16. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Во ваквиот случај , доколку жената не сака да излезе од куќата ( а се и е подмирено во смисла на материјалното , (она што пишав од аспект на нејзино вложување во куќата и сл.) тогаш се поднесува до судот предлог за издавање на мерка -иселување ,односно празнење на куќата од луѓе и ствари ( така се вика стручно) ,која одлука ,кога ќе ја донесе судот се поведува извршна постапка за иселување ,односно празнење на куќата од луѓе и ствари.
    Се ова кошта и тоа многу ,а се добива само селење од куќата.
    Мој совет е да се најде друга алтернатива за да жената ја напушти куќата.
    Поздрав. :hai:
     
  17. Svetlina

    Svetlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    Дали може по бракоразводната парница, да се поднесе до судот предлог за издавање на мерка - иселување или не? Или пак таа е таа која што треба да поднесе барање за делот од имот што и следува според неа? Колку отприлика би можело да трае процесуирање на оваа мерка за иселување со оглед на тоа дека веројатно на тоа следува и жалба и слично? Мислам да не трае тоа колку и остатокот од животот па да биде исто како да не се развеле?

    И постои ли навистина друга алтернатива за иселување?

    Многу ти благодарам за трпението и за одговорите!
     
  18. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680

    Предлогот може да се поднесе по правосилност на решението за развод на брак, не зависно од нејзиното или пак неговото барање до судот за поделба на имотот стекнат во брак.
    За должината на процесот ( во време) никој неможе да ти каже ,ама не очекувај да се заврши брзо .
    Друга алтернатива не би било законско иселување.
    Поздрав.
     
  19. Svetlina

    Svetlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    Благодарам многу! Засега немам дополнителни прашања, ама ако имам пак ке те барам. :)
     
  20. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Би ве замолила да ми дадете одговор или правен совет за мојата ситауција. Ние сме 2 сестри и 1 брат. Татко ни почина а земјиштето гласи на негово име. Сега сакаме да покренеме оставинска постапка и имотот да го поделиме на 3 еднакви дела. Ме интересира најмногу за трошоците околу оставинската постапка, затоа што другите наследници не се во можност да платат голема сума и трошокот би паднал на мој грб, па би сакала да знам колку отрпилика ке ме чини се од услугата на нотарот па судот и незнам што се друго треба. Исто така и колку време би траела таа постапка, затоа што јас имам изградено кука на тоа земјиште и сакам да поднесам барање за легализација на истата.