1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Точно така, што значи дека ако објават оглас (а мора преку оглас) , може да се случи да се пријави некој друг кандидат со повеќе квалификации, па ако не го добие работното место да тужи , a членката може поштено да извиси .
    За разликата се согласувам, не може да докаже дека таа не знаела за околностите, прошлиот директор може да рече дека знаела дека е пријавена со виша, но се согласила на тие услови.
    Така да, најдобро е да ја чека новата систематизација, да не си отвори други проблеми во нејзина штета.
    Во приватните фирми полесно се решават овие проблеми, во државните, ако се оди по законски пат, не е баш едноставно.
     
    Последна измена: 4 јули 2018
    На Dusica24mkd и kikin им се допаѓа ова.
  2. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Не знаев, во ниедна диплома не пишува степен, тоа се одредува по колективен договор... (за жал.сега знам..) , некој што работел.не работел.како што треба, за тоа не сум виновна јас... Правници ги составуват решенијата...
    За интерен оглас, нема кој друг да се пријави... Само двајца сме, другиот е среднист...а за јавен јас ги исполнувам.сите квалификации... Проблемот е што установата не сака да објави...
    Што.се.однесува на минати.дирек.кажано ми е дека каде што теба ке си ја каже грешката, не е злонамерно направено...
    А бе хаос...
    Ви благодарам на мислењето... Ке се.слушнам деновиве со адвокатот... Сепак , не сакам никој да манипулира со мене , па макар и пари вратила, кои ми следуваат по образование ... Можеби грешам.. Но некој што искуцал "VI" степен наместо "VII", и не внел точни подароци од диплома, во договор за вработување , а работи повеке од 10 год на.исто место.....е не знам..веќе... Ако ме.разбирате...
    Тоа работно место беше отворено со барање за волонтер со висока школа, сите дог по таа основа ми се така, трансформацијата во ред. Работен однос ми е запишана во формуларите со висока....и ваму во дог за вработување по грешка пишале 6 наместо 7 степен, по што сум примена.до виша...па.ова крај нема...
     
    На ilyan и kikin им се допаѓа ова.
  3. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    84
    Добар ден
    Лани (2017година)се вработив во мај,во август колегите беа на одмор,јас не
    Во ноември наполнив 6 месеци на работа ,дали ме следуват денови од летниот одмор за користење бидејки не сум бил тогаш кога другите користеле???
     
  4. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира во која категорија јас спагам? Гледам дека доколку имотот е пренесен на разлиčен наčин ,се плака данок разлиčнo.
    Имотот беšе на име на дедо ми . Кога поčина се префрли на име на baba ми. Подоцна беšе препиšан на мајка ми како подарок . Кога поčина ,автоматски се подели на останатите во семејството. Наšите делој му ги препиšавме на татко ми ,šо знаčи станот беšе на него. Подоцна станот го препиšа татко ми на мене ,не како подарок ,туку нормално. Ме интересира на кој наčин би го определиле данокот ?
     
  5. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Me interesira dali nekoj imal iskustvo so navredi na rabotno mesto od kolegi. Postoi li moznost za tuzba?
     
  6. violette

    violette Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош. Жена сум на 38 години, неомажена, живеам во куќата на моите на посебен спрат. Од најмали нозе се соочувам со семејно насилство и малтретирање, од татко ми физичко, а од мајка ми емотивно. Младоста ја поминав учејќи, остварувајќи туѓи амбиции, трпејќи секојдневно малтретирање од моите додека не го добив степенот на образование што тие го замислија за мене. Потоа со години трпев насилство додека не најдов работа, изговорот за насилството беше дека наводно не сакам да работам. Секојдневно испраќав апликации, но беше тешко да најдам работа во државава повеќе од две години по добивањето на последната диплома. Сега работам веќе 5 години и заработувам просечна македонска плата, инвестирам во домот и се трудам што повеќе да придонесувам. Но, мајка ми е зависна од кавги и расправии и постојано бара начин со провокации и интриги да се расправа со мене и да поттикнува омраза кај татко ми против мене. Мислам дека психички ќе се разболам, на крај сум со мојата енергија и немам волја за живот, живеам единствено за моите две миленичиња. Пред 6 месеци морав да пријавам во полиција зашто татко ми по којзнае кој пат физички ме нападна обидувајќи се да ја заштити мајка ми во вербална расправија. Полицијата ме убеди да го сменам исказот од физичко во вербално насилство за да не бидат последиците посериозни, и така татко ми помина само со опомена дека ме навредувал. Но, расправиите не престануваат и постојано сум бркана од дома. Бркањето од дома се случува со години, сестра ми веќе успеаа да ја избркаат од дома, и сега со здружени сили бараат начин да ме натераат да го напуштам домот. Јас тоа веднаш би го направила, но комплицирано е со двете миленичиња, а и се чувствувам обесправена некој на таков начин да ме брка од дома. Ништо лошо не правам освен што одговарам на провокациите на мајка ми и вербално се расправам зашто не сакам да молчам. Овие денови бркањето од дома зема поголеми размери со закани дека ќе ја продаделе куќата само за да можат конечно да ме избркаат од неа. Ве молам дали има правни средства против ова што ми се случува? Благодарам.
     
    Последна измена: 14 јули 2018
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Навистина не секојдневна ситуација, не можам да сфатам зошто родителите би се однесувале вака со своите деца.
    Има решение за да се спречи продажбата на куќата, тоа е одземање целосно или делумно деловна способност на родителите и вие или вашата сестра да им бидете назначени за старатели, со оглед на однесувањето на вашите родители спрема вас верувам дека постојат основани причини и од медицински аспект за одземање на нивната деловна способност, пишете ми во приватна порака ќе разговараме подетално.
     
    На violette му/ѝ се допаѓа ова.
  8. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    11.813
    Девојки на работа правам евалуација на некои документи и ми се појавува едно исто лице управител на X фирма и вработен на неопределено време во друга Y фирма. Дали ова е законски?
    Ве молам посочете ми доколку знаете кој закон го регулира ова прашање.

    Ви благодарам
     
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Мислам дека не може. Закон за трговски друштва да провериш за управител.
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    M
    Zakonski e, ako e vraboten so pola rabotno vreme vo dvete firmi.
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    За да биде управител не мора да е вработен во фирмата, така што доколку само во едната фирма е вработен, а во другата е само управител е во ред.
     
    На bella24 и deliza им се допаѓа ова.
  12. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    да и тоа првиот дел од годишниот одмор за 2017 година од најмалку две работни недели да се искористи до 31.12.2017 година а вториот дел до јуни 2018. сега имаш право на нов одмор за 2018 година,
     
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    4.367
    Пол:
    Женски
    За покрената тужба против некого, без одржано рочиште и изречена мерка, каква е процедурата на добивање потврда за неосудуваност?
    Логично би било да пишува дека против него во тек е започната постапка.. или?
     
  14. miselova95

    miselova95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Имам прашања па доколку некој знае, ве молам за одговор. Ако некој направи фотографија од две лица на кафе и ја прикачи на својот профил ( стори) околу 15тина минути, дали лицата можат да поднесат тужба за нарушување на приватноста? За колку време третото лице би ја примило? Рокот за поднесување е 15 дена од денот кога се случило тоа? Или? Кои се казните?

    Ве молам за одговор.
     
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Ве тужат или сакате да тужите?
     
  16. miselova95

    miselova95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    За другар е, тој ја направил сликата
     
  17. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    здраво. Ми треба совет за едни пријатели.Тие ја продадоа куќата и на местото се изгради зграда,но саатот не бил сеуште префрлен на име на тие што градеа зградата и тие не платиле за струјата што ја користеле додека се градела зградата и сега тужба стигна на име од пријателиве. Што да направат ?
     
  18. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    Нека пробаат да се договорат уште пред да се започне со рочишта или на првото барем камати и трошоци да не плаќаат, бидејќи по правило они имале обврска да го раскинат договорот т.е да се одјават дека нема повеќе на нивно име да биде саатот.
     
  19. johnny-bt

    johnny-bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    13
    Pisete mi vo inbox, ke vi dadam nasoki.
     
  20. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу . Сепак,се договорија и без никакви рочишта и судови решија проблемот.Луѓето седнаа разговараа и си прифатија да си платат и вчера подмирија долгот целосно. :)