Не е важно колку и се вкупно раб.саати важно е колку време е во работен однос. Неа и се важи дека е вработена 5+4 месеци, за толку време и тече и стаж, нема тоа врска со саатите. Само платата е различна во однос со изработени саати.
Ај некој ако има појма од овие новите измени на законот д ами каже како е процедурата за препишување кука /стан од родител на дете значи како поклон првично се почнува од адвокат адвокатот праве договор за дар од таму требало да се однесе во општина е тука во општината шо се дешава ?
Во општина се спроведува постапка за ослободување од данок за наследство/дар зашто се работи за прво колено. Ќе ти стават печат на договорот дека си ослободен од плаќање данок. Откако ќе го земеш договорот со печат од Општина, одите кај нотар на солемнизација. Потоа нотарот по службена должност електронски пушта барање за упис до Катастар. Тоа е тоа.
Фала ти многу за одоговорот мене ме збунија заради тоа што адвокатот рече сега ке одите в општина таму само еден човек го праве тоа а тоа е проценка на имот за проценка знам дека се праве ама ако го купуваш тој имот не ако го наследуваш како дар ама пак реков да се изконсултирам
Во случај да се дарува на лице кое не е ослободено од данок би се направила проценка и врз основа на таа проценка ќе се плати данок- процент од проценетата вредност. Во овој случај бидејќи се работи за прво колено само ќе се ослободи од плаќање данок.
Се ослободува од данок на имот кон државата така? Дека на нотар се плаќаше околу 150-200евра такса така нешто.
Ама пак се плаќа на нотар околу 150-200 евра за сите работи кои ги бркаат тие во соработка со општина до момент кога даваат имотен лист на твое име и се тоа оверуваш со сигнатура кај нив во архив. Бар мене толку ми наплатија ако добро памтам пред 3години.
Тоа нема никаква врска со данокот, тоа си е нотарска награда за состав на нотарски акт ако е во таа форма или за потврда на приватна исправа- договор.
Да така е нешто награда беше, ама сепак пишувам да знаат дека сепак се плаќа 150-200евра на нотарот ако е подарок законски.
вака сакам да прашам дали некој кој е информиран или е правна личност моќе да ми каже дали е можно да се поднесе пријава против човек за кој се има докази пишано дека оптужува друг човек за кражба а се нема десено ... има докази кај што на фб пишува на друг да се рашири низ лужето дека тој е крадец на (нешто) ... плус во странска држава има направено пријава иста во која што го приведуваат човекот за клевета и кражба го измалтретирале буквално и кажале после од таму дека нема ништо кривично дали може и за тоа да се поднесе пријава кај нас за нарушен углед и претрпен стрес од страна на личноста ?
Здраво на сите, Дали некој би можел да ми помогне подетално околу процедурата за купување стан од физичко лице (не, од инвеститор). Знам дека прво се потпишува преддоговор кој треба да се завери на нотар пред да се префрлат парите, па по префрлувањето се потпишува договор по кој се плаќа данокот во општината, ако не се лажам, и се префрла имотниот лист на новиот сопственик од страна на нотарот. Претпоставувам дека нотарите не составуваат такви преддоговори па потребен е адвокат, а нотарот само да го завери. Дали нотарите соработуваат со адвокати во вакви случаи или сама да побарам некој добар адвокат за да го состави и дали има адвокатска тарифа за таква услуга како и нотарските или секој индивидуално наплаќа? Препораки?
А, дали може некаде да се види дали во меѓувреме работодавецот те одјавил, па пак те пријавил на половина работно време?
dali lice koe prima socijalna pomos treba da se prijavi vo ujp za primanje na prihodi so email i tie raboti?
Може да провериш лично во АВРМ или во ФПИОМ. Да, задолжително е за секое физичко лице државјанин на Р. Македонија да се пријави заклучно со 31.12.2018 година, а во ниту еден случај нема на корисникот да се оданочува социјалната парична помош, ова пријавување е заради оданочување на приходи по други основи.
Обврска за регистрација во е-системот на УЈП има секое физичко лице кое во текот на 2018 г. остварило приход по било кој основ. Повели http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/653
Ве замолувам за мислење на следната ситуација: На татко ми му стаса известување дека е направена корекција на дозволеното пречекорување и истото изнесува 0.00 мкд и дека долговното салдо на трансакциската сметка во рок од седум дена треба да го подмири. Прво, известувањето стаса ден пред истекот на тој рок, а второ, бидејќи неговата плата ни е единствениот приход во семејството, не можеме да го подмириме туку така. Претходно беше во банка да го продолжи договорот пред да истече, но беше одбиен, за нас, од непознати причини. Мислам, платата му е повисока од минатата година и редовна, со ништо не е потенцирано ни писмено објаснето зошто не може договорот да се продолжи. Пишавме на оние што го испратиле известувањето од Скопје, дали ќе може, односно ги замоливме да ја земат во предвид нашата финансиска ситуација, бидејќи тоа ни е единствено примање моментално и наместо на мејл, му се јавиле на татко ми и му рекле дека не може, а причината, кредит отплаќал. Но, тој кредит си се отплаќа редовно како оваа, така и претходната година, а договорот тогаш си беше продолжен. Со ништо не допринел татко ми да мора вака да постапат, платата му е зголемена, еве не знам. Ако му ја блокираат сметката, нити за живот, нити за кредит. Дали ова е исправно од нивна страна, дали може нешто да направиме, бидејќи инаку, следните два месеци ќе останеме без ништо. Би сакала да слушнам ваше мислење и совет
Одјавен сум бил на еден ден и повторно пријавен на половина работно време. Ми кажаа во АВРМ. Нема К-15