1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna***

    Anna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба информација.... дали се плаќаат судските трошоци од делото доколку се поднесе жалба до апелационен суд?
     
  3. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Овде се работи за кривично дело – ,,Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Кај ова кривично дело, дејствието на извршување се состои во непридржувањето кон сообраќајните прописи, при што како последица настапува опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем и се гони по службена должност заради што се постапува и од страна на ЈО.
    Објективен услов на инкриминација претставува нанесувањето на телесна повреда на некое лице или настапувањето на значителна имотна штета.
    Објективниот услов на инкриминација стои надвор од законското битие на делото и не мора да биде опфатен со умислата на сторителот.
     
  4. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Здраво не знам дали е за тука темава ама сакам да прашам : акп во случај фирма не сака да плати отпремнина за пензија каде може да се пожали?
     
  5. coldbaby

    coldbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да отворам сопствен бизнис со кредит кој го дава државата за самовработување.Сакам да набавувам роба од Бугарија ама не даваат фактури. Дали би можел некој да ми објасни дали и како треба да се пријави таа роба
     
  6. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Не можам да ти пишам порака, инаку за отварање на фирма пиши ми, во порака ќе ти објаснам подетално.
    Инаку со мерката за самовработување која е со давање неповратни парични средства, може со истите да се користат за купување на репроматеријали и други добра и услуги, и тоа само од домашни компании, односно АВРМ ќе ги плаќа профактурите кои се издадени од домашни фирми.
    Не е дозволено во рамки на паричните средства доделени од АВРМ со меркатa за самовработување, купување на репроматеријали и други добра и услуги од странски фирми надвор од државата.
     
  7. feminista

    feminista Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите се надевам дека ќе ми помогните
    Со вереникот сакаме да се регистрираме ,но ни побараја некоја потврда за слободна брачна состојба.. Јас пред три години имав заверено на нотар вомбрачен брак документ со мој потпис кој ми служеше за посета бо затвор ..непамтам како гласеше во документот само памтам дека само јас го потпишав.Ај ке ве молам совет доколку некој знај дали сега кога ке вадам документ за слободна брачна состојба дали ќе излези тоа и дали ќе си направам проблем ? ве молам за помош многу се плашам
     
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Уверението за слободна брачна состојба го издава Управата за водење на матичните книги, и е таков документ со кој се докажува дали барателот има склучено брак со некое лице или нема склучено брак.
    Постапката за склучување брак започнува со поднесување на пријава до органот надлежен за водење на матичните книги на венчаните, во која постапка се проверува пред се дали можеби постојат некои од законските пречки за склучување на брак предвидено во Законот за семејство.
    Една од повеќето предвидени законски пречки за склучување на брак е регулирана во член 17 од ЗС, кој предвидува дека не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане. Во таков случај матичарот со решение ќе го одбие склучувањето на бракот.
    Доколку не постојат законски пречки, по спроведувањето на посебната свечена постапка, давањето на изјави од страна на идните брачни другари, бракот се смета за склучен кога истите тие ќе се потпишат во матичната книга на венчаните и веднаш по запишувањето ќе им се издаде извод од матичната книга на венчаните.
    Од друга страна, постоењето на т.н "вонбрачна заедница", односно заедница меѓу маж и жена која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница само во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат исклучиво за време на траењето на таа заедница.
    Евентуалното постоење на таква "заедница" воопшто не е предвидено како законска пречка за склучување на полноважен брак и негово запишување во матичната книга на венчаните. Доколку пак постоел претходно склучен брак, за издавање на Уверението за слободна брачна состојба, ќе биде потребно таквиот брак да престанал на еден од законски предвидените начини - со негово поништување, или развод, односно бракот престанува со поништување или развод кога пресудата за негово поништување или развод ќе стане правосилна и ќе се достави до органот кој ги води матичните книги на венчаните, кој врз основа на таквата пресуда ќе спроведе бришење на претхониот брак.
     
  9. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Dobro utro.. Ke moze li da mi kazete dali treba da najavam pismeno so izvestuvanje vrakjanje na rabota, od porodilno otsustvo ili ne.. Treba do sreda da zapazam... Citav nesto no ne sum sigurna dali uste se najavuva od moja strana ili instutuciite.
     
  10. TRex-flex

    TRex-flex Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Добар ден,
    Потребен ми е правно-економски совет, околу отворање на фирма со сопственик странски државјанин или претставништво на странска фирма во Македонија - потребно ми е објаснување околу одговорноста, процедурата и начинот на функционирање на двете опции. Доколку објаснувањето е премногу обемно, би ве замолил за евентуален контакт или предлог за некој кој е подобро упатен во овие проблематики како би оствариле деловен контакт/состанок.
    Благодарам однапред
     
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Ви пишав мој контакт тел. во порака.
     
  12. Ивана!„“

    Ивана!„“ Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво.Имам едно прашање.Имено сестра ми има два автомобила од кои што едниот сака да го префрли на мое име.Кој начин е најефикасен, економичен, соодветен и брз за спроведување на постапка за префрлување од нејзино на мое име?
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    151.811
    едноставна постапка
    адвокат се праве купопродажен договор од таму со договорот на нотар па после во полиција да ти издатат собракајна на твое име и ти си сопственик
     
  14. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Ова го пишав и во друга тема, но не добив одговор, па и тука да пробам
    Дали сте имале искуство со адвокатската канцеларија на Мери Младеновска Ѓорѓиевска И Ратко Ѓорѓиевски? Инаку Мери Ѓоргиевска е поранешна министерка во времето на Сдсм во 2002/2003 тој период мислам. Но, мислам дека тие не се многу во канцеларија, вработените им ги вршеле работите. Па, ако има некој искуство нека каже. Гледам имат огласи за приправници и волонтери! А и моите дома сакаат да се консултираат за еден правен проблем, не знам со која област се занимаваат
     
  15. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Здраво, ако може мислење.
    Во договор за раб на другарка и ставиле дека ако даде отказ мора да плати некоја оштета за обука од 5000 евра - а цело време и вршат притисок. Дали тоа би изгубила ако ја тужат?
    Инаку ја обврзуваат 1 год да работи таму и и останале 8 месеци да дообработи.
     
  16. Dani-Bani

    Dani-Bani Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo!
    Prv pat prasuvam na forum i ne znam dali e se soglasuva moeto prasanhe so temava.
    Majka mi imaat izgraden objekt od pred 30g za prasinja. Na komsiite kukjata im e izgradena pred 15-17god na rastojanie od 7m od objektot i im se zakanuvaat na mojte deka ke im viknele inspekcii za rusenje. Jas sakam da znam koj e vo pravo.
    Vi blagodaram
     
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Ако е легализирана градбата не би требало да имаат проблеми
     
    На Dani-Bani му/ѝ се допаѓа ова.
  18. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Колку е дозволено доцнење со плаќање данок од 3 посто при купопродажба на стан?
     
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Ако не се плати данокот на промет на недвижности односно се додека не ви стават клаузула на договорот за купопродажба дека е платен данокот на промет на недвижности, нотарот не смее да ви го солемнизира договорот за купопродажба. Инаку, нема конкретен рок до кога е дозволено задоцнување, туку има рок до кога треба да се плати, ако не се плати во тој рок тече камата за секој ден задоцнување во висина од 0,05% на износот кој треба да се плати.
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Станот е земен на кредит ке прави тоа проблем во банка или не?