Со оглед на тоа што постои утврдено право на сопственост и владение на стварта не ми е јасно зашто сопствениците би чекале некого за нешто. Постапката за смеќавање на владение била ограничена само на расправање и докажување на факти за последната состојба на владението и настанатото смеќавање и во истата не се расправало за ПРАВОТО на владение - (jus possidendi), за правниот основ (iustus titulus), ниту пак за совесноста или несовесноста на владението. Тоа значи дека тужителите претходно имале воспоставено владение врз стварта (не знаеме врз основа на што), кое владение им било нарушено, врз основа на што повеле постапка за смеќавање на владение, и се стекнале во решение со кое можеле да бараат воспоставување на последната состојба пред да настане смеќавањето. Меѓутоа не побарале и правото да бараат извршување им престанало. Така, согласно член 415 од ЗПП: "Тужителот го губи правото да бара извршување на решението со кое на тужениот по тужба поради смеќавање на владение му се наложува извршување на определено дејствие, ако не барал извршување во рок од 30 дена по истекот на рокот што со решението е определен за извршување на тоа дејствие." Не постои никаква пречка сопственикот да располага слободно со својата ствар.
Неограничено, се додека постојат околности поради кои не може да се одржи рочиштето. Ако сакате пишете ми подетално во порака за да ви дадам поконкретен одговор.
Благодарам на исцрпното објаснување. Проблемот е што секаде треба повторно да се објаснуваме, и иако на крај не можат ништо, ние губиме време. Затоа сакав да знам дали постои некој правен институт: предлог/барање одредено решение, кое повеќе не е подобно или е неосновано за извршување поради изгубено право, застареност (како нашево) правосилно да се укине, да се поништи, да се стави вон сила или како и да се нарече тоа? Поентата ни е да се заштитиме од понатамошно нивно мавтање со решението секаде и од губењето време додека се разјасниме околу се она што сте го напишале погоре во институции како општина на пример. Вака се тера, ама ако има опција се би било поедноставно Извинете за терминиве и нејасноста, ако делуваат смешно. Јас не сум правник, но сосема аматерски се потрудив да прочитам повеќе пред да го поставам прашањето.
Многу е едноставно. Во конкретниот случај сопственикот треба да продолжи слободно да ја користи својата ствар согласно нејзината намена. Тоа значи, ако има можност да гради или надоградува (како што споменувате со покривот), едноставно треба да поведе управна постапка пред општината за добивање на дозвола за градење, па по добивањето на истата да почне да гради. Нема причина "решението за нарушено владение" посебно "да се поништува" или "става вон сила". Едноставно истото станало беспредметно. Врз основа на истото, тужителот можел во одреден рок да поведе постапка за извршување пред надлежен извршител и да бара да биде воведен со владение/совладение! Но не побарал и неговото право да бара престанало. Нему не му било утврдено право на владение, (ius possidendi), кое право на владение се утврдува со т.н. Публицијанска тужба (actio Publiciana), позната и како тужба за појако право на владение, кое право пак му се признава на квалификуваниот (совесен) владетел. Решението за смеќавање нема врска со такво нешто. Тој барал единствено да се утврди дека владението кое го имал дотогаш му било нарушено и барал да се врати владението во последната состојба. Едноставно не можам да ја разберам неговата логика, додека имал можност да бара присилно извршување на решението, тој тоа не го сторил, изминал рокот, а пак сега истото тоа решение го користи онаму кај што едноставно е неприменливо, како на пример во општината. Таквото решение во ниту еден случај не може да претставува никаква пречка за било што. Општината не смее да го зема во предвид во евентуалната постапка за добивање градежна дозвола, од проста причина што истото е целосно нерелевантно за предметната постапка. Дури и сега, по истекот на рокот ако биде поднесено пред извршител, истиот мора со посебен заклучок да го одбие извршувањето, во спротивно прави повреда доколку би започнал да извршува неподобна исправа.
Правници и адвокати, не барам некое мислење, но би сакала да ви претставам едно судско решение. Поодамна е поминато и се е средено во наша корист на крај благодарение на скриени и не многу познати членови од законите, но да видите како функционира нашето судство и нема каде да се жали човек на крај . Ако има судии тука, уште поубаво. Во решението ние сме тужените. Значи, против нас е поведена постапка за смеќавање на владение врз таван и барање за одземање на владението. Наводното смеќавање се случило во мај 2014. Ние доставуваме докази дека предметната недвижност не е таван туку стан со имотен лист на име на наш предок, па со оставина на наше име. Дека сме го владееле просторот од секогаш, но со оглед на природата на судењето дека последните две години сме си имале клуч и не сме имале потреба да кршиме брава. Значи, доставуваме елаборати и веѓтачења направени во просторот од 2011, 2012, 2013 и 2014 во кои си пишува дека овластени лица биле на лице место по налог и во придружба од нас. Значи, сме си имале клуч. Како инаку сме влегле со толку народ. Сметки дека во последните години пред тужбата сме ставале врата и гипс картони со испратница, фактура, сведок... Тужителите вадат список на наводно вложени работи во таванот, кој всушност има имотен лист како стан, напишан на рака од 1983 до 1988. Судијата им го зема предвид. Не ни усвојува дека тужбеното барање им е задоцнето, ниту дека сме го владееле ние просторот, ниту дека тужбата е неуредна бидејќи не е правилно цитирана недвижноста, односно дека не се работи за таван... На крај им го одбива предлогот за одземање на владението со образложение дека ние уште во 2011, 2012, 2013 сме влегле во владение. Но не задолжува да им платиме трошоци скоро 50.000мкд и да им дадеме клуч од таванот, кој всушност е наш стан прогласувајќи ги совладетели од 1983???????? Никој не барал совладение, нема таван, не смее да расправа за евентуалното право на владение (вложувале наводно од 1983???), треба да го утврди последното непречено владение (последните години)??????? Нашите докази од државни и овластени органи, од дозвола за градба до елаборати дека цело време влегувале луѓе и сведоци кои го потврдуваат тоа, нивните докази список на рака од 1983 до 1988??????????/ Ги смета нивните за порелеванти??????? Апелација само потврдува. Нема ревизија по ваква тужба. Излезено од тужбено барање, излезено од законска дефиниција за смеќавање на владение.... И нема што да се прави????????? краен збор на Јорданчо???? Да ви кажам, ми падна после години во раце пресудата и еве, денеска ја читам и се нервирам како си дозволуваат судиите вака да си играат. Кај нас е за владение, односно не можат понатака кузнае како да ја користат во постапки и пак ни прават проблеми... Замислете за нешто поважно што се се случува. Да не кажувам дека во друга постапка, тужба за реконструкција на кровот од наша страна против други 3ца станари, кои му беа сведоци, откако ја изгубија официјално тужителот во врска со смеќавањето им го плати долгот од 100.000 денари кон нас. Тоа не се платени сведоци??? Ама тоа после 9 месеци од потврдената претходно опишана пресуда од апелација, без право на жалба и ревизија.... Знам ќе речете повторување на постапка со нови сознанија, но што ако. Истиот судија што си пали и гаси??? Благодарение на член 415 од ЗПП ние си ја истеравме правдата. Среќа што си имавме имотен лист и си спроведовме оставинска уште претходно, па сега можеме да си располагаме со стварта. Иако, често мора да пишуваме одговори со оглед на тоа што се работи за постара зграда и мора да се средува. Тужителите не ни живаат тука, хахаххахаа. Немаат ништо со парцелата. Одбиени се за бришење на имотен лист. Нормално, немаат документација за да бидат сопственици, ниту да тужат за сопственост. Сега си мислам веројатно мислеле дека ако судијата им напише дека го владееле просторот од 1983 додека ние сме влегле во владение, ќе имаат над 20 години и ќе можат да идат на одржувачка, ама изгледа превиделе дека по тужба за смеќавање не се расрава за правата на вледение и совесноста. Право, хахаххахахахахаххаах Извинете што се изначитавте, ама може на некој од вас ќе му користи некоја од информацииве, посебно членот 415 ЗПП.
Здраво, да ми предложите добар адвокат за отварање на странска ќерка фирма во Мк? Ми требаат информации, совети, закони итн. Фала
imam eden praven problem ... molam za sovet ... Imeno sudot vo 2006 nosi resenie so koe se dozvoluva izvrsuvanje vrz osnova na nerodostojna isprava. Se raboti za pobaruvanje na cekovi realizirani ama ne pokrieni vo 2001. Od togas sudot probuval da izvrsi uredna dostava no mojot tatko ja smenil adresata i ne bil vo Makedonija. sudot ne izvrsil uredna dostava. resenieto nema klauzula za pravosilnost i izvrsnost od strana na sudot. predmetot so promena na zakonot za izvrzuvanje go predava vo 2012 na notar. notarot do den denes nema postapeno po predmetot. do den denes predmetot ne e izvrsen i ne e pravosilen. mene me interesira dali predmetot e zastaren po osnov zastareno pobaruvanje od denot koga sudot go donel resenieto, ili predmetot e aktiven uste , pa sega ako notarot stavi klauzula za pravosilnost i izvrsnost dali moze predmetot da bide izvrsen. jas ne znam sto da pravime, bevme kaj notarot, ama toj vika koga ke postapam po predmetot ke dobiete izvestuvanje pa moze da prigovarate za sto mislite deka e vo vasa korist. blagodaram
Да. Ако малолетникот наполнил 15 години, тогаш му се признава ограничена деловна способност. Дар може да прими како лице со ограничена деловна способност, така и деловно неспособно лице (тука би влегувало и лицето кое не навршило 15 години), но кај деловно неспособните лица, во нивно име и за нивна сметка договорите за прием на дарот ги склучува исклучиво неговиот законски застапник. Ако дарот го прими деловно неспособно лице, законскиот застапник на тоа лице може со изјава дадена на дарувачот, во рок од 30 дена да го одобри дарот. Малолетникот секогаш стекнува целосна деловна способност со навршување на 18 години- (полнолетен), доколку не постојат некои други причини определени со закон поради кои тоа лице не би било во состојба да се грижи за себе и за заштита на своите права и интереси. Поинаква би била ситуацијата малолетник да треба да даде подарок, односно да се јави како дарувач.
Малолетникот е на возраст од 12 г. што значи деловно неспособно лице. Дали може во договорот да побарам да стои, без моја согласност да не може да се изврши продажба до стекнување целосна деловна способност на малолетникот, 18 г.
Да, а потоа по пренесувањето на правото на сопственост и упис во јавната книга за запишување на правата врз недвижности (Катастарот), ќе се изврши прибелешка на фактот дека сопственикот е малолетен, во имотниот лист за недвижноста, во делот Г - товари и други прибелешки. На тој начин ќе стане јавно достапен фактот дека сопственикот е малолетен, и во секој случај до полнолетство на малолетникот ќе му биде потребно одобрение од законскиот застапник доколку сака да располага со недвижноста чиј сопственик е.
Здраво Имам копија од дипломата заверена на нотар. Сега повторно ми треба друга копија, дали копијата од првата копија треба повторно да се заверува на нотар и дали ти треба првата копија заверена како доказ за да ја завериш новата?
Заверената копија на нотар има иста доказна вредност како и оригиналот. За повторна заверка на нова копија, може да послужи како оригиналот, така и претходно заверената копија.
Дали знаете дали адвокат треба да наплати излегување на суд по полна тарифа при одложено судење? Значи само се појавил и немало никаква расправа.