Мојот татко почина е сега на неговата трансакциска нема полномошник,што процедури има за некој од нас да има право на таа сметка?
Дечки, не знам дали поракава е за тука ама се надевам дека некој знае точно-трудница за да зема породилно според закон , треба да е минимум 6 месеци осигурана и породилното се пресметува како просек од тие 6, така? А не просек делено со 12. Има ли некаде во некој закон каде можам да најдам за ова, бидејќи различно пишува на повеќе места. Благодарам....
Извинете дечки да прашам дали работат Нотарите или до колку саат пошто треба некои обврски да завршиме.?
Ааајде некој ако знае да ми помогне... Знаете на колку години малолетно лице стекнува право да одлучи кај кого од разведените родители сака да продолжи да живее??? Сака да премине да живее кај другиот родител...
Чичко ми пред 5 години на колега му даде на заем 3500€ . Направија договор на нотар и двајцата работеа во Скопје, меѓутоа чичко ми даде отказ од таа фирма и сега си работи во Кавадарци.Колегата му плаќаше само 2-3 месеци, додека чичко ми не даде отказ, а одтогаш ни траг ни глас од него. Поминаа сигурно 5 години. Го тужеа човекот, меѓутоа немал ништо на негово име, и дознавме дека возел такси на диво. Кола, стан, се е на име на синовите. Како да постапиме во оваа ситуација, како да си ги поврати човекот парите? Му пишуваше едно време, меѓутоа мајмунот го блокна од секаде. Му пишуваме и ние блиските роднини, но никаков траг ни глас. Сирот чичко ми, заштедените пари ги извади од банка за да му помогне на моронов. Плаче буквално.
Според Законот за здравствено осигурување основица за пресметување на надоместокот на плата преставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Висината на надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Законот вели минимум шест месеци, ако здравственото осигурување траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот..... Секако доколку е само минимум месеци (шест) осигурана, породилното ќе и изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата за тие шест месеци.
треба да се тужи на суд за долгот, да има пресуда, иначе за 5 години застарува побарувањето ако не е одреден рокот за враќање пари во договорот. ако има пресуда, по правосилност рок за застарување е 10 год. од пресудата. е сега, најбитното, да се најде што да му се одземи... обично извршителите знаат да искамчат по нешто, иако најчесто прво за себеси, после на доверителот. ако е цел имот на туѓи имиња, да се евентуално побара историја на сопственост преку катастарот, дали должникот имал имот и кога го оттуѓил и дали во моментот кога го оттуѓил имало пресуда за наплата. друго, да се види дали има семеен имот на кој должникот имал или можи да добие право на наследство, пример ако имало куќа/стан или сл. (нива, плац) на име на татко или мајка - кои по нивна смрт би имал право на сопственост, особено ако нема друг имот на негово име односно теоретски не би имал каде да живее и му следи минимално простор за живот т.н. нужен дел, па да се бара да му се одземи нешто такво. особено ако има покојник со имот на кој има право на наследство а не е завршена делба на имотот. понатаму ако има кола такси возило, да се види како е купено и со чиј капитал (пари)... ако е на такси фирма возилото да се види дали има дел сопственост должникот во такси фирмата, како кога и од кој е купена колата и сл. овие работи најдобро со адвокат да се дискутираат, а има евентуално и на фејсбук група под име правни искуства правни проблеми или така нешто, таму сигурно би се најдувало кој да помогни стручно, јас ова го раскажувам сето од лаички сознанија.
Татко ми и чичко ми имаат имот на нивно име.Имотниот лист гласи на двајцата,за да се прави елаборат,поделба итн ги праќаат прво на адвокат за договор. Ако знае некој за каков договор станува збор како да го барам и колку чини истиот?
Договор за физичка делба. Може да ви го состави адвокат, а може и дирекно на нотар, овој договор е еден од малкуте кои нотарите можат да го изготват во форма на нотарски акт. Доколку одите кај адвокат, мислам дека 3900 денари е договорот по тарифник, со тоа што после пак ќе мора да одите на нотар за да го солемнизира. Кај нотарот се плаќа во зависност од вредноста на имотот. Само јас мислам дека прво треба да направоте геодетски елаборат, па после договорот. Зашто делбата што ќе се прави во договорот, мора да биде врз основа на геодетскиот елаборат.
Може, 100 посто. Договор за физичка делба може да се изготви од нотар, како нотарски акт. За дар, за купопродажба не може, ама за физичка делба може.
Не мора да се убедувам ама не може. Треба и двете страни да бидат со адвокат и да потпишат спогодба. Всушност адвокатот е само како “сведок” дека се е по законски регуларно. Инаку,бевме вратени со нотарски акт од елаборат. Нашето искуство беше тоа.
А постои некаков си договор за косопствесност? Зошто татко ми објаснува дрка станува збор за некаков договор што само он треба да го направи за неговиот дел.За истото станува збор? Малце глупо звучам,ама стварно не се разбирам. Од геодетски такво нешто им барале.
Постои термин сосопственост. Моментално татко ти и чичко ти се сосопственици на имотот, односно имаат дел ама не е точно определен кој дел е чив. Затоа се прави договор за физичка делба, за да станат сопственици, секој со свој посебен имотен лист и дел на сопственост 1/1. Е сега зависи и што е имотот и како сакаат да го делат. Ако има на пример повеќе парцели и си се договорат меѓусебно која парцела на кого, тогаш не е потребен геодетски елаборат. Ако има парцела која сакаат да ја делат по пола тогаш мора геодетски елаборат. Договорот за физичка делба може да го изготви адвокат, а може и дирекно на нотар во форма на нотарски акт. Со тоа што ако го состави адвокат, после мора нотар да го солемнизира. Кај нотарот цената се одредува според вредноста на имотот.
Незнам зашто ве вратиле, ама најсериозно, со измена на закон за нотарјат во 2016 година, ги вметнаа адвокатите во нотарските работи, па сега не постои веќе нотарски акт на договор за дат, за купопродажба. Ама за физичка делба, за размена си останаа во сила нотарските акти.
На први март дадов отказ за од 1ви април, да се испочитува отказен рок од 30 дена се тоа. На работа си одев редовно до 14ти март и после ги затворија моловите и сите останавме дома и мене на 17ти ме одјавиле од фирма. Е сега сеуште немаат пуштено плата за март, дали постои некоја 'дупка во закон' со што би можеле да не ме исплатат за тие денови? Да напоменам и на другите немаат пуштено плата, а не знам дали и тие се одјавени.