1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Може и на суд да се завери, дог за отстапување на имот за време на живот (меѓутоа потребна ти е согласност од сите потенцијални наследници) додека за дар мора заверка на нотар и не е потребна согласност од другите наследници. Судот ти е поефтин меѓутоа е многу побавен (и зависи од кој град си како функционира судот таму)
    Адвокат е тој што го составува договорот и потребен ти е негов печат.
    Додека за данокот игра улога и фактот дали живееш во него или не (ако не живееш таму поскапо иди сумата за порезот //данокот//), потоа ако има измени во имотен лист или е поголема површината има логика поголем да е данокот на имот.
     
  2. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    51
    Вака пред 2 недели некаде ми отворија записник за нарушување мир и ми рекоа дека ке ми стигне казна на домашна адреса ,сега прашањето ми е јас следниов месец до месец и половина нема да бидам во македонија,може некој друг да ја земе казната наместо мене или ќе морам да останам и да чекам да ми ја донесат казната
     
  3. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Слободно замини си. Па кога ќе се вратиш ќе ти ја достават казната.
     
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    7.376
    Кога се има деловен простор и сакате да го поделите, притоа едното лице спори и не дозволува ниту мерење, што треба да се направи?
     
  5. moznost

    moznost Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ме интересира дали некој може да ми каже дали се плаќа годишно данок на имот за дворно мест во зграда? Досега немаше таква ставка во годишното решение за данок на имот. Годуинава се појавија и данок за дворно место и ставка за балкон. Благодарам
     
  6. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Поднесуваш предлог за физичка делба, сакал/а некел/а другото лице ќе си добие покана од судот за рочиште, предлагаш вештак и увид на лице место судот ќе дојди на лице место .... пробај така или најдобро консултирај се со адвокат ...
     
  7. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Поведување на судска постапка за делба на заеднички имот.

    Во оваа постапка, судот одлучува за начинот и условите на делбата на заедничкиот предмет, односно недвижен имот. Оваа постапка се применува во случаите кога повеќе лица имаат право на сопственост врз предмет или имот како што е заедничката сопственост и сосопственоста.

    Карактеристично за оваа постапка е тоа што овде се одлучува само за начинот и условите на делба, а не за големината на деловите и правото на сопственост. Доколку делбата не е спорна и постои согласност меѓу сосопствениците, тогаш постапката се врши кај нотар во форма на нотарски акт, меѓутоа вие наведувате дека едниот сосопственик не се согласува.

    Предлог за делба на заеднички предмет или имот може да поднесе секој од носителите на правата на заедничкиот предмет или имот и со него мораат да бидат опфатени сите носители на правото (заедничари). Предлогот содржи податоци за предметот на делбата, местото каде се наоѓа, сопствениците и другите лица кои на него имаат стварни права.Кон предлогот за делба на недвижност се приложува доказ за сопственоста и за други стварни права на недвижноста. За делба на заеднички предмет или имот надлежен е судот на чие подрачје се наоѓа тој предмет, односно имот.

    Судот, постапувајќи по предлогот за делба, ако утврди дека е спорно правото на заедничкиот предмет, односно имот, големината на делот или е спорен предметот на делбата, ќе ја прекине постапката, а предлагачот ќе го упати да поведе парнична постапка во определен рок. Ако предлагачот во определениот рок не поведе парнична постапка, ќе се смета дека го повлекол предлогот.

    Ако не е можно заедничкиот предмет, односно имот да се подели физички или ако со тоа значително би се намалила неговата вредност, судот може да определи предметот да припадне само на еден од носителите на правото, при што ќе го определи износот на вредноста што треба да им се исплати на другите носители на правата на заедничкиот предмет, односно имотот и времето на исплатата или предметот, односно имотот да се продаде. Продажбата се врши според одредбите на Законот за извршување.
     
    На GeoDidi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Здраво, знае ли некој каде треба да се достават документите (извештаи од лекар за повреди од сообраќајка санирани повреди) судска служба или полициска.
    Ви благодарам.
     
  9. DaraLady2000

    DaraLady2000 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Каков вид на судска заштита постои за жртвите на семејно насилство, конкретно каков вид на граѓанска постапка е предвидена?
     
  10. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Во граѓанска постапка - изрекување на привремени мерки за заштита;
    Заради запирање на насилството и отстранување на последиците, како и превземање на ефикасни мерки кон сторителот, на сторителот можат да му се изречат една или повеќе привремени мерки за заштита, зависно од конкретните околности, и тоа:
    - забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство
    - забрана да вознемирува, телефонира, контактира, или на друг начин комуницира директно или индиректно
    - забрана да се приближува на одредено растојание;
    - забрана да поседува оружје;
    - задолжително психијатриско лекување;
    - задолжително посетување соодветно советувалиште;
    - задолжително законско издржување;
    - отстранување од домот без оглед на сопственоста;
    - задолжително да ги надомести трошоците настанати од семејното насилство итн.
    Предлог за изрекување на привремени мерки може да се поднесе без оглед дали се води кривична постапка.
     
    На DaraLady2000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    received_291852558924939.jpeg
    Ми треба совет , оградата е 17 години во ваква зимзелена форма и на комшиите им текнало дека треба да се исече мојата ограда , при тоа што татко ми кој е сопственик на куќата и оградата не е во Скопје и не беше присутен на настанот .
    Двајца комшии си земале ножиците во раце и почнале да си сечат :@ без да дојдат да ме прашаат и среќа што се најдов во двор искочив на улица се расправаме :sweat: им викнав полиција , полиција дојде и направи записник каде што ги предупреди дека не се во право и да не се повтори . Во меѓу време пред да дојде полицијата тие мене ми објаснуваа за моја ограда како јас не сум во право . Кажав да сте пријавиле во некоја надлежна институција и тие да ми кажат смета јас нема да се бунам сама ќе ја исечам ама вака :@
    Е сега полицијата ми даде нивни податоци и ми рекоа можам да ги тужам за оштетување на приватен имот . Сакам да ги тужам , но сакав само да им дадам до знаење дека тоа не е нивно право и дека не се во право и не смеат тоа да го прават. Добив еден куп навреди :x за моја ограда :sweat: што е следно записникот деновиве треба да го земам од полиција и да одам кај адвокат и да поткренам кривична тужба и?
    Не дека имам штета , туку само да им докажам дека си зимаат за големо право да прават што сакаат сите комшии со нас.
    Испадна голем пост но премногу сум нервозна :devil:
     
  12. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    471
    Ако знае некој да ми одговори. Ме интересира дали на сред отворено породилно можам да го прекинам и да работам во друга фирма?
     
  13. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Доколку побаруваш штета, во осигурителната компанија, доколку имаш прекршочна постапка-кривична, тоа треба во суд оригинал заедно со се лекарското уверение....зависи за што ги поднесуваш??
     
  14. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можеш да го прекинеш, и да си почнеш на работа во друга фирма, меѓутоа породилното нема да продолжи да ти се исплаќа....се прекинува да знаеш.
     
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Може да ги тужите за навреда во граѓанска постапка, веќе навредата и клеветата не се кривични дела, во однос за тоа што ја исекле дел од оградата нема елементи на кривично дело.
    Елементи за кривично дело има само доколку ви се заканувале, но и тоа треба да го пријавите во полиција, и тие од таму да поднесат кривична пријава до основен јавен обвинител.
    Во однос на исечената ограда може да ги тужите само за надомест на штета, но и тоа треба да се поткрепи со вештачење.
    Во спротивно може да не ви ја усвојат тужбата за надомест на штета, и да се изложите само на трошоци.
     
  16. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    За вештачење ми спомна адвокатот .
    Ти благодарам
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Deniicija

    Deniicija Нов член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, би ве замолила за одговор на следново прашање.
    Законот за тргоски друштва вели вака.
    Членот три вели дека управителот може да поднесе оставка кога сака, доколку интересите на друштвото не наложуваат нешто друго.
    (3) Управител може да поднесе оставка во кое било време со поднесување писмено известување до сите содружници, ако интересите на друштвото не наложуваат нешто друго.
    А членот 4 вели
    (4) Се смета дека на управител му престанал мандатот со денот што го назначил во оставката, поднесена во писмена форма или во електронска форма до сите содружници. Управителот го заверува потписот на оставката кај нотар. Ако оставката е дадена во електронска форма истата управителот мора да ја потпише со електронски потпис согласно со Систем за е-регистрација. По поднесената оставка не се одлучува за нејзиното прифаќање. Ако интересите на друштвото тоа го наложуваат, содружниците можат да го обврзат управителот да ја врши функцијата до избор на нов управител, но не подолго од 30 дена. До трговскиот регистар се поднесува оставката во писмена форма или електронска форма согласно со Систем за е-регистрација за да се изврши бришење на уписот на управителот во трговскиот регистар. Ако друштвото е со еден управител, а друштвото нема избрано управител, судот поставува привремен управител, на начин определен со овој закон.


    Конкретното прашање е дали ортаците можат да не му ја прифатат оставкат пошто така налагале интересите на фирмата или мораат да ја прифатат оставката само што ќе можат да му бараат да биде плус 30 дена управител на фирмата?

    Ви благодарам
     
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Да, ќе треба да остане на функција управител уште 30 дена, инаку може во секое време управителот да поднесе писмена оставка.
    Ако ве интересира нешто друго во врска со ова, пишете ми во порака.
     
  19. Bojana@

    Bojana@ Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    pozdrav do site dolgo go sledam forumov i sega se zacleniv za da prasam nesto

    e-mail sto sum dobila ako sodrzi vakov tekst

    This is a confidential communication intended only for the named addressee. If you received this communication in error, please notify us and return and delete it without reading it. This e-mail may not disclosed, copied, or distributed in any way and in any case it may not be altered or otherwise changed

    dali smeam od adresata na koja sto sum go dobila i ja koristam da si go prepratam na drug email koj sto isto taka e moj i jas go koristam ? ili da go zacuvam na bilo koj nacin vo elektronska forma ili pak nesmeam da go napravam tova ? Deka e na angliski ne mozam da protumacam.
     
    Последна измена: 31 јули 2020
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Пробај, ова е проформа само, во случај ако погрешка стигне е-маилот до трето лице, но штом е наменет до вас, вие може да си направите copy-paste на е-маил пораката во word dicument, или да направите forward кон друг ваш е-маил, тоа си е ваша работа. :)