Вештачењето е 8000 ден., некои наплаќаат и повеќе зависи од тежината на предметот, судската такса се утврдува во зависност од висината на тужбеното барање, колку повисок износ на тужбеното барање толку е повисока судската такса.
2te deca se naslednici na imot po smrtta na tatkoto.Go prodavaat stanot i so parite od taa prodazba sakaat da kupat stan za majka im.Noviot stan so ke go kupat da bide na nejzino ime.Me interesira kako e podobro da se izvede postapkata i gi dadat parite na raka ili na nejzina transakciska da i bidat prefrleni? I vo dvata slucai treba da se plati danok!? I da se prikaze poteklo na parite? I kolku ke kosta toj danok? Procitav nekade deka e 3% od sumata na parite? Molam za odgovor.fala vi
Дали при префрлување на поголема сума на пари од родител на дете одданочуваат? Дали треба на нотар некој документ за основ? Фала.
Не знам дали е битно колку е тоа поголема сума и дали има законска измена. Според мое искуство не платив ништо, а претходно се информирав.
До издавње на имотен лист има претходна постапка што се плаќа. Сумата е поголема и зависи од други фактори.
Не. Стар е станот. Го пишавме на наше име. Извадивме и лични карти со новата адреса. Бевме и до катастар да се пријавиме. Плативме 300 денари.
Фала. Затоа и пишав на членката. Откако го заверивме договорот, нотарката кажа дека треба сами имотен лист да извадиме. Иста е процедурата и за нов стан. За во катастар очекував помалку да земат.
грешка купување стан од Рајко за да го префрлиш на твое име имаш 3900 ден кај адвокат за купопродажен договор и околу 5700ден кај нотар после одиш катастер и вадиш имотен лист
Тоа зависи од сумата. Така на нас ни кажаа. За нотар ни рекоа од 100 евра па нагоре. Додека не го платиме данокот нема префрлање. Уште срце ме боли.
Здраво. Сакам да прашам некој кој се разбира правно да ми објасни. Ние сме три деца јас (машко) и две сестри кои се мажени околу 1990 год... Е сега со едната се слагам повеќе а другата инаетчивка и се што пропуштила во животот сака од кај нас да надохнади... Се работи за поголем имот кој таткоми одлучи 95% да ми припадне мене и сака да го догледам (мајками е почината)... Е сега кој модел за наследство е посигурен договор за поклон или за доживотна издршка... Или како што ми предлагаат на два договори пошто поголем дел од имотот што ни е стекнат е стекнат во заедница откако тие си заминаа од нашата куќа и во последно имам јас лично реновирано на куќите тој да оди на поклон а другиот имот што ни е наследен на договор за доживотна издршка и мал дел што сака да им даде да остане на него пада можат да го наследат... така да ве молам за совет...
Само со договор за доживотна издршка, затоа што имотот опфатен со договор за доживотна издршка не влегува во оставината, или со договор за дар ама во твојот случај не те советувам со тој вид на договор, договорот за дар има помала правна сила од договорот за доживотна издршка, или во краен случај со тестамент само ќе треба да ги исклучи нив како нужни наследници за имотот опфатен со тестаментот. Тоа е тоа.