Секако, содружниците ја носат одлуката за ликвидација. Во однос на прашањето за износот на трошоци на постапката, подетално ќе ви даде информации регистрациониот агент.
Здраво, имам едно прашање. Се работи за моја блиска личност којашто е оставена со сопругот пред 4 месеци и бидејки не се во мк судски не се разведени. Е сега пред неполн месец бившиот и сопруг беше во мк и наводно се развел од неа без нејзино присуство и без нејзино знаење што логички не ни изгледа можно, но во општината се продадени документи од страна на бившиот дека се разведени, како и на кој начин го постигнале тоа не знаеме. Во општина ни кажаа доколку е направено тоа без нејзино знање тој треба кривично да одговара. Може ли некој да ми пообјасни дали е можно такво нешто и на кој начин и доколку е кои се нејзините права во овој случај што би можела да превземе бидејки се е направено без нејзино знаење?
Zdravo moze prasanjeto ne e za ovaa tema no nova sum na forumot nemozam bas dobro da se snajdam.. Dokolku nekoj znae i bi sakal da mi objasni koj prava bi gi imala dokolku se odlucam da bidam samohrana majka a tatkoto samo si go priznae deteto ili ovde ili vo poraka blagodaram
Потребно е да разликуваш две ситуации. 1. Кога детето е родено во брачна заедница (полноважен брак), за негов татко се смета (законска претпоставка) брачниот другар на мајката. (ова е нормална и најчеста ситуација). 2. Доколку пак детето се роди надвор од брак, за негов татко се смета лицето, кое детето ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ЗА СВОЕ. И тука се можни две ситуации, лицето кое ќе го признае детето за свое, може да биде биолошкиот татко, или пак друго лице. Татковството може да се признае со изјава дадена на записник пред суд, матичар или центарот за социјална работа, кои пак се должни записникот за признавање на татковство да го достават до матичарот надлежен за упис на детето во матичната книга на родените. Признавањето на татковство може да биде направено и со тестамент, а тоа може да се стори и пред раѓањето на детето. Важно е да се напомене, дека признавањето на татковството, произведува правно дејство, и се запишува во матичната книга на родените, само АКО СО ТОА СЕ СОГЛАСИ МАЈКАТА на детето која за тоа ја известува матичарот. Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за признавање на татковство. Ако мајката на детето не се согласи со признавање на татковството, или не се изјасни во рок од 30 дена, лицето кое го признало детето за свое може да поднесе ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ дека тој е татко на детето.
Здраво, имам прашање во врска со работа, немав потпишано договор а бев пријавен, работев месец и неколку дена, од работодавачот добив закани од типот дека нема да ја добијам цела плата(15,000 ден) од некои измислени причини дека не сум ги завршувал работните обрски како што треба иако буквално се што треба и повеќе од тоа работев(во недела работев неплатено, за празник, работев и други задачи башка од самата работа итн, знам дека ќе ми скратат бидејќи и на колешка што напушти истото и го направија... Бидејќи имам 300 трошоци ме интересира што можам да направам, важно ми е само да си земам тоа што сум сработил и толку, не ме интересира за нив. Си дадов отказ бидејќи дознав од колеги декс цело време прсвеле така, на колешката и пуштија само 10к денари а работеше месец дена
Провери на страна на агенција за вработување, колку време си бил пријавен кај нив, можеш онлајн да провериш. Дали си бил 1 месец за да земеш цела плата или да не те одјавиле порано. Инаку пријавување во трудова инспекција
Уделот во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на внесување влог (права, ствари, пари, коишто согласно Законот за трговски друштва се трансформираат во влог) во основната главнина во ДОО/ДООЕЛ. Содружникот (основачот) може својот уделот да го пренесе на друго лице со договор за пренос на удел заверен кај нотар. Договорот за пренос на удел е двострана правна работа, меѓу отстапувачот на удел и преземач на удел, односно Договорот за пренос на удел може да биде со или без надомест. Сите права и обврски што отстапувачот на удел ги има во Друштвото како содружник ги пренесува на преземачот на уделот. Со преносот на удел се случува само персонална промена на носителот на уделот по пат на определен облигационо – правен однос кој не влијае врз положбата на друштвото.
Не знам дали постот ми е за тука, но не знаев каде да го поставам прашањево. Пред 4 години на една личност и е пронајдена дрога (половина екстаза), приведена е во станица, земени се лични податоци и кажано и е дека ќе и стигне парична казна на домашна адреса. Казната никогаш не стигна, се до пред некој ден кога стигна следново, ќе цитирам одредени делови. "...Да се јави во просториите на Основно јавно обвинителство. Лицето се повикува заради прибирање потребни известувања во врска со поднесена кривична пријава до ова Обвинителство, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело од чл. 215 од Кривичниот законик." Е сега, ме интересира што поточно значи ова и зошто би можеле да ја повикаат? Што се можните последици? Благодарам.
Полицијата поднела пријава до ОЈО за кривично дело "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" по член 215 од КЗ, во конкретниот случај потребно е повикано лице да се јави во просториите на ОЈО и да ги даде потребните известувања.
@pross Да, да мене тоа ми е јасно дека треба да се јави во Обвинителство, но бидејќи се работи за многу мала количина која е наменета за лична употреба, а не за продавање, зошто после толку време ја повикуваат? Не е можно да оди во затвор за таа количина, а друго не ми е јасно зошто би ја викале после 4 години...
Имам голема мака! Пред 7 години купив земјиште, каде што половина од земјиштето не стои на мое име. Бидејки од тој од кого го земав земјиштето кога го купил земјиштето му фалеле 175 м2 ама морал да заврши работа на нотар бидејки човекот од кого го купил земјиштето бил болен починал. И немале време значи да видат зошто во имотниот лист фалат квадрати. Тоа било демек грешка или промена во катастар. Сега со жена му на починатиот одворивме оставина. Ама за заж и синот и е починат. Керка му се откажува од наследство. А синот кој што е починат има 2 деца. Каква процедура ме чека? Ми рекоа дека можело ова да остане директно на децата. Снаата воопшто не сака да им остане за да немам јас проблеми. Јас имам градено и куќа...НЕ знам што да правам ве молам за совет фала ви однапред!
Здраво дали некој знае што треба да направам со документи во кои датумот на раѓање не е ист. Баба ми во еден документ е запишана дека е родена во Мај а во посмртницата дека е родена во Јули и сега не ми ги признаваат документите..
Здраво Би сакала да прашам за еден имотно-правен совет. Се работи за стан кој е сопственост на 3 ца браќа така стојат во имотниот лист. Е сега прашањето ми е 2цата браќа сакаат да го продадат 1 несака одбива. Не сака ни да му се исплати неговиот дел едноставно опструира. Што треба да се направи и кој е исходот дали некој може да ми каже искуство. Како станот да се продаде и да се подели на 3 та. Дали суд може овацда го реши и како би се решило кој се опциите ?
Во овој случај многу се ограничени опциите, прва опција е двајцата браќа да ги продадат само нивните сосопственички делови, прашањето за ова е дали ќе најдат купувач кој ќе сака да има 2/3 од имотот, освен ако не се работи за купувач фирма па дел од станот да го користи како канцеларија, али сепак е комплицирано. Другата опција е преку судот во постапка за физичка делба, каде може судот да наложи двајцата браќа да му го исплатат делот на третиот брат, или обратно, или станот да се продаде според правилата согласно Законот за извршување за која опција не советувам затоа што ако се дојде до второ наддавање ќе изгубите 1/3 од вредноста (цената) на станот. Ако те интересира нешто друго, пиши ми во порака.
Имам голема мака! Пред 7 години купив земјиште, каде што половина од земјиштето не стои на мое име. Бидејки од тој од кого го земав земјиштето кога го купил земјиштето му фалеле 175 м2 ама морал да заврши работа на нотар бидејки човекот од кого го купил земјиштето бил болен починал. И немале време значи да видат зошто во имотниот лист фалат квадрати. Тоа било демек грешка или промена во катастар. Сега со жена му на починатиот одворивме оставина. Ама за заж и синот и е починат. Керка му се откажува од наследство. А синот кој што е починат има 2 деца. Каква процедура ме чека? Ми рекоа дека можело ова да остане директно на децата. Снаата воопшто не сака да им остане за да немам јас проблеми. Јас имам градено и куќа...НЕ знам што да правам ве молам за совет фала ви однапред!
Точно е дека на децата им останува ( бидејќи тие се наследници на починатиот наследник) и на сопругата на оставителот односно мајката чиј син починал. Понатаму процедурата зависи кој ќе биде наследник. Од тоа што сфатив веројатно децата се малолетни штом мајката не сака да наследат, ако е така ќе мора да се консултирате со органот за старателство дали може да се откажат од наследството (односно тоа да го стори нивниот старател). Ако се полнолетни доколку самите сакаат можат да се откажат од наследството. Инаку не може да не сака мајката да наследат бидејќи тоа по закон им припаѓа.Кога ќе се реши оставинската постапка, сопственикот/сопствениците на земјиштето што наследиле може да ти го дадат на подарок земјиштето или да го продадат за симболична сума (пр. 1 денар). И тука ако децата наследат а се малолетни повторно мора консултација со органот за старателство, бидејќи тоа е нивен имот и со него располага мајката, ама не знам дали смее да го отуѓува. Според напишаното ако добро сфатив, вака отприлика би било. Најдобро е да се консултирате со нотар (тој што ја води оставинската постапка) или со адвокат, па кога детално ќе им се објасни ситуацијата , детално ќе ја објаснат постапката.
Здраво. Имам едно прашање, ако знае некој да ми одговори однапред благодарам. Дали имот кој е префрлен како поклон на децата и друг имот на сопругата, можат да бидат поништени/вратени? Личноста која ги поклонила пред две години сега дали може да покрене тужба за да ги врати назад или одлуката е неповратна?