SUPER. Se obrativ preku ovoj forum na poveke pati vo vrska so edno dete koe TRPI PSIHICKO NASILSTVO od strana na tatkoto i makeata. Ke receme deka sme svedoci na mnogu slični duri i potrški oblici na tortura vrz deca, no mene me ćudi INDIFERENTNIOT ODNOS na centarot za soc. rab. Posle tolku ukažuvanja, ubeduvanja i dokažuvanja niz institusiite koi nemaat ,, SLUH `` za ovoj ili slićen slućaj, sekoj normalen čovek ke reče ,, DOSTA E VEKE NEMOŽAM `` Od drugastrana si veliš :,, ŠTO NAPRAVIV, ŠTO NE NAPRAVIV I ŠTO MOŽEV DA NAPRAVAM `` ?!?!?!?!?
Здраво, имам едно прашање.. Се работи за место на кое што е започната изградба на куќа. Местото во општина се води како овоштарник.. Што треба да се направи и колку би коштала таа пренамена.. Не ми се јасни воошто тие процедури.
Здраво, сакам да прашам. Изгубив судски спор за старателство на децата, но немам никакви финансиски примања, ниту сум вработен, имам анксиозност живеам кај родителите. трошоците за цела судска постапка се над 60 000 денари плус алиментација за децата по 3000 денари. Како јас тоа да го платам а живеам од пензијата на мајка ми. Благодарам
Вработи се некаде. Анксиозноста не е причина за да не работиш. Пола од земјата страда од тоа па сите се трудиме да заработиме. 3,000 денари и не е некоја голема сума за да ја плаќаш месечно па дури и ако зимаш минимална плата. А со пензијата на мајка ти ќе се договориш со адвокатот да плаќаш на рати.
и уште едно прашање.. Зошто центарот за социјална работа не сака да пише во извештајот дека детето повеќе сака да живее со татко му(сите услови се запазени, 2 години живее со таткото откако мајката своеволно ја напуштила брачната заедница). Во ред е немам работа, имам анксиозност но тоа не значи дека не сум добар татко- напротив. Жалам што во периодот уназад не сум ја пријавил мајката затоа што му се закануваше на детето дека ќер го фрли од тераса и му даваше антибиотици на своја рака, но исто така во болница одбиваше хоспитализација и психички врз детето (""Ќе те оставам Сам во болница така да си знаеш"). Детето 2 години живее со мене и има врвни резултати во образованието и здравствената состојба му е многу подобра. кога го читам од апелацијата што ми стигна сега, акцент се става на тоа дека дедото (мојот татко) барал да му се доверат децата на него затоа што ја сум имал анксиозност и не сум бил во моѓност да се грижам за децата. и тука мислам дека е најголемиот заеб. Но фактот дека мајката сакала да го фрли детето од спрат и психичка тортура тоа никој во центарот не го интересира. Во увид барав да ми го дадат извештајот од центарот и ми рекоа ние не сме должни да ти го презентираме. а јас сакав да имам увид како би можел да пишам жалба на извештајот од центарот. И што сега ниту имам пари да платам трошкови, ниту детето 16 години сака да оди како ќе го земаат со полиција BTW. 2 години уназад го носам детето на помирување со мајката во центарот, и јасно им кажува дека сака да живее со таткото поради недоверба во лекување, базична сигурност кај мајката.
Ќе бидам сурова.Го бараш детето кај тебе, се жалиш дека не можеш да најдеш работа затоа што си нестабилен а сметаш дека си доволно стабилен за да чуваш дете. Значи престани. Најди си работа, среди си ги мислите и престани да се сожалуваш себеси. Кога ќе се средиш и кога ќе излезеш од својата мрзеливост, е тек тогаш, можеш да тужиш и да си го бараш детето назад. Зошто детето има потреби и не се расте на туѓи пари, во случајот на панзијата на мајка ти.
А колку жени живеат на товар на мажот на име на алиментација ???? ќе си била сурова... значи жена може да го молзе мажот а мажот не......... Феминизам па и ја каде барам правна помош А да го фрли детето е подобро отколку да плака алиментација знаеш што мене не ми ни треба нејзина алиментација мене ми треба детето затоа што детето се чувствува сигурно кај мене. тоа што ти гледаш субјективно на работите тоа е твоја работа, а правото на таткото е исто како и на мајката а не само на мајката колку жени добиле старателство иако се невработени????
А ти не сакаш да работиш? Читај убаво, ти реков вработи се па после барај си ги правата. Шансите за да добиеш на суд се секогаш поголеми кога имаш работа. Јас не сум на страна ни на жените ни на мажите. Сметам дека кога имаш дете треба да направиш се за неговата егзистенција.
А до тогаш мајката може да го фрли од прозор, да не сака да го пушти на болничко лекување по препорака на лекар, да му се дере, да го тепа, психички да го понижува. Тогаш ќе биде касно. Мене ми треба мислење од адвокат стручно мислење за заштита на детето, а не ми треба твој личен став. Се со цел да го заштитам детето А мајката и нејзините родители се познати по тоа што секаја недела им доаѓа полиција на врата и прават тортура и на соседи и на кој не за тоа зборува и билтенот на полицјата. Кое е поголемо зло таткото што е моментално невработен а детето 2 години живее со таткото и постигнува врвни резулатати во школо, а мајката од горе наведеното да не се повторувам. Неможеш да судиш за работи што не ги знаеш, мислев дека ќе добијам стручно мислење а не мислење на долгоггодишен член на форумско фем друштво. Искуството по форуми не те прави правен советник и психолог и социолог од центар за социјални работи.
Во ред, биди ми поздравен и Среќни Празници. Се надевам ќе најдеш некој со слични ставови како твоите во новата што ќе те застапува на суд.
Ако мислиш дека лошо пресудиле, освен да бараш друг адвокат не знам што би те посоветувала друго, иако друг адвокаг пак се нови трошоци. Единствено, да пробаш да поработиш на анскиозноста и да најдеш работа со која ќе можеш да ги плаќаш судските трошоци, па да се обидеш повторно. Тешка работа е анксиозноста, ама не е невозмножно да се држи под контрола, барај помош. Не само за децата, и за себе си. Спомнуваш дека само едно дете сака да живее со тебе, што е со другото? Додека децата се малолетни, суд одлучува за нив, ама ако е 16 годишно детето што сака да живее со тебе, ако не порано, барем за 2 години ќе може.
Освен да поведеш нова постапка за доверување, чување и воспитување на детето не знам што друго да би те посоветувал, сметај за новата постапка треба да имаш вештачење дека си психичко стабилна личност, и да направиш вештачење за психо-физичкиот развој на твоето дете да се увиди дека детето се развива во правилна насока со оглед на неговите години, ама сето ова повлекува нови трошоци, а и време, со оглед дека детето е 16 годишно и се смета законски како постар малолетник кој веќе има законски стекнато целосна деликтна способност, а и делумна деловна способност, со една добро срочена изјава дадена од страна на детето пред нотар и која ќе биде заверена од нотар, дека детето е при чиста свест и здрав разум сака до полнолетство по своја волја неприсилуван од никој да живее кај тебе и ти како негов татко за него да се грижиш, воспитуваш и чуваш, и после таквата изјава и со поднесок (најдобро да е составен поднесокот од адвокат) да поведеш постапка пред Центарот за социјална работа, да се преиспита наново фактичката состојба и Центарот да донесе НОВО решение со кое тебе ти го доверува детето на чување, воспитување и грижа, а со самото тоа отпаѓа основот за плаќање на издршката, ова ти е единствен начин како да пробаш да ја заобиколиш пресудата инаку во спротивно треба да се почитува пресудата, а извршителот има право да извршува по пресудата односно со полиција и со социјален работник да го одведат детето од кај вас, и да го дадат на мајката, а вашата трансакциска сметка ќе биде блокирана доколку не плаќате алументација, се додека детето не стане полнолетно.
Земи прочитај ги законите и правилниците што се однесуваат на старателство, ако ги нема онлајн можеби некој правник ќе те упати каде да ги најдеш во писмена форма. Но 16 годишно дете, освен ако нема посериозни здравствени проблеми, за кои нешто спомнуваш но нејасно, има право и само да одлучува каде сака да биде. Види кои се последиците ако спие кај тебе спротивно на одлуката на цср, дали мајката може полиција да повика да се спроведе одлуката и слично..па потоа одлучи како ке постапиш. Најважно е ти да се лекуваш , анксиозноста е едно но неспособност за работа е друго. Дали пензија е доволна 3ца луге да живеат, веројтно и тоа има влијание на одлуката.