па вака.. колку што можам да ти кажам ... мислам дека тој договор за дар може да се оспорува... а уште повеќе со самиот факт дека родителите се мртви.., ама не сум многу сигурна ... посигурно прашај некој кој повеќе е воведен во правото ... на кого по му се јасни овие работи...
За трафостаница знам дека ЕВН прави само на свое место. Ова со сигурност ти кажувам бидејќи пред некој месец тоа се занимавав. Значи откупуваат место и ставаат трафостаница. Ако те добро разбрав мислиш на оние мали сандачиња е тогаш без согласност на татко ти несмеат да постават. Нека поднесе прво барање да го дислоцираат сандачето и мислам дека не би требало да му бараат пари, па тие се во негово место а со документи нека докаже дека тоа е негов плац. Во секој случај нека се консултира со некој адвокат, било кој ќе му даде совет
Таквите фактури застаруваат после 3 год. Ако тужбата е повлечена тогаш не е правосилна и извршна - малку си ми нејасен тука. Ако е правосилна и стигнала до извршител тогаш извршителот само ќе те начека да имаш пари на сметка и ќе ти ги повлече и веќе завршена работа и неможе по втор пат да те тужат. А ако е повлечена тужбата е тогаш можат пак да те тужат по втор пат. Би ти препорачала да си ја платиш ратата затоа што потоа ќе ти скинат од сметка и за судски трошоци и извршителот ќе си наплати за своја услуга па ќе ти излезе многу повеќе
епа вака сакам и јас да поставам едно прашање: се работи за три сестри на кои им е препишан стан од страна на нивниот татко,легално, заверено на нотар се ама има проблем (двете се сложуваат да го продадат, ама третата не)-инаку втората и третата сестра имаат со години нарушена комуникација мегу себе т.е. не зборуваат а згора на се, третата сестра сака да се всели во станот инаку заборавив да кажам дека (првата сестра зборува и со двете, ама е како мевце мегу две лебчиња) знам дека работава е држ не дај,ама кажете ми совет, како работава да заврши добро, без физичко насилство, омраза или слично. благодарам однапред
Нов сум на форумов и мило ми што обработува и вакви теми. Имам голем проблем кој ме мачи подолго време и поради кој веќе 2 години се маткам по судови и никако да има разрешница. Имав договор а купопродажба на машина(не е битно каква) со која требаше да почнам бизнис, производителот(приватна фирма- поединец) не ја направи навреме, а поминаа и 6 месеци после тоа но никако да ми ја достави, а јас имав платено 2 рати од неа, никако не ја ни видов направена.Пуштив тужба за раскин на договор и враќање на платената сума, немаше друго решение последната одлука беше во моја корист.Но тој поднесе жалба до апелационен, но пак го вратија назад и сега пак се траже вештачење иако мина многу време и последен пат машината не работеше, сега и покрај тоа што тој поднел тужба бараат јас да го платам вештачењето и постапката.Нели треба тој да си плаќа се, бидејќи последен пат одлуката беше во моја корист? До кога вака ќе се малтретирам по судовите немам веќе живци,за мои пари некој да лаже како не ги е срам таквите луѓе. Ве молам да ми објасните барам брз одговор итно ми е?
Не знаев кај да прашам веќе, па ајде тука. Значи, знаеме сите дека кога има матуранти за сликање, има фото студија кои нудат понуди. Е сега, на школо ни викаат дека МОРАЛО по закон да се одбере најниската понуда. Мене ми е тоа малку нелогично, нели би требало да се одбере најниската ако плаќа државата, зошто инаку најниската да се бира кога ние плаќаме ?? Прашувам затоа што обично најниската ја даваат некое петокласно студио, а јас - и повеќето од генерација - не сакаме да ја одбереме најниската, туку најдобрата. Дали мора да се примени законот и дали има дупки преку кои јас ќе се бунам на школо ??
Затоа што ја обжалил одлуката и затоа го враќаат предметот пак и се јово на ново. Тој што ангажира вештаци тој ги плаќа а за да се плати целата постапка мислам дека се решава на крај во зависност од пресудата. Сепак консултирај се со некој искусен адвокат На жалост целото судство е корумпирано и катастрофа и ќе те маткаат како сакаат
без насилство само смирено и сложно, но бидејќи не зборат проблемот останува нерешен, бидејќи станот е на сите три а сакаат да го продадат, треба да се согласат сите три, ако не несмеат да го продаваат инаку ќе ја оштетат, после таа има право на тужба и секако тоа значи повеќе пари и трошоци. е сега за вселувањето не ми е јасно, исто така прави проблем сестрата? секако и за вселување треба останатите две да се сложат.
Во конкретниов случај доколку неможете да се спогодите сами за продажба а станот по ниту еден основ неможе да биде деллив на три до судот се поднесува барање за физичка делаба и откако судот ке констатира дека станот неможе д асе подели на три дела тогаш може д асе бара пордажба на станот со јавно наддавање но предходно ке биде понуден до вас да го откупите делот на другите сестри или сами да го продадете тек полсе ке оди на лецитација по проценета вреднос од проценител и доколку на првата лецитација не с епродаде по вредноста на проценителот се оди на втора лецитација со пониска вредност но на овој начи постои опаснос да се продаде испод цена шо не ви е во корист ни на една од вас затоа физичка делаба или нека си го докупи цел стан или ако успеете да нејдете купец без да оди на лецитација на овој начин со судски налог ке наложат продажба зошто вие трите не може да го користите како недделив а губите право на располагање и затоа се продава мора да попушти за да се продаде а да се всели може ама не си го знае својот дел точно каде и е бидејќи стан во никој случај неможе да се дели на три значи се ви е заедничко сите три имате право со се да се користите тоа неможе да и го оспорите ниту вие на неа ниту таа на вас имате третина кујна третина купатило третина спална и тн или пак друга опција да го давате под ќирија па да си ги делите парите на три дела и да имате некаква корист поздрав
да но за да поднесат барање за физичка делба треба сите три да се сложни, неможат ништо без согласност на третата сестра, истиот овој случај го имаа и моите и ни кажаа без согласност на сите три не може да се бара физичка делба.
Сакам да поставам прашање Со сопругот сме 30 години во брак. Целиот заеднички имот стекнат во бракот гласи на име на сопругот. Конкретно поседуваме два стана и прашањето е: Има ли законска можност и каква е постапката за да идеална половина од становите се пренесе на мое име како носител на сопственост на становите. Дали се плаќаат даноци и слично. Благодарам за одговорот
се сто е стекнато во бракот е заеднцка сопственост на брачните другари па отука иако во јавните книги е запишан само едниот од брачните другари се смета дека уписот е за двајцата .може да се дели имотот т.е становите и за време на бракот и може со ваша спогодбаа ако не се спогодите се оди на суд..есега за даноци се ослободени мислам само пример од татко на син или керка или од мајка на син и керка кога се пренесува а за другите се плака ама во вашиот случај мислам дека се плака ама не сум сигурна и тоа мислам од 2, 3, 4% од утвредената вредност на станот зависно од опстината во која живеете.
Ако во бракот има деца, не се плаќа данок за пренос на имотот на брачниот другар, зошто кога има деца во бракот, брачниот другар и децата спаѓаат во прв (наследен) ред. Кога нема деца, тогаш, брачниот другар е во вториот (наследен) ред заедно со родителите на сопругот. За ова болдираното, точно дека неможе да се направи Договор за физичка делба без согласност на третата сестра, ама тоа во случај кога се прави договор кај нотар. Имено и самиот назив договор ти кажува дека мора да постои согласност на волја кај сите сосопственици. Но Simicka ти пишува за судска делба, која може да се направи и без согласност на некој од сосопствениците. Се поднесува предлог или барање до судот и постапката понатака ти ја објаснила Simicka.
не постои закон за сликање на матуранти туку тие така бираат за да им одговара на сите да биде поефтино и да не се оптоваруваат учениците со трошоци за ваква работа најдобро е да соберите потписи дека сакате во др студио да с еврши сликањето
интересна ти благодарам на одговорот ама не верувам дека третата сестра ке се согласи на вакво нешто, оти не е подготвена на соработка треба чудо да се случи за да проблемов се реши
точно не можеш да одговараш ама тој нема одговарано туку тужителот го испушта рочиштето т. е. со тоа тужбата се повлекува. И во секој момент може дапк да те тужи. Не можеш д аодговараш два пати но можеш два пати д абидеш тужен за ист предмет. Ти ако тужиш некого и ако а повлечиш тужбата во секој момент можеш пак да пуштиш тужба.