Со тужбата ќе поднесе управителот на влезот (т.е. Претседателот на куќен совет) барање судот да го признае куќниот совет за правно лице во конкретниот предмет, тоест да ви се овозможи активна легитимација (т.н. парнична и процесна способност). Ако те интересира нешто поконкретно пиши ми во порака.
Здраво, до сега не сме имале проблеми со тужби и случно па сакам да побарам мислење доколку некој од вас се разбира во овие правни работи. Порано постарите (баба,дедо) со комшиите кои тогаш биле во добри односи, за да може да се изградат куќите (и нашата и нивната) кои лепат, се договориле и доброволно им отстапиле од предниот дел од земјиштето да градат според правилата за кога ќе дојде време да градиме и ние да бидат рамно градени куќите (според некои катастарски правила нели). Било се како што треба, и кога дошло време ние да градиме комшиите доброволно ни препишуваат дел од нивниот имот кој мора правно да гласи на наше име за да може да се гради куќата, кое подоцна било договорено да им се врати (меѓу нив,не со договор во кој стои дека ќе се врати) . Потоа се скарале,почнуваат проблемите и караниците. Инаку местото иако правно е во наша сопственост ним им е заградено со мрежа и жива ограда и ние немаме никаков допир со тоа земјиште ниту пак сме го користиле некогаш. Почнуваат караници, клетви и провокации од нивна страна кои траат секако повеќе од 20 години. (инаку нема досега ников судски спор) Старите, со кои почна оваа работа, починаа па сега проблемите ни останаа на нас. Со години си траат караници,провокации и водење инает, како засадување на жива ограда поради која немаме светлина во една од собите во куќата. Се работи за луѓе со кои на мирен начин неможе да се среди работата и веќе на неколку пати спомнуваат дека судски ќе ја средуваат работата но помина цела година сеуште нема ништо (мое мислење е бидејќи добоволно е препишено нема услов за тужење) и пробуваат на различни начини со провокации да се комплицира работата. Ме интересира што би можело да претрпиме штета ние доколку дојде до судски спор, и кои услови може да им ги поставиме ние за довроволно да им го отстапиме (препишеме) местото (како на пример отстранување на живата ограда? ). Знам дека овие работи секако мора преку адвокати да се средуваат, но би ми било од корист ваше мислење доколку ги разбирате овие работи. Ви благодарам однапред.
Za vreme na brakot moite roditeli mi poklonija imot od blagodarnost.Sakam da se razvedam od soprugot.Dali soprugot ima pravo na podelba na ovoj imot pri razvodot
Тоа не е имот стекнат во бракот не е заеднички заработен што се вели, тоа е имот кој што ти си го добила на подарок и нема никаква сличност со заеднички стекнат имот.
a mozeli mojot poklon na imot od roditelite pa jas da go poklonam na decata bez da znae soprugot so koj seuste sum vo brak
После колку време од потпишување на купопродажен договор, се внесуваат податоци во катастар т.е. имотниот лист ќе е готов?
2 работни седмици, некогаш и порано, зависи нотарот кога ќе го достави договорот до Катастар, претежно го доставуваат неколку дена после солемнизацијата и од тогаш уште неколку дена да го упишат правото на новиот сопственик во Катастар.
Zdravo, Bi sakala da prasam za soprugot koj e stranec (ima nasa dozvola za prestoj) ima stranska vozacka dozvola od negovata zemja no istecena e vaznosta vo 2020 i poradi korona ne bese vo moznost da odi i da ja prodolzi pa dali bi mozela da se prevede na nasa makedonska vozacka dozvola? Ako ne bi mozelo koja e postapkata da polaga tuka dali e se od pocetok ?
Некој правен совет да ми даде во врска со измама, незнам како да постапам кај да одам прво дали во полиција или адвокат..
Ако е измама тогаш тоа е кривично дело, треба во полиција да одите прво да поднесете усмено пријава како оштетена страна, измамата се гони по службена должност, понатаму ќе ве повикаат и кај јавен обвинител да дадете изјава, и ќе ве викаат на рочишта во судот како оштетена страна. Адвокат во овој случај не е задолжително да имате, но е пожелно да имате кога ќе ве повикаат на рочиште како оштетена страна, за да може вашиот адвокат да му помогне на јавниот обвинител во врска со обвинението против обвинетиот, во случај да се прогласи обвинетиот за виновен, тогаш во граѓанска постапка ќе може да барате надомест на штета за кое ќе ве упати и кривичниот суд кој ќе го осуди обвинетиот. Секако гледајте прво за пред кривичниот суд да ве застапува адвокат кој работи кривични предмети, а за понатаму пред граѓанскиот суд адвокат кој работи граѓанско право. Има разлика некои адвокати работат исклучиво кривично право, други адвокати работат исклучиво граѓанско право.
Здраво, Имам проблем кој трае веќе 15 години и не можам да да го решам на мирен начин. Соседите ми садат цвеќиња точно на темелите на куќата и веќе ми се направи влага и се рони ѕидот дома. Јас сепак не сакам да тужам па би сакала да прашам доколку некој знае дали можр на пример да се обратам на адвокат и тој да ми состави опомена некаква со која ќе им нагласи дека немаат право да прават како ќе посакаат бидрјќи тие тврдат дека си ги прават тоа во нивниот дел што не е точно бидејќи тој дел позади е вдушност на мое име но поради поставеноста на куќата не можам да го користам.
После истекот на условната осуда,1 год си осуден условно и истекува,дали делото се смета како застарено или треба да помине уште некој месец 3 месеци затвор со условна осуда од 1 год ?
Не сум сигурна дека разбрав добро, ама ако веќе поминал периодот од една година условно, пресудата е извршена и тоа е тоа, нема ништо дополнително. Доколку се стори некое дело за времето за кое е изречена условната осуда, тогаш таа се заменува со казна затвор. За бришење од казнена евиденција еве: Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година откако ќе помине времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.
Zdravo Sakam da prasam koga imame zaklucok za prodazba na nedviznost od izvrsitel dostavena do akn za promena na sopstvenosta dali treba da se menuva sopstvenikot odnosno promena na nositelot na pravoto ili prvo da se brisat pribeleskite so zaklucokot za namiruvanje od izvrsitelot.Isto taka sakam da prasam dali so zaklucokot za namiruvanje moze da se brise vospostavena hipoteka od bankata bez pritoa da dade izjava za brisenje samata banka doveritel
Сакав да прашам дали Кд е застарено кога поминува правосилноста на пресудата односно условната казна и плус уште 9 месеци дали би правеле проблем за работа во државна институција со застарено дело пред бришење не ја бараат потврдата за неосудуваност за дејност мсм беше
Мислите за неактивност, тоа преку сметководителот испраќа известување до Централен регистар, ама да знаете ако 3 години по ред ви е неактивна фирмата од Централен ќе ја избришат по службена должност.