Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Ако не ти го одобриле годишниот одмор и немаш решение тогаш не можеш на своја рака да не одиш на работа. Тука може да се јави друг основ за отказ, односно ако не се јавиш на работа три последователни денови и работодавачот сам ќе ти даде отказ односно ќе те одјави.
    Ако ти го дадат одморот тогаш можеш да си го искористиш до завршување на отказниот рок.
    Неискористениот годишен одмор работодавачот има обврска да ти го плати ако претходно те одбил да го искористиш, но ако работниот однос престанува не по вина и волја на работникот, во случајов велиш дека ти сама си дала отказ значи по твоја волја е, па овој основ не може да се примени.
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Ве молам за совет. Дали имам обврска да платам одржување на влез и лифт за стан кој ми е наследен во периодот кога не бил на мое име и кога не живеел никој во него. Следствено никој не го валкал влезот, ниту го користел лифтот. За периодот откако е на мое име, уредно ќе си платам и покрај тоа што повторно никој не живеел во него. Благодарам
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Да треба да платите и во тој период, затоа што станот не сте го купиле туку бил наследен, а со наследувањето се наследуваат и права и обврски, а од друга страна како сопственик сте задолжени да плаќате за оддржување на влезот без разлика дали живеете или не во вашиот стан.
    Во другиот случај ако го имавте купено станот, а продавачот не плаќал сметки за влез тогаш вие не сте должни да плаќате нешто што продавачот не плаќал тогаш од куќниот совет ќе си наплатат од продавачот затоа што според договорот за домување, и законски, тогаш обврската настанала меѓу куќниот влез и продавачот, а во вашиот случај затоа што се работи за наследување иако обврската настанала со вашиот претходник по пат на наследување обврската од претходникот преминала од вашиот претходниот врз вас.

    Ве советувам да си платите инаку можат од куќниот совет да бараат преку нотар да издаде нотарски платен налог за присилна наплата.
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Ви благодарам многу.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    @BarbaraMorii
    Активноста или неактивноста на фирмата се гледа во завршните сметки, односно дали работела или не фирмата во тековната година. Не постои такво нешто како образец кој може да се поднесе и да се стави во мирување. И да има, пак истите тековни обврски важат, како поднесување даночни биланси, завршни, плаќање на фирмарина итн.
    Едноставно стопираш со дејност, ги известуваш клиентите и добавувачите (ако ги има), одјавуваш вработени и тоа е, а другите обврски кои ги спомнав погоре пак си ги имаш.
     
  6. perostankov

    perostankov Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Zdravo, imam potreba od sovet,
    Imeno se raboti za kupuvanje na stan koj ima znacitelna suma na dolgovi kon evn, beg, vodovod (skoro 20% od cenata na stanot).
    Prodavacot nema sredstva da gi iscisti dolgovite no e spremen da go napravi toa ako moze nekako da se platat so moite pari. Koj e najbezbeden (najsiguren) nacin jas kako kupuvac da go kupam ovoj stan bez da mi se pojavat nesakani dolgovi? Inaku stanot ke se plakja bez kredit od banka.
     
  7. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Перо, самиот стан не е тој што има долгови, долгови има лицето кое е сопственик на станот, односно тој што има намера да го продаде станот.
    Доколку си цврсто решен да го купиш токму тој стан, обидете се со продавачот да го дефинирате вкупниот износ на долгот, односно кому колку истиот должи, се разбира со камати и евентуални судски/извршни трошоци, па потоа купопродажната цена да се намали за тој износ, односно ти да си го превземеш претходно точно дефинираниот долг, и понатаму да си го исплаќаш.
     
    На Marija Nikolova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Има некој адвокат на форумот да прашам нешто?
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Дали некој си фатил работа со Паркинзи, конкретно општина Аеродром? Толку сум лута и ме фати инает за тужба што секаква помош е добредојдена.

    Имено, пратив порака за паркинг 20минути откако ја паркирав. Се симнувам после 40мин и гледам шепа на гумата. Ок, јас сум си крива и си платив 1000ден. На листот кој беше залепен на колата прочитав дека шепа ставаат ако не платиш после еден саат ама многу се брзав и само фрлив поглед на таа реченица, листот го одлепив и сум го фрлила (ако некој има точно инфо за ова нека ми пише). Ми рекоа со сметката за шепата паркингот ми е покриен до утредента до 8h сабајле, од нив гратис два саати, значи до 10 хехе |(
    И нема везе, си ја оставам колата на истиот паркинг за да вечерта околу 22h дознаам дека колата ми ја нема од паркинг! Првата помисла ми беше дека е украдена, но испадна дека е во пајак служба. Од таму немаат објаснување зошто и како, па фино лепо си платив уште 3000ден за пајак. Фискалните ги чувам, сакав денеска да одам да им се истурам ама веќе беше затворено, па ќе одам утре.

    Ве молам да ми кажете дали имам основа за тужба да ми ги вратат парите, колку ќе ме кошта адвокат за ова и препорака? Маж ми вика батали ги само ќе те изнервираат повеќе ама некако не ми се попушта затоа што не е фер, скроз без везе плативме 4000ден.
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Искрено да ти кажам не вреди за тој износ да тужиш, со оглед на износот такса ќе ти биде 480 ден., за состав на тужба 1300 ден., за рочиште 1560 ден. (најверојатно ќе бидат 2 рочишта 1560 x2), такса за одлука 480 ден., и не може никој адвокат да ти гарантира успех затоа што судот во пракса е наклонет кон јавните претпријатија, така што и тие си имаат адвокат сметај ако се изгуби спорот уште плус 3120 ден за рочишта за спротивна страна + 1300 ден. за одговор на тужба, или се вкупно ќе те чини 9800 денари, плус додади и најмалку 6 месеци за првостепена одлука, ако понатаму биде негативна сметај 960 ден за такса за жалба, плус 1950 ден. за состав на жалба, и ако се изгуби и на Апелација, сметај плус 1950 ден. за одговор на жалба... Искрено, не ти се исплати, или нека адвокат да ти ја состави тужбата па без да те застапува за оваа правна работа, ако навистина сакаш да тужиш пиши ми порака да ти објаснам подетално. :)
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека ваков одговор ќе добијам. Баш за ова ние обичните смртници се откажуваме и овие добиваат сила. Искрено, не ми се даваат уште 10000+ на тие 4000 што веќе ги дадов ама не знаеш колку сакам да го истерам ова до крај.
    Ти благодарам на одговорот многу, да видам утре што ќе направам директно таму и ако ме мотивираат за тужба ќе те контактирам.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Може и сама да се застапува ако не грешам така и нормално ако е запознаена со закониве, добро ги барата.
    @Jana06 а зошто со пајак ти ја собрале вториов пат, нели покриен паркингот бил до 8+ 2 гратис до 10 сабајлето, овие вечерта отпосле плаќањето ти ја собрале така?
     
    На Jana06 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Пробај пријави по Ујп, на нивниот сајт ако има емаил оставено пожали се, на комисија за заштита на потрошувачите, општина... Ако не друго, нервозата ќе ти помине
     
    На Idedemja и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас сакам да го дознаам. Не ми е јасно ни мене. Колата убаво беше паркирана, не е тоа. Затоа прво помислив дека е украдена зашто немаше никаква причина да биде во пајак служба. Јас немам слушнато досега да кренат кола од платежен паркинг освен по пријава за лошо паркирање.
    Ќе одам утре кај нив директно да видам што е проблемот, па зависно од нивниот одговор ќе одлучам што да правам. Инаку, скарана сум со правото за да се застапувам сама.
     
    На Mikha4 и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Затоа те прашав многу чудно ова со пајаков одма или можно да е недоразбирање помеѓу нивниве контролори, ама да најправилно да одиш во општина да им предочиш што е работава, се надевам ќе ти излезат во пресрет, ова ќе да е нивна грешка.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Точно е, секој може сам да се застапува, така и напишав, само што за составување на тужбата подобро е некој друг да ја состави по можност правник или адвокат, затоа што тужбата мора да содржи елементи за да може судот да постапува доколку биде случајно испуштен некој елемент судот таквата тужба ќе ја отфрли а тоа ќе ја чини 2260 ден., џабе фрлени пари на ветер, за да поднесе пак после тужба пак ќе треба одново да плати како за прв пат да поднесува тужба, затоа е пожелно правник или адвокат да ја состават тужбата барем така ќе плати само 1300 денари со оглед на вредноста на тужбеното барање, тоа е тоа, чисто добронамерно кажувам од моја страна :)
     
    На Idedemja и Jana06 им се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    5.588
    Дали ја остави во колата сметката за платената шепа да се гледа?
    За да добиеш на суд пресудни се две работи. Дали некаде писмено е наведено дека со плаќањето од 1000ден за поставената шепа ти е покриен и паркингот во наредните часа, ако да колку час. Ако не е во нивен правилник запишано усното не држи вода многу на суд. И 2ро дали ја остави на видно место сметката како доказ дека ти е платено. Ако не е оставена ќе ти кажат дека колегите дошле и не знаеле дека е веќе платено.
     
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам дека е добронамерно, ама еве случај знам сам си се застапуваше сам си составуваше тужба, се наоѓаат урнеци ако побараш и знаеш да се снајдеш е сега во консултација и со пријател адвокат за финална проверка се разбира, ама се самостојно беше освен малава проверка.
    Сепак пиша нема познавања членката така да чарето е тоа што си и го пишал.
     
    На Forca и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Не ја оставив. И ова е најверојатно дека се случило ама па логично е да ми кажат такво нешто. Ах каква државичка.

    Да се редактирам. Доколку следната смена виделе дека немам платено паркинг и немам фискална на видно место, нели е логично пак шепа да ми стават? Ве удавив ама не можам да сфатам.
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    5.588
    И мене ми се случи исто,само што ми нагласија остави ова дека си платила за да не дојдат други колеги да ти стават шепа пак.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.