Епа и јас затоа те прашав зошто одма пајак и мене ми е логично канџа да стават пак, а најлогично ми е да дигнат телефон колега количево ова и ова што е работава со него, мислам контактираат меѓу себе. Како и да е трк во општина објасни се дури и со раководителот ако треба се надевам во твоја полза ќе е решено.
Епа не знам каков им е таму редот, јас во Карпош бев, валјда потоа се поминале оние со пајакот или некој ги викнал.
Се надоврзав на овој дел само за општина Аеродром, како и да е објсани и кај едниве и кај другиве ти пишав мене ми нема логика пајак одма, а и по платено и кога ти рекле до кога може да си паркирана таму не ми е логично да ти наплаќаат за било што пак. Може дека не виделе фискална ти пишаа погоре па така постапиле ама кога си платила веќе за услуга што е поентата да ти ја преплатат пак и уште пајак? Ми личи на недоразбирање, ама прашај си секако ништо не губиш.
Здраво на сите Нашата ситуација е малце покомлоцирана, ќе се потрудам да објаснам колку може појасно. Имено, се работи за имотно правен спор меѓу таткоми, бабами ( неговата мајка) и двете сестри на таткоми. Од како почима дедоми она што треба да се подели со оставина е куќата во која мометално живеат мајками и таткоми, куќата во село каде години наназад живеа дедоми и бабами и по некоја нива Да не навлегувам во детали што како било, знаеме дека куќата во град каде живеат моите сакаат и таа да ја делат на 4 делово ( таткоми, бабата и двете сеатри ) Немаме никаков проблем да се подели останатиот имот ма сите наследници но нели не е малце фер и совесно да се дели куќата каде ние сме живееле цел живот, се реновирало , одржувало, плаќало сметки, комуналии , и на сестрите од таткоми ? Сакам да прашам дали знаете во ваква ситуацика кои се нашите права, можносто барем тоа да го добиеме ние ? Да напоменам скоро е невозможно е компромис па ќе мора све судско да се истера. Извинете на долгиот пост.
О господе. И сестрите на татко ти се деца на баба ти и дедо ти. А сметки дека сте плаќале во куќата, па и под кирија да живеевте ќе плаќавте сметки. Судот не работи со фер и нефер туку со документи и докази, ако имаат твоите доказ за вложувања нека си приложат.. Демек татко ти нема проблем останатиот имот да се дели на СИТЕ, а куќата ЗА НЕГО... сите сте лакоми задници...сори на дигресија. П.с. сега правиме оставинска за мајка ми и ама апсолутно се е по пола. Освен одредена сума која мајка ми рекла дека е за 3тр внуки. Е сега брат ми има 2 деца и јас да скокнам и да бидам лаком г'з за да биде "фер" и тоа на пола
Законски им припаѓа на сите четворица. Единствено ако другите се откажат од куќата или да им го исплатите нивниот дел (по 1/4 за секој од вкупната вредност на куќата).
Дали можам да бидам пријавена како вработена на две места? Доколку да, дали треба да барам дозвола од првичната фирма во која сум вработена за да можам да се пријавам и во друга?
Да и да. Може да работиш со неполно работно време во две фирми и така да го пополниш полното работно време од 40 часа неделно. Или пак да работиш со полно работно време во една фирма и притоа да побараш работа со неполно работно време во друга, но тоа не смее да изнесува повеќе од 10 часа неделно. Во овој случај треба да побараш согласност од работодавачот каде што си вработена на полно работно време.
Другарка размислува за развод, ама нема услови за живеење сама. Куќата во која живее со маж и не е на негово име, имаат спрат но не му е препишан. Во брак се три години и има вложувано во куќата. Дали ја следува нешто?
Не може да претендира на право на сопственост, туку евентуално само на право на надоместок на издатоците што ги направила и тоа според правилата на облигационото право. Според законот, доградба или надградба може да се врши само врз основа на детален урбанистички план и урбанистички проект, а вакво право има исклучиво сопственикот односно сосопствениците на постојната зграда кои ex-lege стекнуваат право на сопственост и врз доградбата, односно надградбата. Трети лица кои не се сопственици според законот можат да изградат доградба или надградба само во случај кога сопственикот односно сосопствениците изречно му го отстапат тоа право, за што е потребно да се плати соодветен надомест за правото за градење врз туѓо земјиште. За разлика пак од доградбата или надградбата, во случај на адаптација со пренамена на зградата односно просторијата во нечија корист, лицето кое учествувало во адаптацијата има само облигационо побарување наспроти сопственикот, но не и право на сопственост над адаптираниот простор.
Имам едно прашање до некој што е подобро информиран.Вака мајка ми порачала преку страна на фб облека,и по карго ја добила но нанесто М добила Л големина,и нормално побарала замена за М големина,и испратиле пратка а таа за замена им ги вратила тие со Л големина,кога ја отворила пратката што ја добила како замена имало нешто сосем десетто во неа.Сега прашање ми е може ли да пријавиме и ако пријавиме дали законски може да се тужи или неможе?Облеката е во вредност од 3000 денари .Ве молам за правен совет.
А сега одбиваат да ви ги заменат пак? Може е по грешка пратена и треба да си сносат трошоци за достава за замената. Инаку, може во комисија за заштита на потрошувачите да пријавите ако не ви ги враќаат парите или одбиваат да ви пратат тоа што сте го порачале, или во Ујп за работење со нерегистрирана дејност ако не работат преку фирма туку на црно, секако и фискална сметка ако не сте добиле, може и за тоа да ги пријавите. Пробајте со нив да средите прво, макар и со закани, тужба ќе ве чини три пати повеќе од самата роба.
Не знам дали е за тука ама ќе прашам. Се работи за нова зграда. Во договор и имотен, улицата е бб, а на евн сметките има број. Како да сменам и во имотен? Затоа што зградата сепак има број.
@Mikha4 Веќе три дена пробуваме со се и сешто,ни викаат ти ова си го порача еве ти ја замената,оди пријави не како ќе докажеш дека тие си ги добила кога ние немаме таква роба и неможеме да ви ја пратиме.А облеката е сосема нешто десетто ни на стеаната го немаат иначе се регистрирана фирма,а фискална сметка не добив односно скоро никој од бутициве онлајн не праќаат фискална.Иначе не блокира на фб па повеќе неможеме ништо да им пишеме,бројот телефонски им е исклучен звониме ама џабе.Бевме и во базата на каргото ни викаат ние не сме во пратката внатре да знаеме што имаат,ни пак како сте се договориле,нема како да ви помогнеме.