Секакви ги има, не значи дека сите се лоши, јас барем досега сум имала супер искуство и повеќе преферирам купување онлајн отколку шетање по продавници. @E.s.p.e.r.a.n.s.a позитивното во пазарувањето онлајн е дека нема бегање од лоши критики, посебно што и комуникацијата можеш да ја евидентираш и да си имаш доказ. Доколку немаат опција за оценки на самата ФБ страна, барем можеш да ги раскажеш секаде за непрофесионалното работење, вклучувајќи и на форумов, има тема за Онлајн шопинг и искуства на членки.
Се додека не бидат законите малку појасни за ваква проблематика најдобро е да се избегнува вакво купување, Сумите се не вреди да се тужиш а таквите тоа супер го користат.
Ако има некој адвокат на форумот, ако е расположен би го замолила да ми пише лп, сакам да прашам нешто накратко за оставинска постапка.
@Forca па и другите ме интересира. Што би се случило доколку да речиме Имот - X од вкупна површина 100 квадрати, го делиме на двајца или тројца. Еве да речиме на двајца 50квадрати едниот, 50 другиот. Како функционира тоа? Дали еден со друг може да се оспоруваме забрануваме за било што тука? (иако знам дека е најдобро да се продаде нештото)
Законите се јасни, а исто и процедурите, проблемот е што или не се спроведуваат, или граѓаните не знаат кај треба да се обратат, односно лутаат низ системот бидејќи истиот не е во функција. Стварно не гледам потреба од тужба, кога би функционирале други институции како УЈП, Министерство за економија и слични кои се надлежни.
Ако имотот е стан и не може физички да се подели тогаш со продажба, затоа што на имотен лист ќе бидете 2ца сопственици, доколку имотот може физички да се подели тогаш секој од вас ќе си биде запишан на одделен имотен лист за тие 50м2 кои му следуваат со делбата, и ќе биде единствен сопственик во тој имотен лист. Ако е градежно неизградено земјиште во секој случај може да го поделите физички, без продажба.
Не знаев каде да прашам, па ако не е за тука слободно преместете. Дали обид за убиство е некако правно поврзано со судот и законите? Заведено е во здравството, но прашањето ми е дали и во судот имаат евиденција за тоа?
Да не мислиш самоубиство? Обидот за убиство на друг нормално дека е кривично дело и се води постапка. Обидот за самоубиство не е, освен во случај некој да го поттикне, наведе или да му помогне на лицето што сака да се самоубие, тогаш се казнува поттикнувачот, односно помагачот. Ако лицето само посегнало по својот живот и е спасено тогаш нема кривично дело и нема зошто судот да се меша. Ако мислиш на ова.
Да, на тоа мислев. Ти благодарам многу! Затоа што е направен и записник од полиција, па си реков да не продолжува тоа...
Не знам каде да го поставам прашањето. Сабајлево ми ја испразнија сметката со неколку трансакции. Дали имате искуство со интернет криминал и дали имам некаква заштита и осигурување од банката да ми ја покрие штетата?
Ако плаќаш за осигурување ќе имаш, не знам ни дали постои такво. А од каде ти ја празнат? Ако имаш електронско се гледа трговецот, иначе ќе мора да чекаш до утре да ти кажат од банката.
Ми кажаа каде се направени трансакциите, во странство се ама не знам што ми вреди информацијата и дали можам нешто да направам. Картичката е блокирана сега. Осигурување плаќав некое, нели сега задолжително е кога зимаш кредит ама животно. Мислев дали банката има некоја обврска зашто буквално сите промовираат безбедно штедење, безбедно чување пари итн. Не знам како ми ги украле податоците кога плаќам само на безбедни страни.
Да, ама може некој да ти ја сликне и да си пазарува. Единствено што можеш е да бараш кој ти наплатил и ако се некој легитимен бизнис да ти ги вратат. Обично има опција, отвараш dispute, или директно меил да им пратиш дека не си порачала и зошто ти наплаќаат
Не би се сложила со тебе баш за ова, ни законите се ни процедурите бидејќи кога е правен законот е правен ради реда и е копија на закон од друга држава не затоа што тогаш имало потреба тогаш од него туку затоа што сме сакале да ги модифицираме нашите закони со законот на ЕУ. Но сега кога се повеќе се користи ваков тип на купување излегуваат фалинките од тој закон. Исто така друга работаа е дека и тоа што веќе го имаме како законско решение не се почитува и добро се изигрува.
Би го зела тука законот за заштита на потрошувачите, главната проблематика од оваа материја можеме да ја влечеме од тука.
Не би рекла дека е проблематичен самиот закон, колку што самата комисијата не е ефикасна да одговори на задачата која ја има. Од лично искуство со нив, иако одговараат брзо на меил, од повеќе работи кои ги имам пријавено, пријавив и за фалсификат прехрамбени производи за деца кои сеуште се наоѓаат по полици по супермаркетите. Прво и основно производите немаа декларација на нив, освен што пишува дека се произведени во Кина, никаква друга информација на нив, ниту состав, а личат на позната марка чоколадца. Освен што одговорија дека ќе го разгледаат случајот, исто така пишаа и дека ќе ги проследат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Значи имаме две институции што не им е гајле дека некое дете може и отров да јаде, па што. Пак ќе кажам, законите и да не се во ред, се менуваат по потреба, но и вакви какви што се не се спроведуваат. Може уште сто пати да се сменат, џабе е кога ниту се почитуваат, ниту се превзема нешто околу тоа. Нас нѝ останува упорни да бидеме и да реагираме. Имам приметено општо луѓето им е страв или не им се замара да пријават било што, а тоа е исто како да си соучесник во нередието.
И јас го кажав истото законот не само што не е во ред туку и не се менува никогаш бидејќи тој на големо ги штити крупните. Не реагирањето на институциите е друга приказна со оглед на тоа што знаеме во каква држава живееме. За да успееш и во мај банална работа во државата ти треба адвокат премачкан со сите масти за да успее било што.