За жал ниту едниот ниту другиот затоа што адвокатот и нотарот се должни и одговорни само во поглед на тоа што е запишано во имотен лист тоест дали недвижноста е во ред според имотниот лист, и само на тоа внимаваат (за товар, за стварна и лична службеност). Додека пак купувачот треба да внимава дали се платени сметките и да бара доказ за тоа, истото не е задолжително да биде како одредба во договорот. Сепак скоро секој адвокат во договорот остава ,,скриена" одредба за вакви ситуации кога продавачот тајно го изигрува купувачот. Треба да се види договорот и да се протолкува.
Никој не одговара, требало купувачот да биде проактивен и да си се заинтересира за тоа што го купува. Секој знае дека за имот/ стан/ куќа има сметки за вода, струја, данок на имот. Купувачот може да го тужи продавачот за сметките за струја што тој го платил, не мора да го моли.
Јасно ми е меѓутоа стари луѓе се не им текнало, зошто јас знам со маж ми кога го продававме станот нотарот на нас ни бараше потврда за сметки од струја и вода дека се платени затоа прашав зошто адвокатот или нотарот немаат побарано.
Во пракса да може да побараат, законски немаат должност. Единствено ако не сака да плати продавачот да го тужат им останува.
Дали за давање исказ во својство на оштетен е неопходно лицето да има адвокат се работи за кривичен предмер сообраќајка лицето нема оштетени побарувања?
Нема потреба да има адвокат, но ако го прашаат дали останува кон кривично гонење да каже да, а оштетни побарувања не штом нема побарување за надомест на штета.
А нели треба пред да биде повикано лицето да даде исказ во суд да даде исказ во обвинителство во устражната постапка?
Сакам да прашам нешто и кој може да ми помогне. Купен е имот од чист имотен лист, префрлено средено се до новиот соптвеник, е сега претходно сопственикот го продавал имотот на друг, но договорот не бил реализиран или исплатено до крај. Нема ништо законски направено ни договор ни нотар ништо. Сега стариот сопственик кој го купувал без никаков правен документ , не го напушта. Кој е начинот да се отстрани стариот сопственик од имотот кој не го поседува. Секако новите сопственици се со чист имотен лист.
За почеток преку вашиот адвокат ќе поднесете опомена до лицето кое е вселено во ваш имот да се исели и ќе му дадете разумен рок од 20 до 30 дена да го напушти вашиот имот, доколку и понатаму не постапи по опомената ќе си повикате полиција на лице место во вашиот имот и ќе барате да ги исели од вашиот имот, доколку и тоа не успее бидете приморани по судски пат да барате иселување на лицата.
Тужба за исселување од недвижноста. Пратете им прво една опомена за во даден рок да го напуштат имотот, во спротивно поднесете тужба врз основа на имотен лист. А не го видовте имотот пред да го купите? Дека има други таму?
Vidovme... Sopstvenikot kazal deka tie nemaat nikakvo pravo za da go koristat imotot. Mnogu godini ne bil na imotot, a mislel deka tie odamna go napustile.
Зависи тука колку е мн години. Може да се искомплицира ситуацијата затоа што непречено го користат имотот. Плус дали зел пари од нив и дали им ги вратил. Барајте од стариот сопственик да си го реши проблемот, не може ист имот да продава 2пати, заканете му се со тужби, да си го реши проблемот тој бидејќи платено му е се.
Ако не се лажам имаше некој закон кој заради живеење мн. години и вложување во имотот нив им дава предност при купопродажба така? Иако во ситуацијава новите сопственици се легално си имаат црно на бело па овие жителиве ништо не можат да оспорат, сепак со опомена за иселување некако како што и пишавте најрегуларно ми делува.
Затоа реков зависи колку време владеат, можат да прават проблеми на суд. Ништо останува само да тужите, полицијата не е надлежна за ова.