Кои компликации делува дека ќе имаат вака од страна читано. Мене ми е многу нелогично се ова, сопственикот легално им го продава тие плаќаат иако знаат други дека живеат таму, со која цел плаќале пари за нешто што не е слободно и не знаат кога би се ослободило за населување @Gaga29 ? Зошто избрзале, бар да плаќале делумно и крајна исплата кога ќе е даден клуч на рака, повеќево купувачи на имот така се договараат, зошто вака се изиграле самите?
Nz na koj nacin me razbra, znaci imotot e preveden od prviot sopstvenik, ne ziveaat sega doagaat i kazuvaat deka e nivno, bez nikakov praven dokument na niv im bil ostaven vo vladeenje.
Ова ми делува како некое фамилијарно недоразбирање, мислам меѓу првиот и вториот купувач инаку како тие ќе дојдат и ќе велат нас ни припаѓа, врз која основа, како тоа платиле не доплатиле немат никаков имотен лист а смеетат дека е нивно. Инаку за тоа право на владеење не сум сигурна но мислам дека се стекнува и ако си бил пријавен на таа адреса а не само да си живееш таму.
Првично разбрав дека тие веќе го користат имотот и живеат таму , така да над 10 години непречено користење и владение плус па ако се дале и пари може да биде основ да тужат за сопственост. Ако немаат документ, може е усмен договор, ама битно е ако тие го владеат имотот без пречка ако е над 10 год. Штом е така @Gaga29 нека си ги решат недоразбирањата со претходниот сопственик. Сменете си брави. Многу е битно кој го владее имотот. Доколку вие си имате клуч или доколку е земјиште да го користите вие, нема проблем.
И јас така ја разбрав дека другиве живеат таму, имаше пишано дека сопственикот кога го продавал мислел тие се заминати веќе, самото тоа се заминати укажува дека живееле/ живеат. Ама сега сосем друга перспектива се отвара дека не живеат туку само се бунат и пререкуваат. Што пак ми е чудно ако имам исправни документи црно на бело, клуч на рака, кој колку сака нека се буни си влегувам си го адаптирам по мои потреби и се населувам. Ама се ми личи дека ако не живеат другиве има нивни ствари, поточно си го запоседнале и користеле претходно ако не сега и да битно е тоа што си навела колку години го владееле имотот и каков вид е договорот, макар и усен меѓу нив и овој втор пат што го продава. Многу компликации за имот за кој во денешно време можеш да бираш каков ќе го купиш и за која пара и одма да си е твој, целосно. Многу нејаснотии има овде и неразрешени ситуации.
Да во послено време многу вакви ситуации се случуваат. Ти може да го имаш црно на бело имотот ама пак да имаш проблем еве со владение. Може тие луѓе исто се дале пари па да се искомплицира. Многу треба внимание кога се купува имот. Од чист имотен лист, и тоа 24 часа пред склучување на договорот кај нотар. Проверка на сите давачки и комуналии дали се исплатени со последни сметки на увид. И најбитно според мене, продавачот да ве воведе во владение. Што значи тоа, да ви даде клучеви, да ви ги отвори и покаже сите делови од имотот, да си влезете и да си видите. На нотар клучот на рака, или со стриктно наведена клаузула кога да се испразни имотот на пример за 1 недела. Вакви имоти никогаш не би купила макар испод цена да ми ги даваат со вакви перипетии, продавав па не продавав, мислев не се таму ама таму се, не благодарам. Ќе си купам од таму каде што веднаш ќе ми дадат клуч без дополнителни главоболки. И што сега како пример кажат ние вложувавме, или парите не ни се вратени, капар или било што. И усмен договор е сепак договор.
Mislam deka nema osov za sudska postapka i nemoze da izleze izvrsitel, kako sega jas so cist imoten list da vodam sudska postapka za moj imot. Sto nekoj se pravi vladetel bez nikakov praven dokumet. I go steknal so vladenie a ne sedi nitu e napravil nesto za imotot uste i steta ima napraveno.
Знам, затоа и јас и ти потенциравме и усмен да е договорот има валидност, а и плус ако докажат дека долгорочно вложувале во тој имот, тешко на купциве што избрзале и се зафркнале вака.
Така ќе си водиш судска постапка ако сакаш на чисто да си влезеш во имотот. Знам што сакаш да кажеш, многу непријатна ситуација, ама тука е крив продавачот што така им замачкал очи на купивачите и купувачите што слепо му поверувале. Убаво пиша @violetblue на што треба да се внимава при купување на имот, ама вака како личностиве што ги опишуваш многу се залажуваат и залетуваат дека по багателни цени се продаваат ваквите објекти со неразрешени имотно-правни односи до крај. И на крај евтино, евтино ама боли глава од судски трошоци.
Зошто мислиш дека усмен договор има важност? Дедо ми мене ми кажа дека куќата ќе ми ја даде па после на друг ја префрли, и сега чија е? Пред се во нивната ситуација оној што продавал е жив и тој треба да објасни што ветувал и каде е проблемот. А тие другите без документ ништо не можат од искуство ти го кажувам тоа, за право на владение има многу работи во работите не се стекнува тоа туку така.
Ако се над 10 години таму или 5+ и имаат направено вложување во станот можат да бараат да им се признае мирен посет и да бараат на нив да се пренесе станот. Во големи проблеми и огромни и долготрајни судски постапки треба да влезете во кој исходот е многу неизвесен. Затоа најдобро седнете заедно вие, претходниот сопственик на станот и лицата кои реално сметам дека веќе имаат мирен посед на станот и да се договорите некако како луѓе во спротивно сте во незавидна ситуација и може да ги изгубите и парите и станот а потоа во нова судска постапка со неизвесен крај да барате стариот сопственик да ве исплати.
А @violetblue ќе ја прашаш зошто и таа мисли така и таа рече исто за договоров? Не бидете буквалисти со ова, па пример дедо ти што ти кажал, и мене татко ми кога беше жив ми кажа кој дел од имотот го планира за мене, па после се договоривме со др.членови дома друг да е на мое име. Нејсе, мислевме на усмен договор, можност капар да оставиле или не знаеме детално како се договориле првиве станари со газда. Иначе еве кај лежат понатамошните проблеми, не е се во усно кажаното или ветеното ова е проблем, убаво стручно објаснила членкава:
Има луѓе кој живеат под кирија 5+ некој се со договор некој не, и тоа значи дека ти се стекнуваат со право на владение? @Gaga29 ако сакаш конкретни совети кои можат да ви помогнат дај повеќе информации, кој се луѓето во каква врска се со оној што го продал имотот, дали биле пријавени на таа адреса претходно, колку долго живееле таму, вложувале ли, имаат ли воопшто било како договор за местото?
Ako ima imoto sopstvenik nz dali se steknuva, ne e bas taka. Da e drzaven imot mislam ima pogolemi sansi.
Грешка си, оние кој се со договор јасно пишува дека се на привремо користење одредено со рок од сопственикот, а они кои се без договор не можат ни да се водат на таа адреса така да нема ни како да докажат дека живееле таму.
Да ама тие што се со договор за закуп или по наше кирија, ама тие што се на диво може да бараат мирен посед со сведоци и тн. Нашиот закон е премногу нејасен и само да имаш среќа да не влезеш во такви лавиринти инаку се може.
Навистина ме интересира ова, затоа ако можеш би сакала да ми објасниш ако некој е на диво, тој не може ни да се пријави на таа адреса, ако не е пријавен на таа адреса врз основа на што ќе бара да добие посед ако веќе имотот си има сопственик, а се разбира не градел не вложувал?
Тоа се вика мирен посед лицето што живее на таа адреса може да докаже на неколку начини дека е тука и престојува со сведоци, со некои фактури за извршени услуги како од молерисување реновирање и сл каде што ќе стои дека × особа на тој датум платила за нешто. За тоа постои уште еден услов во тој период сосптвениот на станот да нема никаква писмена трага дека барал иселување на тие лица кои да кажеме наводно се противправно вселени тука со што после период од 10 години ако нема вложување имаат право да бараат и веќе имаат стекнато мирен посед.