Се стекнува со право со тоа што се смета дека сопственикот се откажал од имотот штом во тој период не направил ништо да ги исели доколку се против правно таму.
Ако не живее тука што е проблемот тогаш? Ако има само мебел изнесете го мебелот и вие влезете си внатре.
Земете изнесето го мебелот. Ако има клучеви смените брави и завршено. Што толку комплицирате штом имате имотен лист, а тој не живее таму.
Право на владение може да се стекне со судска пресуда, но право на владение не е сопственост. Оставете судови, адвокати, ако сте единствени сопственици единствено со полиција треба да ги отстраните од имотот. Ако од една станица не соработуваат, јавувајте се по централи, внатрешни контроли, правете притисок секаде каде ќе стигнете. Освен ако не сакате поклон да им ја оставите на узурпаторите.
Не е надлежна полицијата за ова. Прво у полиција ќе те прашаат кој им дозволил да имаат мебел таму. И како имаат мебел ако е твој имотот. Понатаму за се ќе те упатат на суд. Тие единствено можат да идат како асистенција ама при судска одлука. Штом им е пратена опомена а не го ослободиле станот од премети во дадениот рок, почнете да им ги изнесувате надвор, валјда ќе си ги земат. Или ставете ги сите нивни работи на куп во што знам подрум/гаража сменете брави и готово. Јас искрено би му се заканувала на продавачот. Не ме интересира мене ток дали е бил овде или во странство, сум му дала пари чисти и сакам да добијам чист имот, неговите нерасчистени односи со трети лица да си ги решаваат под итно без да ми попречуваат на мене. Најголема вина овде има продавачот. Тие луѓе сигурно се биле вселени таму со некаква согласнот за да имаат ствари таму.
Не е надлежна ама дава одлични резултати кај некои луѓе кога ќе им тропни полиција на врата било за вакви работи или должничко доверителски односи и сл.
Ако имаш ти имотен лист за каков мебел ќе ја интересира полицијата. И како не е надлежна кога ова е навлегување во туѓ имот, зар за крадци кога влегуваат прво на суд се оди? Ако било вака тешко, секој може да ми влезе дома, да стави маса, столче и никому ништо.
Па не е баш така, си имаат нерасчистени односи со продавачот очигледно. Штом имаат недоразбирања сега. Што ако хипотетички и тие дале капар? Плус не влегле насилно. По закон а и во пракса ниту една полиција нема да интервенира за ова. Сигурно другите лица имаат нивна сторија, што се случило. Неповрзано директно со ова, ама не толку оддамна имаше афера на двојно продавање на станови. Епа имаа нели договори и двајцата купувачи, истиот стан продаден на двајца купувачи, така да во вакви имотно правни ситуации полицијата упатува да си се решат на суд.
Кој закон е тој? Тие што си седат таму, немаат никаков правен основ. И ако нелегално некој запоседнал туѓ имот кој е надлежен ако не полиција?
П Па не е нелегално, кажа членката дека тие претходно имале некој договор со продавачот. Само тој договор според продавачот не се реализирал, според нив може да. Збориме сега на памет од неколку реченици опис на настанот. Не е дека баш дошле си влегле, онака, без никаква дозвола. Значи постоело нешто помегу нив и продавачот е сега што и како се случило тоа не знаеме. Да надополнам надлежна е ако јас после 1год си дојдам дома и гледам некој се вселил вртам 192 и велам си дојдов дома по 1год разбиена ми е вратата и има крадци овде.
Ако имале они нешто валидно со претходниот сопственик, а валиден документ за да живееш на некоја адреса е имотен лист или договор за кирија, ќе имало пречки за да биде имотот продаден на прво место.
Здраво. Сакам да го прекинам договор за издавање на стан. Газдата не ми дава да го прекинам договорот бидејќи сака да платам и за наредниот месец откако веќе ќе бидам отселена. Во договорот стои дека може да ми го земе депозитот ако го прекинам договорот, но не и дека треба да му платам кирија за следниот месец. Дали некоја имала некое вакво слично искуство? Дали може да има некои правни последици од ова?
Остајте му го депозитот како што е наведено во договорот, не му плаќајте кирија за нареден месец, сепак видете во договорот дали има одредби при предвремено раскинување на договорот доколку договорот е склучен на одредено време, во спротивно може да ви бара надомест на штета за предвремено раскинување на договорот. Затоа најдобро е да имате изјава од негова страна дека сте согласни меѓусебно да го раскинете договорот. Ако ве интересира нешто конкретно во врска со ова пишете ми порака.
Дечки здраво. Не можев да најдам слично во законите, а искрено не знам ни каде е веродостојно, па имам едно прашање. Дали ако на адреса на фирма има регистрирано нон-профит здружение, фирмата има некакви поволности? Фала
Мислиш на физичката адреса или ако фирмата има улога како основач на тоа здружение? Како и да е, во двата случаи нема поволности.
Да прашам ако може да ми одговори правник дали според напишаното ќе имам проблем ако почнам да работам во друга фирма што се занимава со иста дејност потполно иста работа? Кај нив работев 1 месец (Октомври) ми истече договорот и напуштив.
Ако ти си дал отказ, не смееш да работиш за конкуренцијата. Штом ти истекол договорот значи не е по твоја вина и не важи овој член во тој случај. Работи си каде сакаш.
Не дадов отказ само кога ми истече договорот им кажав дека не сакам да ми го продолжуваат. Ти благодарам на одговорот.