Законски рок е тој што го пишува на фактурата, треба на секоја да има наведено. @Fantasy33 првпат слушам да застарува фактура, и да има такво нешто фирма која работи без проблем ќе си го наплати долгот преку адвокат, извршител или нотар и еден ден да касни должникот.
На ова мислев. Секако дека ќе се преземат дејствија ако се закасни, ама формално во законот постои одредба за застареност на сметките.
Да, само во овие исклучоци и ако случајно не ти ги побараат, инаку ќе платиш трошоци и за наплата плус.
Правник или некој што знае ,за отказ од работно место со 20 години стаж ,дали следува опремнина од 6 плати од фирмата,и дали може тоа барање да го оспорат,по закон писува дека следи? Треба ло договор?
Не напоменав фирмата остана во долгови кон државата. На годишната листа на должници од ујп ме немаше ,ниту како физичко ниту како правно лице. Дали тоа значи дека може да сум спокоен или треба во ујп да одам?
Здраво, дали некој знае колку време трае процесот од поднесување на документи додека градбата не биде легализирана? Ми кажаа дека може да чекам со години па ако некој знае го молам да ми пише
Здраво, дали некој знае колку време трае процесот од поднесување на документи додека градбата не биде легализирана. Ми кажаа дека може да чекам со години па ако некој знае го молам да ми пише
Процесот во институци кои си ја работат работата би одел максимално два до три месеци, но со таквото неажурно работење премија е да завршиш работа од до 3 години. Ако немаш врски нема побрзо и се ќе ти е џабе, затоа ако имаш можност активирај се од Шуто до рогато.